„Мироносиците, кои рано наутро дојдоа и гробот празен го најдоа, на апостолите им говореа: Силниот ја порази распадливоста, и оние во адот ги избави од оковите. Со смелост проповедајте дека воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува милост голема“ (седална стихира на Утрена на Недела на жените мироносици).

 

На 26.04.2015 година, во Третата недела по Пасха или Неделата на жените мироносици, беа осветени Источниот и Горниот палат во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, кои пред нешто повеќе од пет години целосно изгореа во големиот пожар, кој го зафати ова наше светилиште. Но, оваа трагедија не беше причина за очајание за монашкото братство, на чело со  нивниот игумен, архимандритот Партениј, Напротив, оваа разорна стихија уште повеќе ги зближи браќата на духовен план, издигнувајќи го во нив духовниот живот на уште едно повисоко ниво. Нивниот заеднички, пак, труд, денеска може да го видиме во сега уште поунавите реконструирани и новонаправени конаци, кои заблескаа во уште поубав сјај, не оставајќи го рамнодушен ниту еден верник, политичар, дипломат и секој еден посетител на Бигорската обител.  

 

Осветувањето започна со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, еромонасите Доситеј, Макариј и Никанор, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконите Ратомир Гроздановски, Дени Насков, Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати со пригодна беседа кон неизбројниот верен народ, а потоа свештенослужителите, заедно со верниот народ, излегоа во дворот на манастирот, каде што беше извршен чинот на Осветување на конаците.

Best jordan Sneakers | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

Се разбира, дека манастирските конаци нема да беа тоа што се, доколку ги немаше и штедрите дарители и помагачи, кои на еден или друг начин се вклопија во обновувањето на конаците. Затоа и од Бигорскиот манастир беа подготвени специјални одличија „Претеча“    

  • Неговата екселенција, г-дин Ѓорѓе Иванов, Претседател на Р. Македонија
  • г-дин Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Р. Македонија
  • г-ѓа Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на РМ
  • г-ѓа Наташа Стоиманова, Државен секретар
  • г-дин Никола Груевски, Претседател на Владата на РМ
  • г-дин Зоран Ставрески, Министер за финансии на РМ
  • г-дин Миле Јанакиевски, Министер за транспорт и врски на РМ
  • академик д-р Жан Митрев
  • г-дин Мартин Протуѓер
  • г-дин Кирил Божиносвки
  • г-дин Оливер Шамбевски
  • г-дин Александар Спасеновски
  • г-ѓа Анета Стојановска-Стефанова
  • г-дин Иво Јанкоски
  • г-дин Атанас Цветковски
  • г-дин Андреј Куку, Лукоил
  • г-ѓа Маја Чаначовиќ, Македонска филхаромонија
  • г-дин Мукрем Мехмеди, Градоначалник на општина Маврово-Ростуша
  • г-дин Онер Јакупоски, Директор на ЈУ НП „Маврово“
  • г-дин Ахмеди Зењељ
  • Полициска станица Ростуше
  • г-ѓа Ѓурѓица Лековска
  • г-дин Мише Клењовски
  • г-дин Вељо Ангелкоски
  • г-дин Предраг Мојсоски
  • г-дин Младен Матески
  • г-дин Сашо Наумоски, Витаминка Прилеп
  • г-дин Петре Русески, Русески ДООЕЛ
  • г-дин Момчило Ивановски, Бонум
  • г-дин Бранко Дамјановиќ, Жито полог
  • г-ѓа Елпида Димитровска-Крстевска, Транскоп Битола
  • г-дин Сашко Андреев, Макпромет
  • г-дин Живко Мукаетов, Алкалоид
  • г-ѓа Елена Пандева-Китрозовска, Елена Лука
  • г-дин Трајко Леов
  • г-ѓа Виолета Јованоска
  • г-дин Русе Петрески
  • г-дин Владимир Локвенец, Колгејт Палмоливе
  • г-дин Владимир Димовски
  • г-дин Јохан Тарчуловски
  • г-дин Панајотис Сомалис
  • г-дин Киро Кипроски
  • г-ѓа Викторија Дулгерова
  • г-дин Таки Стерјо
  • г-дин Јован Јовановски
  • проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ
  • г-дин Ламбе Алабаковски
  • г-дин Борис и г-ѓа Живка Фидановски. 

 

Заради своите заслуги, благодарници од Бигорската обител добија следните лица: Искра и Владо Лековски, Тихомир и Калина Јакимоски, Ангеле и Марија Мицевски, Марјан Тошески (Нова Градба), Искра Ветаџокоска Муцунска (Виталија), Боро Хрисафов (Цементарница „Титан Усје“), Дојран Стил, СИЗ Македонија Америт, Хари Локвенец, Живко Пандев (Жикол), Благој Илиевски, Младен Боѓкоски (Грациа), Тихомир и Душанка Бојаџиеви, Синпекс, Синтек, Мебел инженеринг Штип, Јорданчо Велков (Дизајн фантази), Милка Симоновска (Симилак), Дончо Манасијев, Дане Делов (Салмак), Град Скопје, Општина Битола, Општина Охрид, Општина Прилеп, Тодор Деловски (Кнауф), Маргарита Столеска, Јонче Николоски, Дејан Симоновски (Дема стил), Миле Алексоски, Серафим Илковски (Енергомонт), Слободан Мицковски (Енергомонт), Димитар Андоновски, Васко Павлевски (Горила продукција), Џико инженеринг, Љубомир Славковски, Викторија Чалоска (Клиника за гастроентерохепатологија), Милица Ѓорѓиевска (Пекара Специјал), ЕМО Охрид, Илче Милески, Сашо Стојчев (Клиника 8-ми Септември), Мермерен комбинат Прилеп, Лабараторија Авицена, Илија Ѓорѓиевски (Мистер Фруит), Трајче Дамјаноски (Мистер Фруит), Емил и Зорица Ташевски, Владо Јовановски, МРТВ, Петре Никола, Ацо Стерјо и Тони Стојановски. 

