„Христе, Кој ги држиш краиштата на светот, доброволно си прифатил да бидеш држан од гробот, за да го избавиш човештвото од проголтувањето адово и, како Бог бесмртен, откако ќе воскреснеш, и нас да нè оживиш“ (тропар на пророштвото од Утрена на Велика Сабота). 

 

На Велики Петок вечерта, кога всушност ја пееме Утрената од Велика Сабота, го прославуваме телесното погребение  и слегувањето во адот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, каде и на оние кои од дамнини Го чекаа спасението, им беше проповедано Словото Божјо. Бог слегува во адот, со Својата обожена душа, а со Својата божествена природа Он седи заедно со Отецот и светиот Дух. 

 

На овој свет ден, на 10.04.2015 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба на која се пее Опелото Христово, а на со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Роберт Илијевски и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На соодветното место беше извршена и литијата, односно трикратното опкружување околу храмот, кое го симболизира Христовото погребние. Се поклонуваме на Твоите страдања Христе и го чекаме Твоето свето Воскресение

bridgemedia | Nike Shoes

 

velpetvec2015 1

velpetvec2015 2

velpetvec2015 3

velpetvec2015 4

velpetvec2015 5

velpetvec2015 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6