На 22.11.2015 година, на денот кога ги прославуваме преподобната Матрона Цариградска, светиот Нектариј Егински, св. м-ци Онисифор и Порфириј и св. Јован Колов, во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

 

latest Nike Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Нашиот Семилостив Господ, за време на нашиот овоземен живот, нè обдарува со големи благодати. Со благодати како што се здравјето, разумот, роднините, семејствата, пријателите и слично. Но, ние како луѓе, најчесто не знаеме доволно и правилно да ги цениме овие дарови. Најчесто не согледуваме дека сето она што го поседуваме не е по наша заслуга, туку, дека тоа е Божја милост, Божја добрина.


Верата, пак, како главен фондамент во нашиот живот, ни дава можност да согледаме, да видиме и да поверуваме дека сето она што го поседуваме е по Божја волја. Верата ни помага правилно да го разбереме и да го живееме нашиот овоземен живот, а преку благодатта Божја можеме да се спасиме. Светото писмо изобилува со примери како многумина слепи, хроми и опседнати од нечист дух, преку нивната вера биле излекувани од Господа Христа. Господ Христос пред да ги излекува двајцата слепи кои викале по Него: „Помилуј нè, Исусе, Сине Давидов", ги прашува: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?" Откако потврдно одговориле Христос им вели: „Нека ви биде според верата ваша!" (Мат. 9, 27 – 29). И во тој час оздравуваат.


Благодатта Божја дејствува онаму каде што е дејствителна нашата вера. Тоа подразбира свој влог, свој придонес, свој ангажман. Само така силата Божја може да се манифестира врз онаа душа која бара и има потреба од неа. Да наведеме еден пример од секојдневниот живот. Едно палаво момче, честопати одејќи по улиците, се удирало и паѓало во разни вдлабнатини. И така цело време паѓало и станувало. Но, во една прилика, со неговото невнимание, паднало во една поголема дупка од којашто, иако со сите сили се обидувало, не можело да излезе. Исплашено помислило дека тука ќе го заврши својот живот. Момчето, во тој миг, се обратило со искрена молитва кон Бога барајќи помош и спасение. Во тој момент доаѓа еден млад човек и му спушта јаже во дупката велејќи му: Фати се и држи се цврсто за да ти помогнам. Момчето било извлечено од дупката и така го спасило својот живот. Преку ова се гледа благодатта Божја. Неговиот ангел пазител и неговиот свет угодник, на кого се молел, му подале јаже, а тој цврсто се фатил за него. Со други зборови дал свој влог, свој труд, свое содејство, и така Божјата благодат му помогнала да биде избавен од неминовна смрт.


Ние, кога ги прославуваме Божјите угодници, им се обраќаме за нивно содејство. Им се обраќаме и ги молиме да бидат наши претставници и наши молитвеници пред Господа Бога. Нашите прозби и нашите молитви да ги претстават, и не само да ги претстават, туку да се застапат истите да бидат послушани и услишани. Бидејќи нашите прозби и нашите молби не можат да бидат пренесени пред Ликот Божји поради нашите престапи, гревови и отстапки. А Божјите угодници, пак, како свети луѓе, ја имаат таа смелост и доверливост пред Лицето Божјо, тие молитви, барања и очекувања, да се застапат и да испросат нивно исполнување. И така да ја измолат милоста Божја, да се излие Божјата благодат врз нас коишто ја очекуваме и ја молиме.


И денеска, кога ја прославуваме св. Матрона Цариградска, а како што нашиот народ овде ја нарекува св. Петка, во нејзиниот лик имаме пример на голем подвижник. Имаме пример на голем молитвеник и на голем застапник на луѓето коишто со вера, молитва и се обраќаат за помош. Таа, пак, како Божја угодница, којашто живеела во IV век, а го завршила овоземниот живот на 100 годишна возраст во почетокот на V век, била удостоена да се вброи помеѓу Божјите угодници. Преку тоа се удостоила да има смелост да моли и да проси помош за сите коишто со вера и надеж и се обраќаат за помош од Бога.


Би сакал да појасниме од каде доаѓа ова преименување на оваа Божја угодница од св. Матрона во св. Петка. Сè до Првата светска војна, во овој свет манастир почивале моштите на св. Матрона. Моштите биле донесени од манастирот св. Јован Крстител во Серес. Истите, за време на Првата светска војна, биле однесени во Бугарија. Култот и прославата од св. Матрона постапно се префрлува на св. Петка, бидејќи самиот манастир каде што се чуваа моштите е посветен на св. Петка Римјанка. И едната и другата се големи подвижнички и молитвеници за секоја христијанска душа која со вера и надеж бара помош.


И ние денеска, кои сме собрани во овој свет манастир, да се обратиме со искрена молитва, и кон св. Матрона и кон св. Петка, нека ни ги зацврстат љубовта и верата, па да можеме да живееме исправен христијански живот и така да измолиме милост и благодат Божја за наше спасение, сега и во сета вечност. Амин!

 

Преп. Матрона
22. 11. 2015 година
манастир „Св. Петка" – Велгошти, Охрид

 

prepmatr2015 7

 

prepmatr2015 2

prepmatr2015 8

prepmatr2015 3

prepmatr2015 4

prepmatr2015 5

prepmatr2015 6

prepmatr2015 1

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1