 

Свои поздравни говори на оваа голема свеченост имаа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, како и надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, чиј говор интегрално ви го пренесуваме, а Митрополитот, во името на монаштвото, свештенството и сите верници од нашата епархија, му подари на архимандритот Партениј граден крст, за неговите заслуги во возобновувањето на монашкиот живот во ова наше светилиште.

 

Митрополит Тимотеј

 

Овој е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него (Пс. 117, 24).

 

Ваше блаженство, Ваши високопреосвештенства, почитувани претставници на власта, ваши високопреподобија, пречесни отци и драги браќа и сестри,

 

Наоѓајќи се во овие Пасхални радосни денови, кога сета вселена, со сите созданија Го прославува најголемото собитие во историјата на човечкиот род, светлото и победоносно Христово Воскресение, и ние денеска имаме повод и причина да се радуваме и да се веселиме. Наоѓајќи се во оваа свештена македонска лавра, богата со илјада годишна традиција, а посветена на светиот Јован Крстител и Претеча Господов, попознат како Бигорски манастир, денес нè собра во неговите свети прегратки. Нè собра за најпрво да го прославиме Господа Бога, а потоа и да го осветиме новоизградениот источен, како и возобновениот северозападен конак или познат како Горни палат. Како секоја институција, која има долга историја, има периоди на искачувања и на паѓања. Овој непишан закон, не го заобиколил ни Бигорскиот манастир. Тоа се случи на 30 септември 2009 година, кога огнените јазици го проголтаа Горниот палат. Тука должни сме да искажеме благодарност на сите оние што се ангажираа и дадоа сериозен прилог, нештедејќи се себеси гасејќи го пожарот и зачувувајќи ја неоштетена црквата. Во тоа се вгради и месното население, како православното македонско население така и Македонците со исламска вероисповед.

Ние, да искажеме благодарност на Господа, што сме генерација која учествува во неговото процветување, обновување и што е најважно, живеење според редот и поредокот на еден жив и дејствујушти манастир.

Како архиереј на МПЦ – ОА, со работно и животно делување скоро 34 години на овие простори, имам спомени за временски период кога овој манастир беше сè друго, само не она што треба да биде и за којашто цел и намена истиот е подигнат. Но, тоа е историја која треба да се забележи и да не се заборави. Да не се заборави за да не се повтори. Но, ние денеска, учествуваме во негово ново светло. Изграден, возобновен, украсен, како со своите прекрасни архитектонски решенија, така, уште повеќе го красат и гордеат живите монашки ликови. Оние кои се подвизуваат, се молат во него, како за своите души, така и за македонскиот и за сиот христијански род.

Би биле несправедливи, ако во оваа прилика не го истакнеме значењето, улогата и огромниот придонес на архимандритот Партениј. Тој како игумен на оваа света обител, со неговото братство, кои веќе 20 години се подвизуваат тука и се вградија како живи камења во возобновувањето на оваа свештена обител. Ја користам оваа прилика, најискрено да му се заблагодарам за неговиот труд и за неговиот придонес во заживувањето на ова наше светилиште. Исто така, искажувам благодарност на Владата на Р. Македонија, особено на Министерството за култура, кои дадоа материјална помош за возобновувањето на овие конаци. Исто така, не помала благодарност, искажуваме и кон сите донатори, приложници, благоукрасители, помагачи и посетители на овој свет манастир, чиишто имиња се запишани во Вечната книга на Севишниот, Кој сè знае и сè гледа.

На крај им искажувам топла благодарност на Неговото блаженство, на браќата архиереи, на свештенослужителите кои одвоија од нивното време и денес дојдоа со нас да ја споделат и да ја збогатат оваа ретка свеченост, а преку тоа да дадат свој влог во разубавувањето и во историјата на оваа света обител.

Топла и искрена благодарност ви искажуваме и на сите вас браќа и сестри, коишто дојдовте денес во овој свет манастир и зедовте учество во оваа манастирска свеченост. На сите што помогнале, им посакуваме Семилостивиот Господ, стоструко да им возврати со благослов и благодет, а за спасение и вечен живот на нивните души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Недела на Жените мироносици
26. 04. 2015 година
Манастир „Св. Јован Крстител" - Бигорски

 

osvetuvanbigor

osvetuvanbigor 1

osvetuvanbigor 2

osvetuvanbigor 3

osvetuvanbigor 4

osvetuvanbigor 5

osvetuvanbigor 6

osvetuvanbigor 7

osvetuvanbigor 8

osvetuvanbigor 9

osvetuvanbigor 10

osvetuvanbigor 12

osvetuvanbigor 11

osvetuvanbigor 13

osvetuvanbigor 14

osvetuvanbigor 15

osvetuvanbigor 16

osvetuvanbigor 17

osvetuvanbigor 18

osvetuvanbigor 19

osvetuvanbigor 20

osvetuvanbigor 21

osvetuvanbigor 22

osvetuvanbigor 23

osvetuvanbigor 24

osvetuvanbigor 25

osvetuvanbigor 26

osvetuvanbigor 27

osvetuvanbigor 28

osvetuvanbigor 29

osvetuvanbigor 30

osvetuvanbigor 31

osvetuvanbigor 32

osvetuvanbigor 33

osvetuvanbigor 34

osvetuvanbigor 35

osvetuvanbigor 36

osvetuvanbigor 37

osvetuvanbigor 38

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1