Христос воскресе!
На трет ден Велигден, на 26.04.2011 година, света архиерејска Златоустова Литургија беше отслужена во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово и подели нафора.