Христос воскресе!

На втор ден Велигден, на 25.04.2011 година света архиерејска Златоустова Литургија беше отслужена во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Митре Попоски, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Христос воскресе!

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Драги браќа и сестри!

Во овие свети и празнични денови на Христовото воскресение, за време на светите богослужби се чита евангелието според светиот апостол и евангелист Јован. Овој ученик и апостол бил најљубениот ученик на Господа Исуса Христа, заради неговата најголема оданост кон својот Учител. И за време на Таворската слава и за време на Голготското понижување, Јован бил со својот Учител. Тој е наречен Богослов затоа што на луѓето им оставил запишани зборови во светото Евангелие со возвишени вистини за Бога и за премудроста Божја.

Ние и денеска ги слушнавме зборовите од Евангелито на Јован за учењето за Бога. Тој вели: „Бога никој никогаш не Го видел” (Јн 1, 18), односно никој не Го видел во севкупната Негова полнота, во величието Негово, во Неговата сила и во секадеприсутноста Негова. Господ сето тоа го надминува, бидејќи во Неговите раце држи сè. А ние пак како ограничени суштества и созданија не можеме да Го сфатиме и да Го сместиме Несместливиот и да Го согледаме до крај Неговото величие. Еден црковен учител вели: „Пред тебе еден човек поминува река. Овој човек е многу жеден. Но, ти знаеш дека никогаш не може да ја испие целата река и колку да е жеден и колку и да сака да пие. Човек не може во своето тело да смести толкава количина на вода, односно сета вода. Ти си должен да ја угасиш својата жед и да се заситиш со вода според твојата сила и потреба“.

Ваков пример можеме да примениме и кон богословието на возвишеното учење за недостапноста до крај на тајната на Божеството. Пред нас е река, дури и океан на премудрост Божја. Во споредба со океанот, ние како луѓе можеме од таа вода да сместиме само една капка. Како можеме во себе да сместиме еден океан полн со вода? Природата и во океанот и во капката се сродни и аналогни. Бог во споредба со нас е океан, а ние луѓето сме капка вода од океанот. И покрај тоа што ние не можеме да Го осознаеме до крај Бога во сите Негови величија, како што не можеме да ја испиеме и сета вода од океанот, ние знаејќи дека имаме во себе душа, разум и бесмртност кои нè прават богоподобни или слични на образот Божји, ние сме должни да пиеме од водата и да ја гасиме нашата духовна жед. Ние сме должни да се стремиме кон Бога и да Го познаеме. Затоа ние општиме и се соединуваме кон Него, го чувствуваме Неговото величие, благоста, љубовта и Неговото постојано присуство помеѓу нас.
Христос со Неговото доаѓање во светот ни Го открил Бога. Ни ја открил тајната на живоначалната Троица и Божјите својства: љубовта, милосрдието, благоста, долготрпението, сèможноста. Со своето доаѓање во светот Христос ги озарил умовите на луѓето со видување на Господа и ни дал откровение за Бога и за луѓето. Сето учење на Христа што ние денеска го имаме, Неговите зборови и чуда се направени за наша поука. Сето Свое учење го запечатил со искупителното свето воскресение. Не случајно светите апостоли и Црквата на воскресението Христово гледаат како на камен краеаголен и го полагаат како основно учење на христијанство. Апостол Павле посведочува кога вели: „ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера”(1 Кор. 15, 14). Но, Христос воскресна и постана првенец на умрените и го покажа патот на луѓето кон сеопштото воскресение и кон вечноста. Апостолите го виделе Воскреснатиот, посведочиле за Неговото воскресение и ги уверуваат луѓето во тоа. Докажувањето на вистината за Христовото воскресение се јавува како суштина на Црквата Христова на земјава. На него Црквата е основана, на него е заштитувана и утврдена. Неа Христос и ветил дека и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Мт. 16, 18). Битието на црквата е непобитна вистина која се манифестира и пројавува преку дејствувањето на Божјата благодат и на воскреснатиот Христос.

Во овие свештени денови кога ние сме исполнети со воскресенската радост која ги воскреснува нашите грешни души за подобар, посветол и совршен христијански живот, ние се приклучуваме кон вистината за воскресението и на таа вистина ја утврдуваме нашата вера и нашето христијанско суштество.

Воскреснатиот Христос живее насекаде и на секое место е Неговото господарење. Он е секогаш со нас според неговото ветување: „Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот” (Мт. 28, 20). Он сè исполнува, Он е живот на земјата, Он живее во душите на верните луѓе. Обитава или живее во храмовите Божји, живее со нас и оди со нас по животниот пат како што одел со двајцата ученици за Емаус. На секоја божествена Литургија Он се препознава во прекршениот свет Леб и во тоа е всушност Неговата величина и недостижност. Неговото постојано присуство со нас и Неговата животна и делотворна сила нека престојува со сите верни луѓе сега и во сите векови. Амин!

Христос воскресе!

Митрополит Тимотеј

Втор ден Велигден

2DENVEL2011

2DENVEL2011 2

2DENVEL2011 4

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1