Христос воскресе!
Според обичајот во нашата света епархија, на прв ден Велигден, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, се служи вечерна богослужба со читање на Евангелие на повеќе јазици. Овој настан е познат како Второ воскресение Христово.

latest jordan Sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

И оваа година не беше заборавена традицијата и се отслужи вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик. Во негово сослужение беа архимандрит Нектариј (Најдоски) (француски јазик), протоереј-ставрофор Ефтим Бетински (англиски јазик), протоереј Сашо Богданоски (латински јазик), еромонах Доситеј (албански јазик), свештениците Љупчо Симиџиоски,  Игор Никовски (македонски јазик), Никола Христоски и Димче Азески (грчки јазик), ѓаконите Николче Ѓурѓиноски (руски јазик), Владо Недески и Васко Голабоски. На вечерното богослужение присуствуваше многуброен народ, како од земјава, така и од целиот свет, а нашиот Митрополит се обрати со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј на своето верно паство му го честита најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, и традиционално на сите им подели по едно велигденско црвено јајце.  

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Христос воскресе!

Драги браќа и сестри!

  „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него” (Пс. 117, 24). Така пееме денеска со голема радост, но имаме и на што да се радуваме. Исус Христос е наш Спасител, Kој воскресна од мртвите! Тоа е ден на радост што ни го дарува Господ.        

Луѓето во разни времиња на различни начини го дочекувале овој празник. На свој начин го дочекале и наследниците, односно современиците на Христовото воскресение. Тие пееле и го прославувале Бога радувајќи се на овој настан. Другите го примиле тоа со жалост и ја развивале нивната омраза, непријателство и злоба кон Него. Со радост го пресретнале Христовото воскресение и богобојазливите жени мироносици. Ангелот им рекол: „Не бојте се; знам дека Го барате Исуса распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав” (Мт. 28, 5-7).

Со особена и посебна радост го пречекале Христовото воскресение луѓето кои не се плашеле од гневот јудејски и до последен момент стоеле под крстот и ја созерцавале смртта на Господа. Тие со солзи во очите, со скршено срце и со скрушеност го испратиле Господа до гробот, не губејќи ја својата надеж во Него. Во воскресението Христово овие слуги Божји виделе не само извор на радост, туку и торжество на Божјата правда и исполнување на Божјите ветувања.

Со голема радост биле опфатени оние кои заедно со римскиот столпник исповедале дека: „Навистина Овој бил Син Божји!” (Мт. 27, 54). А оние што се удирале во градите заедно со разбојникот воскликнувале: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!” (Лк. 23, 42). Воскресението за таквите било навистина необјаснива радост која ги опфаќа и чувствата и сознанието, односно севкупното човечко битие.

Но, имало и други. Тука биле и старешините јудејски, првосвештениците, книжниците и фарисеите, Кајафа и Пилат, Јуди предавници, хулители од радост по примерот на другиот разбојник кој бил распнат заедно со Христа. Тие барале Негова смрт. Он висел на крстот, а тие извикувале: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да спаси... нека слегне сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!” (Мар. 15, 31-32). За нив воскресението било причина за жал и засилена злоба и непријатности кон Христа и Неговото учење. Тие очигледно си претставувале дека Он има сила да воскресне од мртвите и уште има сила да им даде на сите според нивните дела, односно според заслугите.

Неговата правда ги плашела сите Негови непријатели уште за време на земниот живот, но таа станала уште посилна по Неговото воскресение. И затоа тие си помислувале дека е подобро да веруваат дека Он сосема не постоел, па според тоа не може да има  и Негово воскресение. Така тие би биле спокојни. Избирањето на последното ги приведува кон неверување и кон откажување.

Честопати делата и постапките се повторуваат. Воскресението Христово и сега ги радува Божјите луѓе. Ги радува кротките и богобојазните и оние кои секојдневно сострадуваат со Христа за време на четириесетницата. Ги радува оние кои заедно одат со Него по неговиот крсен пат и во големите денови на страсната седмица го созерцаваат кога Он виси на крстот и со солзи во очите и со скрушени срца го спроведуваат во гробот на Велики Петок. Таквите воскресението Христово сега го гледаат и со радост пеат: „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него” (Пс. 117, 24).

Не помала Пасхална радост чувствуваат и тие кои заедно со благоразумниот разбојник повторуваат: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!” (Лк. 23, 42). Таквите луѓе во денот на Пасха со нивните срца чувствуваат и го слушаат благодатниот одговор на воскреснатиот Господ: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!” (Лк. 23, 43). Пасхалната радост го зафаќа целото наше суштество ако ние се подготвуваме за празникот Пасха. Ако се подготвуваме со пост , со светата тајна покајание и Божјото причестување, ние се соединуваме со Христа и со неговите страданија и воскресение. Свети апостол Павле вели: „Зашто, како што изобилуваат Христовите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христа” (2 Кор. 1, 5). Ако ние се соединиме со подобието на неговата смрт, тогаш ќе се соединиме и ќе бидеме учесници и во воскресението... ако ние умреме, умираме со Христа (Рим. 6, 5 и 8-9).

Оној кој јасно разбира дека воскресението настапува само после Голгота и крстот, оној кој без распнување ги поднесува сите животни искушенија и го носи својот животен крст и со надеж во Господа смирено ги поднесува сите искушенија што доаѓаат од светот, од телото и од ѓаволот, оној кој смело се бори со злото во овој свет, тој и денеска се радува на воскресението Христово и пее: „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него” (Пс. 117, 24).

Оние што во својата душа не ја угасиле својата вера во Господа, не гледајќи на бурите и животните ветрови, оние кои со очите и умот на таа вера сè гледаат и сè прифаќаат, тие денеска Христовото воскресение го гледаат и со восхит пеат: „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него” (Пс. 117, 24).

Да го славиме воскреснатиот Господ и тоа не само со уста, туку и со нашите дела и нашиот живот. Само тогаш нашата Пасха ќе биде очистувачка и спасителна, кога вистината на Христовото воскресение ќе постане наша вистина и основа на нашата вера содржана во нашиот живот. Тогаш и радоста наша ќе биде полна радост: „Радоста ваша никој нема да ви ја одземе” (Јов. 16, 22).

Воскресението Христово да нè вдахнови на подвиг, на чистота и правда, подвиг заради вечна радост во Бога, тука на земјава и во незаодните дни во царството Божјо.

            Христос воскресе!

Митрополит Тимотеј

Второ воскресение Христово
24.04.2011 година,храм „Св. Софија“ Охрид

vtorovoskr2011 2

vtorovoskr2011 4

vtorovoskr2011 6

vtorovoskr2011 8

vtorovoskr2011 10

vtorovoskr2011 12

vtorovoskr2011 14

vtorovoskr2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1