„Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него” (Пс. 117, 24). Христос воскресна од мртвите со смртта смртта ја победи и на оние во гробовите живот им даде! (тропар на Велигден). И нам ни даде живот вечен и голема милост.

short url link | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106

Воскресението Христово е најсветлиот момент за човековиот род. Христос ја победи смртта и го ослободи човекот од оковите на смртта и трулежноста.  Воскресението Христово било победа не само над Неговата смрт, туку и над смртта воопшто. Во Неговото воскресение совоскреснува сиот човечки род, целата човечка природа. Совоскреснува не во таа смисла дека сите станале од гробовите, зашто смртта и понатаму продолжува да постои, но укината е безнадежноста на умирањето, обеснажена е смртта, т.е. на целата човечка природа и е дадена можноста и силата на воскресението. Св. Јован Златоуст вели: „Вистина, ние и сега умираме со претходната смрт, но не остануваме во неа; и тоа веќе не значи да се умре. Силата на смртта и власта на смртта е во тоа умрениот веќе да нема можност да се врати во живот. А ако тој после смртта ќе оживее, и тоа во подобар живот, тоа веќе не е смрт, туку сон.“

Празникот на Воскресението Христово (24.04.2011) беше свечено прославен низ сите храмови на Дебарско-кичевската епархија, а централната богослужба беше во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, каде беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој речиси без исклучок пристапи кон светата причест.

На сите верници, од името на нашиот Митрополит Тимотеј и од името на целото свештенство од нашата епархија, им го честитаме празникот на Христовото воскресение со најрадосниот и торжествен поздрав: Христос воскресе!

vELIGDEN2011 2

vELIGDEN2011 4

vELIGDEN2011 6 1

vELIGDEN2011 7 1

vELIGDEN2011 9 1

vELIGDEN2011 11 1

vELIGDEN2011 13

vELIGDEN2011 15

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1