„Порано во рајот дрвото ме соголи, кога со вкусувањето непријателот ми принесе умртвување; крсното, пак, дрво на животот, на луѓето носејќи им облека, се забоде, и целиот свет со секаква радост се исполни, гледајќи го како се издигнува: луѓе, согласно, со вера да Му запееме на Бога: Домот Твој со слава се исполни“ (седален по полиелејните псалми на Утрена на Крстовден). 

 

Првото дрво како забрането донесе зло и смрт на луѓето и измамата на лукавиот се насеи на земјата. Но, денес се возрадува вселената, зашто се издигна второто дрво, попрскано со крвта на Воплотениот Бог Слово, и измамата беше срушена и поразен беше непријателот. Затоа, верни, радувајте се и воспејте Му на Господа, Кој се прослави: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен Си

 

На овој светол ден, на 27.09.2015 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати пред мноштвото верни со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike footwear | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри, Христијани, Бог, по своето неизмерно човекољубие дојде на земјата, се воплоти и стана човек сè со цел да го спаси човечкиот род. Во Својата искупителна мисија, Тој како наш Спасител Самиот доброволно се издигна на Крст, беше распнат и така го откупи севкупниот човечки род, воспоставувајќи ја повторно нашата првобитна убавина, и овозможувајќи ни одново да влеземе во Царството Небесно, онаму од каде што беа изгонети нашите прародители поради гревот на непослушноста. А знаеме дека плод на гревот и плата за непослушноста е смртта.

Но таа клетва е разрешена на Крстот Господов, со Распетието Христово, па затоа денес нашата света Црква толку свечено го прославува Воздигнувањето на Чесниот Крст на Голгота, близу Ерусалим. Најзаслужна, пак, за пронаоѓањето на Чесниот Крст била токму мајката на Свети цар Константин, Светата царица Елена, која според нејзиното житие го примила христијанството пред нејзиниот син и кога најпосле, со Миланскиот едикт од 313 г., Христијанството почнало слободно да се проповеда во Римската империја, таа посакала да се упати во Ерусалим и таму да го пронајде Чесниот Крст. Дотогаш крстот бил сметан како орудие на срамот, како што слушнавме од денешното апостолско четиво: словото за крстот е безумство за оние што гинат, а за нас кои се спасуваме, сила Божја (1 Кор. 1, 19). Во својата горешта желба да го пронајде Крстот Христов, Царица Елена наишла на некој стар Евреин, кој припаѓал на фамилија што од колено на колено го чувала преданието за точното место каде што бил распнат Господ Исус Христос. Зашто, како што кажува историјата, веќе биле поминати околу 300 години од Распетието на Господа Исуса Христа, и поминале многу генерации, и тоа во период кога Христијанството било прогонувано од страна на римските императори и силници, така што се заборавило местото на смртта Господова. Но, таму каде што сака Бог се победуваат законите на природата и се случуваат чуда, па така оваа упорна благочестива царица приближно го пронашла местото каде што бил распнат Господ Исус Христос. На тоа место имало изградено многубожечки храм, каде што се принесувале пагански жртви. Според преданието таму биле извадени од земја три крста. Тогаш ерусалимскиот патријаршиски престол бил возглавен од свет човек, Патријархот Макариј, и тој, соочен со проблемот кој од трите пронајдени крста е крстот на Господа Исуса Христа, решил да се послужи со еден своевиден испит. Имено, знаејќи дека среде неговата паства се наоѓала некоја личност која долги години боледувала и не можела да стане од постела, тој решил таму да ги однесе трите крста и оној крст којшто ја исцелил и направил да стане и да им служи на гостите, бил објавен како исцелителниот Крст на Господа Христа, врз кого се излеала Неговата пречиста Крв за спасение на севкупниот човечки род. Друго предание, пак, вели дека во тоа време поминувала некоја погребна поворка, и откако ги принеле трите крста до мртовецот, при допирот со Крстот од Господа Исуса Христа, се случило големо чудо – мртовецот воскреснал. Без разлика кое од овие две преданија е вистинито, сепак, за нас останува неоспорен факт дека Крстното Дрво има спасителна моќ, па затоа со големи почести било издигнато среде Ерусалим од страна на светиот Патријарх Макариј и носен од неговите раце, ги благословил сите четири страни на светот.

Во спомен на тој голем и радосен настан, и ние денес го изнесовме Чесниот Крст од светиот олтар, го поставуваме среде храмот, и откако го издигнавме високо, со него ги благословивме сите четири страни за спасение на секоја христијанска душа. Да се помолиме денес сите ние што сме собрани во овој свет Манастир, во чест на Воздвижението на Христовиот Крст, високо да се издигне тој во нашите животи, во нашите срца, во нашите души. Да одиме по вистинскиот пат, пат којшто ни го покажува нашата света вера и Црква, да правиме добри дела и така да го стекнеме вечниот живот. Чесниот Крст нека ни биде на спасение на секоја душа, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

 

27.09.2015 год.

Крстовден

ман. „Св. вмч. Ѓорѓи“ Рајчица

 

05x

06x

10x

 

11x

12x

13x

14x

15x

16x

17x

18x

19x

20x

21x

22x23x

24x

25x

26x

27x

28x

29x

30x

31x

32x

33x

34x

35x

36x

37x

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1