„Како убавина на Јакова, и скала небесна по која Господ слезе на земјата, некогашните слики ја пројавија твојата чест и слава, Богородице, како онаа која Го роди Бога на сите; те слават небесните ангели, и луѓето земни, бидејќи се молиш за целиот свет, покривајќи ги со милост оние што го прославуваат твојот чесен празник“ (стихира на Голема вечерна на Господи повикав...).

 

Денеска ја прославивме онаа, која ги надвишува сите суштетсва, небесни и земни, како помош и силен покров за христијаните. Ја прославивме онаа, која во својата утроба несогорливо Го носеше Христос Словото, Спасителот на светот. Како Мајка Божја која има смелост пред својот Син, Владичице не заборавај ги сите кои искрено ја молат твојата помош и застапништво, и покриј нè со покровот на твојата љубов.

 

На овој светол ден, на 14.10.2015 година, во капелата посветена на овој празник, а во Митрополитската резиденцијата на Дебарско-кичевската епархија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

latest Running Sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска, нашата света Црква, прославува еден од Богородичните празници. Овој празник не се вбројува во дванаесетте големи Господови и Богородични празници. Празник, посветен на еден историски настан, кога светата Мајка Божја, со нејзиниот покров го заштитува Цариград од непријателите во почетокот на X век, односно во 910 година. Според едни историчари, Византија, односно нејзината столица, била нападната од Сарацените, односно од муслимани, а според други, Цариград бил нападнат од нас Словените, уште пред сите да бидеме покрстени. Но, која и да е од овие две претпоставки, поважно е тоа што се случува во тоа време во Цариград. Византија била свесна дека ќе падне пред наездата на непријателските војски и затоа спас и единствена надеж им била во Бога. Императорот Лав Мудри заедно со светиот патријарх Макариј и со огромен број на цариградски граѓани, се собрале на молитва во црквата „св. Богородица Влахерна". И тука срдечно се молеле барајќи спас и помош од Бога. Во мноштвото народ се молел и св. Андреј Јуродив, заедно со неговиот ученик и соподвижник Епифаниј. За време на ова молитвено собрание, св. Андреј ја видел Богородица како коленичи пред Господа Христа и се моли за спас на Цариград. Тогаш, Андреј го запрашал својот соподвижник и ученик дали гледа нешто. Тој му одговорил дека ја гледа Богородица во воздухот и како го раширува својот омофор за спас на градот. Ја гледал и и се восхитувал.


Овој настан е одбележан како покров на Пресвета Богородица. Силната непријателска војска била разбиена и градот, центарот на Византија, бил спасен. Овој празник посебно се прославува кај Словенските цркви, особено со посебен пиетет и чествување тоа го прави Руската православна црква.


Патиштата Божји, нам, како на грешни луѓе, честопати не ни се до крај јасни. За време на оваа молитва присутни биле императорот, светиот патријарх Макариј и многубројно духовништво. Но, само Андреј и неговиот ученик биле удостоени да ја видат Богородица како се моли за избавување на Цариград. Андреј бил презрен човек. Бил потценуван и исмејуван бидејќи живеел јуродиво, односно, она што на обичниот народ му изгледа како нездрав во умот. Расудувајќи според човечка логика, таквиот човек бил исмејуван. Но, она што за нас е мудро, за Бога е лудо и обратно. Тој, живеејќи испоснички и праведен живот, бил удостоен да ја види Мајката Божја, а потоа, светата Црква воспоставува празник за ова видение и за ова избавување.


Ние знаеме дека света Богородица е Царица, како на небото така и на земјата. Таа Го раѓа Господа Христа по тело. Како Негова телесна Мајка, растејќи Го, ги преживеала сите мајчини грижи, маки и страдања. И кога сите ќе се откажат од Христа, таа ќе остане под крстот со најсаканиот Христов ученик. Таа во ниту еден момент не се посомневала дека нејзиниот Син е Спасителот на светот. Дека Он е Богочовек. Раѓајќи Го Христа Богородица постанува мајка на севкупниот човечки род. Затоа, нејзината молитва има сила и моќ да измоли милост за секоја христијанска душа којашто со вера и со непоколеблива надеж и се обраќа за помош.


И ние денеска, прославувајќи го нејзиниот спомен, да се обратиме со искрена молитва кон светата Мајка Божја. Нека го рашири нејзиниот омофор и врз нас, врз нашата света Црква, врз нашиот град и нашата држава, и да отстрани секаков видлив и невидлив напад. Да отстрани од нас секаков грев и престап, па да ја зацврсти нашата вера, да ја умножи љубовта и да бидеме вистински следбеници на нејзиниот Син. Па да можеме да го сведочиме Евангелието, не само со зборови, туку и со дела како што вели св. ап. Јаков: „Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва" (Јаков 2, 26).

Пресвета Богородице помагај ни. Амин!

 

Покров на Пресвета Богородица
14. 10. 2015 година
Капела во Митрополитска резиденција

 

pokrov2015

pokrov2015 1

pokrov2015 2

pokrov2015 3

pokrov2015 4

pokrov2015 5

pokrov2015 6

pokrov2015 7

pokrov2015 8

pokrov2015 9

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1