Измачен, плукан, тепан, исмејуван, навредуван, распнат, па дури и со копје прободен, Христос го предава Својот Дух на Отецот и слегува во адот за да го објави доаѓањето на Царството небесно и на мртвите, та да ги ослободи и нив од вечните маки, а сето тоа се изврши во петок.

Best Sneakers | Nike Air Max 270

Затоа и страдалните богослуженија продолжуваат на Велики петок изутрина, кога се читаат Царските часови и се служи вечерната служба, но и повторно преку светите Евангелија се потсетуваме на Крстот, смртта и погребението. На овој ден се вади и плаштаницата и се поставува  на претходно подготвена маса која го симболизира гробот Христов, заедно со Евангелието и крстот и се попрскува со мириси. Верниот народ се поклонува и ја целива плаштаницата.

На Велики петок  (22.04.2011), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј присуствуваше  на богослужбата во храмот „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид и заедно со свештенството и верното паство се поклони на светиот гроб Христов и ја целива светата плаштаница.

velpetut2011 2

velpetut2011 4

velpetut2011 6

velpetut2011 8

velpetut2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6