„Денес е објавувањето на радоста на целиот свет, денес задуваа ветрови, навестувачи на спасението: неплодноста на нашата природа се разрешува, зашто неплодната станува мајка на Онаа, која и по раѓањето на Животодавецот останува девојка; од неа го зема она што не е нејзино, а кое е Бог по природа, и на заблудените им дава спасение воплотениот - Христос - Човекољубец и избавител на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Пресветата Мајка Божја секогаш е и ќе биде торжество само по себе, зашто не може, а да не се слави онаа која Го сместила во својата утроба Царот Христа и која се принесе себеси како жртва и дар од луѓето. Тоа верните го чувствуваат и знаат, но знаат и дека секоја нивна правилна молба кон Мајката Божја ќе биде услишана и исполнета. Затоа и манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, уште во вечерните часови пред празникот на Рождеството на Пресвета Богородица, беше исполнет со неизбројно мноштво верници, кои од сите краишта на нашата земја, дојдоа да се поклонат и да се помолат на чудотворната икона на Мајката Божја.

jordan Sneakers | NIKE AIR HUARACHE

 

Прославата започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски, Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Благоја Спироски, Љупчо Бакрачески и Александар Крстаноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен и Акатистот на Пресвета Богородица, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

 

Вечерва, собрани сме во овој свет манастир, да го прославиме раѓањето на света Дева Марија. Овој празник, во голема мера, е поврзан со раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Така го толкуваат светите отци уште од најраните времиња. И двата тропари, тропарот на Божик и тропарот на раѓањето на Пресвета Богородица се многу поврзани еден со друг, во раѓање си го сочувала девството и преку тоа раѓање да ни засвети Сонцето на правдата. Провидението Божјо било такво, според кое, доаѓањето на Спасителот на светот, требало да биде пропратено со многу чуда. Да се потсетиме на некои од нив. Најпрво, бессеменото зачнување. Потоа, јавувањето на ѕвездата којашто ги води мудреците до пештерата каде што е роден Христос. Барањето на Ирод до мудреците од Исток да се вратат, за да му кажат каде Го нашле. Но, тој не сакал да Mу се поклони, туку, да Го убие. Ѕвездата, односно провидението Божјо, ги води по друг пат. Потоа, избавувањето и бегството во Египет. Многу други случувања, кои се поврзани со земниот живот на нашиот Спасител, пропратени се со чуда и со посебна порака и поука до нас.


Едно такво чудо се случува и на денешен ден со раѓањето на св. Дева Марија од нејзините прастари родители Јоаким и Ана. Овие праведни луѓе, долги години Му се молеле на Бога да им даде пород. И покрај тоа што веќе биле во возрасни години, години кога, според сите биолошки закони, не можеле да имаат пород, нивната молитва и нивната надеж во милоста Божја, никогаш не престанала. Бог, не дека претходно не ги слушал нивните воздишки и молби, туку, според провидението Божјо, раѓањето на мајката Божја, исто така, треба да биде пропратено со чудо. Она што за нас луѓето е несфатливо, неразбирливо и невозможно, за Бога сè е можно.


Бог ја исполнил нивната молба. Св. Дева Марија, пак, како избран сад Божји, ќе поживее строг, праведен, побожен и сепредан живот на Бога во исполнување на Неговите закони и прописи. Така, без личен грев и порок, ќе биде удостоена да постане мајка на Севишниот Господ Исус Христос. Во нејзиното раѓање се манифестира врв на синергија помеѓу Божествената благодат и човечкиот труд. Треба да знаеме дека св. Богородица, со труд, со пост и молитва се трудела да го исполни Законот, а Божјата благодат ја крепела во исполнување на тој подвиг. Затоа, таа ќе биде удостоена да биде родителка на Предвечниот Бог.


Нашите прародители Адам и Ева, беа создадени по образот Божји. Според тоа целокупниот човечки род го носи образот Божји, а тоа значи дека го носиме образот на Господа Исуса Христа. На Оној Кој ќе се роди како човек, а ќе добиеме, пак, задача, како христијани, да се уподобиме на Христа, односно да бидеме богови по благодат, како што вели св. Атанасиј Велики.


Преку Христовото раѓање од Богородица, таа постанува и наша мајка. Богородица кога ќе се подготвува да го напушти овој свет, ги теши апостолите. Тешејќи ги апостолите таа нè теши сите нас. Нè теши и ни вели дека никогаш нема да нè заборави и нема да нè остави до крајот на светот и векот. Ќе биде наша помошничка, молителка, заштитничка, покровителка, но, до колку со искрена вера, со достоинствена почит и надеж и се обраќаме со молитва за нејзино содејствие и ходатајство пред нејзиниот Син и нашиот Бог. Па и вечерва, прославувајќи го нејзиното рождество, да се обратиме со искрена молитва за нејзина помош. Да ги услиши нашите молби и прозби. Истите да ги пренесе пред престолот на Севишниот Бог и да измоли милост од Господа Бога за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Вечерна на Рождество на Пресвета Богородица
20. 09. 2015 год.
манастир „Св. Богородица Пречиста" – Кичево

 

rozbog2015vec

rozbog2015vec 1

rozbog2015vec 2

rozbog2015vec 3

rozbog2015vec 4

rozbog2015vec 5

rozbog2015vec 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1