„Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне.“ (кондак на Велика сабота).

Во оваа света и Велика сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој го избави човековиот род од оковите на смртта. Ова е ден на тага, но и ден на радост, зашто Христос „со смртта смртта ја победи“.

affiliate tracking url | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

Поради гревот и престапот, радосниот ден на создавањето стана денот на смртта.  И самата творба потчинувајќи се на ништоста стана смрт. Но, Христовата смрт го воспоставила седмиот ден, правејќи го ден на повторно создавање, преку превозмогнувањето и уништувањето на она што овој свет му беше направено со триумфот на смртта.

На 22.04.2011 година, на Велики петок навечер, денот кога го оплакуваме Христа, се служи службата од Велика сабота. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј служеше во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, во сослужение на свештениците од кичевското архиерејско намесништво, протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештеник Ристо Камбуроски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј му се обрати на многубројниот верен народ со пригодна беседа кој интегрално ви ја пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква денеска си спомнува за погребението на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Го гледаме мртов и без дишење. Додека беше жив, Тој не бараше илјадници легии  ангели и архангели за да се брани од непријателите, од оние што Го заковаа на крстот и се исмејуваа со Него. Откако е мртов, Тој внесува страв во срцата на гонителите и им приготвува беспокојство на книжниците, фарисеите и властите јудејски. Тие се плашеле Он да не воскресне, онака како што порано зборувал или, пак, да не го украдат Неговите ученици мртвото тело. Затоа го замолиле Пилата и добиле од него одобрување Неговиот гроб да го запечатат и да постават стража пред него.

Во историјата на светот има многу значајни луѓе. Историјата бележи секакви таленти: завојувачи, освојувачи, управители, пронаоѓачи, мислители, философи, оратори, искусни мајстори, покорувачи на луѓето и со зборови и со дела. Но, поминало време и сето тоа исчезнало и од нив нема ниту трага, ниту глас. Сите тие се стопиле како снегот од сонцето и цветот што процутува и дувне ли над нив ветер, и веќе ги нема, и местото веќе нема да се познава (Пс. 102, 16). Тоа што се случува денес е неспоредливо со ништо во историјата, но веќе утре станува обично: големото - мало; важното - второстепено; незаменливото - непотребно. Се сè претворило во трулежност, во прав и пепел и само единствениот Човек - Богочовек постанува вечно неизменлив, нескршлив и непобедлив. Апостолот Павле вели: „Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови“ (Евр. 13, 8). Зашто ние се сеќаваме како Он уште како дете во Ерусалимскиот храм ги зачудувал старите јудејци и како тие се восхитувале на Неговото знаење на Законот и прописите на Светото Писмо. Ние се сеќаваме на Неговите многубројни чуда и како луѓето се восхитувале на силата со која многумина излекувал од најразлични болести: слепи прогледувале, куци проодувале, прокажани се очистувале, умрени воскреснувале. Во Него е светот на мирот, во Него е славата Божја, во Него гледале величие на небото. Он бил, е и ќе биде незаодното Сонце за сите векови и за сите поколенија. Секој еден што од Него бара правда ја наоѓа во Него и добива и утеха и спасение. За оние што ќе Го отфрлат, Он секогаш ќе им биде предмет на неспокојство.

Колку многу зборови се искажани за Христа! Колку многу книги се напишани за Него! Колку само спорови и прекорувања има за Него! И сето тоа не е случајно. Ако Тој воопшто не бил или, пак, не беше Бог и Човек, никој за Него немаше да зборува, ниту да се расправа. Но, самото размислување и сите други расправии за Него зборуваат и сведочат во полза на Неговото битие и во полза на Неговото Божествено величие.

Христос е Оној Кој најпрво на светот му го дал законот на љубовта. До доаѓањето на Господа Исуса Христа во светот, важел старозаветниот закон око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога (Исход 21, 24). Господ Исус Христос, пак, вели: „А јас, пак, ви велам сакајте ги вашите непријатели. Постапувајте по примерот на вашиот Отец Небесен“ (Мт. 5, 44-45). До доаѓањето на Христа светот не го познавал или не знаел за такво учење. Христос му донел на светот учење на правдата, на љубовта и на мирот. Христос не само што го донел ова учење, туку со личниот пример и со крсниот подвиг ја утврдил евангелската правда. Со својата Божествена правда Христос му светлел и ќе му свети на светот, спасувајќи ги душите на луѓето.

Христос го извршил делото на спасението. Он го извршува и сега и ги повикува луѓето кон Себе: „на сите изморени и обременети им ветува спокој на нивните души“ (Мт. 11, 28-29). Имало и пред Христа умни глави со силна мисла, учители и проповедници. Но, кој од нив можел така да зборува и кој можел да им даде тоа што Христос им го дава? - Никој. Исчезнаа сите учења, а Христовото учење опстојува во сите векови.

Он е прекрасен во својот крсен подвиг. Он секогаш останува пример за повозвишена љубов. Христос ја објавува чистотата и правдата, сеопштото воскресение и вечниот и блажен живот. Како што не може маглата да го засолни сонцето навреме да изгрејува и да зајдува, така и Христос, нашето Сонце, иако некогаш засолнат од нашите животни суети и гревови, постојано грее. И како што зраците од сонцето не се валкаат кога поминуваат преку нечисти места, така не се осквернува ниту светињата на Христа, дури и ако нашите срца се затемнети од гревови, гнев, очајување и неверие.

Гробот и смртта не Го задржале Христа. Он слегол во пеколот и ја поразил адската сила, ги ослободил оние што седеле таму и им ја отворил вратата на рајот. Он на светот му го објавува воскресението. Почитувајќи ги Неговите страдања и доброволното погребение заради нас, со солзи покајни да Го молиме Господа да не нè лиши од Неговиот свет, вечен и блажен живот. Амин!

Митрополит Тимотеј

Велики петок (Опело на Господа Исуса Христа)
22.04.2011 година, храм „Св. Петар и Павле“ Кичево

velpetv2011

velpetv2011 2

velpetv2011 4

velpetv2011 6

velpetv2011 8

velpetv2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1