„Мирото на благодатта што се излеа на тебе, те помаза да го свештенодејствуваш Евангелието на Царството небесно, секогаш споменуван светителе! Откако стана Христово благоухание, со мирисот на Неговиот разум ја исполни македонската земја. Поради тоа, милостиво примајќи ги гласовите на твоите слуги, Клименте, проси (од Него) да ни се даде милост голема“ (Литиска стихира од Вечерна на свети Климент Охридски Чудотворец).

 

На 07.12.2015 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, започна прославувањето на великиот празник насветиот Климент Охридскиот Чудотворец и на светиот Климент папа Римски. Празнувањето започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Роберт Илијевски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната, беше отслужен и Молебен на свети Климент Охридски, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. На Вечерната богослужба присуствуваа и претставниците од советот на општина Охрид, кои со свечена поворка пристигнаа во Светклиментовиот манастир.

Mysneakers | Air Jordan Release Dates Calendar

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух. Амин!

Драги браќа и сестри,

 

Нашиот Спасител Господ Исус Христос го проповедаше словото на царството Божјо. Разоткривањето на тоа царство, во душите на целокупниот човечки род,беше суштината на Неговата проповед. Жртвата Христова беше силата на царството Божјо. Оние, пак, кои ја примија таа искупителна жртва постанаа носители на силата, бидејќи царството Божјо не е во зборови, туку во сила (1. Кор. 2, 4). Таа придобивка можат да ја добијат само луѓе кои имаат вложено големи напори и сила да проникнат во словото на Христа Исуса. Но, не само да проникнат, туку и да го вселат во нивните срца, каде што тоа ќе се пројавува во сила. Овие луѓе со голем стремеж за општење со Божествениот Живот учествуваа во жртвената Христова трпеза, за да јадат од Лебот на Животот и да пијат ново пиење за потполно наситување.


Апостолите Христови, облагодатени со Дух Свети ја пронесоа Христовата проповед по целата вселена. За нивни наследници поставија епископи и свештеници кои ќе го продолжат нивното дело, а во исто време да ги исполнат и зборовите на својот Учител: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух" (Мат. 28, 19). Словото Божјо на нашите простори било посеано уште од првите векови. За тоа ни сведочат многубројните базилики од IV и V век, како и многубројните други артефакти. Но, најголем учител, и просветител, и сејач на словото Божјо, во Охрид и Македонија, е св. Климент, Охридскиот Чудотворец чиј спомен вечерва нашата света црква го чествува. Во неговиот тропар се вели:Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со дела си се издигнал преблажене кон Божествен и блажен живот... .Овие зборови, кои ја изразуваат похвалата, а во исто време и потврдата за неговиот влог во ширењето на словото Божјо кај својата паства, ни сведочат за еден голем проповедник, учител, организатор, мислител и родител. Со зборови го упатувал своето поверено стадо кон верата Христова, кон начелата и принципите кои му се потребни на секој верник да го запознае Бога и Неговата вистина. За да може да се преобрази, да се облагороди и да се освети онака, како крајна цел, којашто и е зададена на секоја христијанска душа: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен"(Мат. 5, 48).


Св. Климент не бил учител само со зборови, туку, со својот живот и со своите дела се издигнал и се уподобил да постане голем светилник. Светилник кој го осветлува патот на сите верни луѓе коишто Го следат Христа и бараат спас за своите души. Св. Климент со таков живот и со такви постапки се издигнал во царството Божјо, од каде и денеска им помага на сите кои со вера, молитва му се обраќаат за помош.


Како што знаеме, улогата и делото на св. Климент во IX и почеток на X век е огромно. Тој е најзаслужен што мисијата на светите браќа Кирил и Методиј ќе продолжи и ќе суштествува токму на оваа благословена македонска земја. До колку св. Климент не ја продолжеше просветната улога кај словенските народи, и тоа на свој словенски јазик, делото на неговите учители немаше да има трага. Уште една голема заслуга има св. Климент, со тоа што ќе се избори да го наметне словенскиот јазик како четврти јазик во Црквата, vis à vis погрешното тогашно учење на учената елита, кои како една ерес застапувале, дека Словото Божјо можело и требало да се слови само на три јазици. Односно, на еврејски, грчки и на латински. Просветната улога на св. Климент во Охрид ќе ја победи оваа тријазична ерес и словенскиот јазик ќе го внесе во светот на цивилизациските народи,изедначувајќи и поставувајќи го на ист ранг со тогашните употребувани и признати јазици.


И ние вечерва, кои сме собрани во неговиот свет манастир, најнапред да му искажеме благодарност на св. Климент за неговото дело и потоа да му се обратиме со искрена молитва. Тој да ни ја зацврсти нашата православна вера. Да ни ја умножи меѓусебната братска љубов. Да ни даде сила и крепост да можеме да правиме добри дела. Да Го славиме Христа Бога и да здобиеме благодат Божја за спасение и вечен и блажен живот, на нашите души сега и во сета вечност.

 

Св. Климент Охридски – на вечерна
07. 12. 2015 год.
Манастир „Св. Климент и Пантелејмон" - Плаошник

 

svklimentvec2015 1

svklimentvec2015 2

 

svklimentvec2015 3

svklimentvec2015 4

svklimentvec2015 5

svklimentvec2015 6

svklimentvec2015 7

svklimentvec2015 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1