„Твојот извор, Дево, сите ние го гледаме како нов Силоам кој ослободува од болести, бидејќи на слепиот му се враќа видот, и сите ние примаме здравје за нашиот живот, постојано“ (песна од канонот на Петок од Светла седмица).

 

Во Петокот од Светлата седмица, на 17.04.2015 година, во денот кога си спомнуваме за сите чудеса, кои Богомајката ги направила за сите кои побарале нејзина помош, но и кои постојано ги прави за нејзините верни чеда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Nike, adidas, Converse & More

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри!

 

Пред една седмица, нашата св. Црква нè повикуваше на Голгота. Нè повикуваше да ги созерцаваме страшните и искупителните маки, страдањата и распнувањето на крст на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Како што знаеме, од преголема љубов и жал за човечкиот род, Господ Исус Христос доброволно го зеде Својот крст и се искачи на Голгота. Се искачи онаму каде што беше распнат и со Својата пречиста Крв го искупи севкупниот човечки род од гревот, од страдањето и од вечната погибел. Во овој тежок момент, сите Негови следбеници, па и саканите апостоли, од страв, се разбегаа. А некои, пак, дури се откажаа и одрекоа дека не Го познаваат. А сето тоа страха ради Јудејска. Под крстот останаа само Неговата пречиста мајка и св. Јован Богослов, Неговиот сакан ученик. Неговата пречиста мајка, ги преживувала најтешките мигови во нејзиниот овоземен живот, гледајќи Ја својата Рожба како невино страда, како што вели црковната песна: Оружје ја прободе нејзината душа. Од светиот крст, таа ги слушнала утешителните зборови на нејзината Рожба: Не ридај мене мати, зраште во гробе, востану бо и прославјусја – Не плачи за Мене мајко, гледајќи Ме во гробот. Ќе станам и ќе се прославам. (Канон на Велика Сабота).

Денеска, пак, по една седмица, нашата св. Црква повторно нè повикува, но овој пат, да се радуваме и да се возвеселиме. Да се радуваме, бидејќи Господ Исус Христос воскресна и постана нов извор на живот за секој којшто верува и кој се надева во воскресението на Господ Исус Христос. Заедно со Господа Христа, се радува и торжествува, и Неговата пречиста мајка, која постанува животочен извор за вечен живот. Денеска светата Црква го прославува и животочниот извор, кој се наоѓа во непосредна близина на Цариград, а кој е посветен токму на св. Богородица, на онаа којашто е животочен извор. Како што природните реки и дождови ја гаснат жедта на луѓето, на полињата, на градините, исто така, и духовниот извор ја гаси духовната жед кај луѓето и истите ги мие, ги очистува од секакви духовни нечистотии и ги напојува со жива вода. Со жива вода која никогаш не пресушува и која постојано ја гаси жедта. И ние денес, кои сме собрани во оваа св. Црква, посветена на светата мајка Божја, да се обратиме со искрена молитва кон св. Пречиста. Таа нека биде наша молитвеничка, заштитничка и ходотајственица пред Севишниот Господ, та да ни се зацврсти верата православна. Да ја умножиме љубовта Христова помеѓу нас. Да одиме по вистинскиот пат. По патот којшто го проповеда и порачува светата Православна црква. Па да можеме да се напиеме од животочниот извор на светата Мајка Божја и така, духовно поткрепени, да можеме да одиме кон вечен и блажен живот со Воскреснатиот наш Спасител Господ Исус Христос.

Честит празник. Христос воскресе!

 

Источен петок – Балаклија
17. 04. 2015 год.
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" - Охрид

 

istpet2015 1

istpet2015 2

istpet2015 3

istpet2015 4

istpet2015 5

istpet2015 6

istpet2015 7

istpet2015 8

istpet2015 9

istpet2015 10

istpet2015 11

istpet2015 12

istpet2015 13

istpet2015 14

istpet2015 15

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1