„Радувај се, свештени уме, чисто живеалиште на Света Троица, црковен столбу, тврдино на верните, помош на поразените, ѕвездо која со твоите од Бога примени молитви постојано ги разоруваш опасностите и мракот на болките, светителу Николае; тивко пристаниште во кое се спасуваат оние што ги носи животната бура: Моли Го Христа, да им даде на душите наши милост голема“ (стиховна стихира на Вечерна на свети Николај Мирликиски).

 

На 19.12.2015 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, великиот ревнител за вистинската вера, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонасите Доситеј и Макариј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Пред многубројниот верен народ, кој речеиси без исклучок пристапи кон светиот Путир, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда.

Authentic Nike Sneakers | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска, светата Православна црква прославува еден голем Божји угодник од IV век. Денеска Црквата го прославува светиот Никола Мирликијскиот Чудотворец. Уште од најрана младост бил воспитан во православната вера и со сето срце и со сето битие ги засакал вистинските вредности на верата Христова. Во неговиот живот секогаш се трудел предност да имаат вредностите на благочестието, на мирот и на љубовта. Односно добродетелите коишто нашата света вера и Црква ги изнесува за поддржување кај своите верници. Во животот на овој избран служител на Севишниот Бог, Агнецот Божји, односно Господ Исус Христос како Спасител и Искупител на човечкиот род бил пред сè и над сè.


Како ревносен христијанин, на млади години го примил свештеничкиот чин. Во парохијата се трудел да го сее и утврдува словото Божјо кај неговата доверена паства. Релативно, на млади години починале неговите родители кои биле богати луѓе и му оставиле голем имот. Св. Никола одлучил имотот постапно да го подели и да го раздаде на сиромаси. На оние коишто имаат најмногу потреба, а сè со цел да им помогне да живеат честито и богоугодно. Покрај тоа што материјално им помагал на своите парохјани, тој се трудел и уште повеќе им помагал на духовен план. Како што телото е потребно да се нахрани, облече, стопли и измие, така, уште повеќе потребно е да се утешат душата и срцето на човекот. Да се утешат кога се наоѓаат во разни маки и искушенија. Изгубената надеж, срцето ожалостено, разочарано и повредено, се поголеми страдања отколку кога човекот нема доволно да јаде и да пие.


Св. Никола како добар пастир којшто ги познава своите, односно своето стадо, се грижел, како за материјалното така уште повеќе за духовното. Па така, приоѓал како брз помошник на оние што имале потреба да ги охрабри, утврди, да им даде добар совет, да им го разубави животот со небесни перспективи, со искрена и правилна вера во Христа. А преку тоа, да ги утврди во верата и да ги разбие сите очајувања, искушенија, малодушија и неверија.


Св. Никола многу добро ги знаел принципите на нашата православна вера и животот го разбирал како служење. Сите христијани се повикани да Му служат на Бога и на луѓето. Ние знаеме за што сме повикани и како треба да се однесуваме кон тие вредности. Кон вредностите кон кои нè повикува нашата света Црква. За тоа најдобро ни зборува св. ап. Петар кога вели: „Но вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина" (1. Петар 2, 9).


Да Му се служи на Бога и на луѓето подразбира да се биде слуга на сите. Вистинско служење не може да биде ако човек не постане слуга и ако потполно не се потчини на доброволно примената задача. Кој би можел да служи на високи и светли идеали ако не го примил врз себе откажувањето и подвижништвото? Служењето на високи и светли идеали е неспојливо со приврзаноста на умот и на срцето кон преодните суети од овој свет. Кој се стреми кон тие идеали го знае својот пат на искачување. Тој не слегува надолу, освен ако не е потребно, по примерот на Исуса Христа. Слегува за да ги прими оние што се во немоќ и ги издигнува повисоко, односно кон Себе. Затоа Господ Исус Христос вели: „А кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв; нека ви биде рoб" (Мат. 20, 26-27).


Св. Никола на еден чудесен начин бил избран за епископ на градот Мир Ликијски, во денешна Турција. Тој овие принципи на служење на другите ги негувал и практикувал како свештеник, но, уште повеќе и поревносно продолжил да ги практикува во неговиот архипастирски живот. Затоа светата Црква во неговиот тропар му пее дека е правило на верата и образец на кротоста и на воздржливоста, но е и образец во цврстината на исповедањето на вистината, на правдата и во милосрдието кон својата паства.
И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм посветен во негова чест, да се обратиме со искрена молитва кон св. Никола, нека ни ја зацврсти нашата православна вера. Та и ние да се угледаме на неговиот пример. На примерот за цврста и непоколеблива вера изразена преку правењето на добри дела. Па така, преку неговите молитви да измолиме милост Божја за да можеме да живееме исправен христијански живот и да се здобиеме со вечен и блажен живот. Амин, така нека биде.

 

Св. Никола Мирликијски
19. 12. 2015 год.
храм „Св. Никола Геракомија" – Варош, Охрид

 

svnikola2015 1

svnikola2015 2

svnikola2015 3

svnikola2015 4

svnikola2015 5

svnikola2015 6

svnikola2015 7

svnikola2015 8

svnikola2015 9

svnikola2015 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1