На 07.10.2015 година, во просториите на Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, беше промовирано капиталното дело за сиот православен свет, досега издадено во триесет и осум тома, „Православна енциклопедија“. Ова грандизоно и историско дело за православната екумена, кое го има во печатено, но и во електронско издание, не е само обично издание, туку и цел научен центар, во кој редовно работат повеќе од сто вработени, а истото има свои претставништва во повеќе православни земји. На промоцијата свечено беше најавено и отворањето на едно вакво претставништво и во нашата земја, на чие чело ќе застане рекоторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски. На промоцијата присуствуваше директорот на „Православна енциклопедија“, г-дин Сергеј Кравец, како и специјалниот претставник за меѓународна културна соработка на Претседателот на Руската федерација, г-дин Михаил Швидкој. Промоцијата ја проследија и повеќе свештенослужители на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кои беа водени и од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На промоцијата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, градоначалникот на Охрид, г-дин Никола Бакрачески, заменикот министер за култура на РМ, г-дин Драган Неделковиќ, научни работници и останати гости.

Authentic Nike Sneakers | Nike Running

 

 

Гостите од Русија истакнаа дека им е чест да бидат присутни во градот Охрид, од каде што се изворите на словенската писменост и култура, и дека тоа им создава длабоки чувства. Во наредните изданија ќе бидат обработени и повеќе статии, посветени на Македонија и на Македонската православна црква и древната Охридска архиепископија.

 

Промоцијата заврши утредента, на 08.10.2015 година, во охридскиот катедрален храм „Св. Софија“, со свечен концерт на хорот на Подворјето на Руската православна црква во Софија, Р. Бугарија. 

 

PRAVENCIK2015

PRAVENCIK2015 1

PRAVENCIK2015 2

PRAVENCIK2015 3

PRAVENCIK2015 4

PRAVENCIK2015 5

PRAVENCIK2015 6PRAVENCIK2015 7

PRAVENCIK2015 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1