„Преподобен отче, ти не си им дал сон на очите твои, ниту дремка на веѓите твои, додека душата и телото не си ги ослободил од страстите и за живеалиште на Духот не си се подготвил себе, бидејќи, откако Христос, со Отецот, си изгради дом во тебе, те направи и живеалиште на Едносушната Троица. И сега, Науме блажени, моли се да се спасат душите наши“ (Литиска стихира на Слава... на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец). 

 

Празнувањето на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, таткото на монасите, започна на 04.01.2016 година со свечена Вечерна богослужба во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот го изгради и во кој со пост и молитва секојдневно ги победуваше страстите и искушенијата. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. 

 

Прославата на великиот Црноризец продолжи утредента на 05 јануари, со света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Атанас Казанџиски, Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевки, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike shoes | GOLF NIKE SHOES

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Нашиот Спасител Господ Исус Христос го проповедаше словото Божјо. Целта на Неговата проповед беше разјаснување на вистината за царството Божјо. Навистина, тоа пред сè, е царство небесно, односно од другиот свет. Царство во кое совршено царува волјата Божја. Тоа царство ќе го наследат оние кои се труделе да влезат во радоста на Господарот на животот.


Но, царството Божјо е, и треба да биде, и тукашна среќа на луѓето. Тоа е нешто идно, за сите луѓе кои ќе живеат во полна радост на Нова земја и под Ново небо. Царството Божјо е зададена обврска на секој човек. Обврска којашто треба да ја достигне. Нашиот Спасител Господ Христос вели: „Царството Божјо е внатре во вас" (Лука 17, 21). Тоа царство се разоткрива во човековата душа. Кога славата за царството Божјо ќе се оплоди во душата на човекот, тогаш самото царство започнува да се пројавува во неговото срце, во неговите мисли и во неговите постапки. Тоа го опфаќа целиот негов внатрешен живот. Ние знаеме дека Господ Исус Христос вели: царството Божјо приличи на квасец кој го скиснува целото тесто во ноќвите. Тој квасец, на тоа чудно царство, постапно го зафаќа целиот човек и сите сили и дарби ги менува во нов живот. Тогаш тоа постанува вистина на животот кое ги определува сите пројавувања на совеста; сите благородни трепети на човековото срце и сите копнежи на човековиот ум за проникнување во самиот живот. Царството Божјо постанува пат на севкупното човечко битие кон одредената цел, односно вечниот живот.
Откако ќе се соединиме со словото Божјо и кога ќе создадеме погодна почва тоа да може да живее во нас, тогаш се открива величествен простор за нашата душа. Тоа всушност е царството Божјо. Тогаш ние имаме сè што ни е потребно за духовно и материјално суштествување. Затоа Господ Исус Христос вели: „Барајте го најнапред царството Божјо" (Мат. 6, 33). Господ Исус Христос нè поучува дека царството Божјо е пред сè останато. Тоа е пред нашите барања, пред сите копнежи на срцето и пред нашите мисли и пред најубавите стремежи. Он нè учи да го сакаме евангелскиот закон, односно законот на Божјото царство, на добрината и љубовта.


Ние, христијаните, наречени сме и синови на царството Божјо (Мат. 13, 38). Такви, пред сè, се оние кои пред секоја друга работа го бараат тоа царство. Тоа е како еден добар син кој го бара она што законски му припаѓа од наследството. Тој не се откажува од наследството на својот татко, туку го прима, и не го распродава, туку го умножува. Таква е волјата Божја преку исполнувањето на основата врз која се гради царството Божјо во душите во овој живот.


Божјите угодници живееле и работеле во нивниот овоземен живот трудејќи се да го здобијат царството Божјо. Еден од нив е и св. Наум, Охридскиот Чудотворец чиј спомен денес го прославуваме во неговиот свет манастир. Како што знаеме овој наш молитвеник живеел во втората половина на IX век, а својот живот го завршил на самиот почеток на X век, поточно во 910 година. Св. Наум за време на неговиот овоземен живот сецело се предал на остварување и здобивање на царството Божјо. Затоа, ги презрел сите овоземни блага оддавајќи се на испосништво, молитва и на добродетелен живот. Уште додека бил во тело, Бог го обдарил со обилна благодат. Со благодат преку која можел да прави чуда. Но, не да се прослави себеси, туку да Го прославува и да Го велича името Божјо како Создател и Промислител на човечкиот род.


Добро ни се познати многубројните негови чуда. Познато ни е како на св. Наум му се покоруваат и бессовесните животни. Познат ни е случајот со мечката којашто го заменува отепаниот манастирски вол. Но, св. Наум уште повеќе се пројавува како наш помагач и молитвеник пред престолот на Севишниот Бог. Тоа е изразено преку правењето безброј чуда врз многу христијански, па и на нехристијански души. На оние души кои со искрена вера и молитва му се обраќаат и бараат од него закрила и помош. Бог, гледајќи ја неговата вера и неговата силна и непоколеблива одлука да Му служи со правда и добрина, го обдарил со благодат да може да лекува, да утешува, да им помага на луѓето и да ги утврдува во верата Божја. Да им помага за да можат да ги пребродат многубројните искушенија и сплетки од нечестивиот во овој земен живот. Со Божја помош, пак, да го наследат царството Божјо, кое е создадено за секоја христијанска душа која Го исповеда Господа Бога. Но, не само со збор, туку, тоа го потврдува со исправен и добродетелен живот. И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет манастир, да се обратиме со искрена молитва кон св. Наум, Охридскиот Чудотворец, нека биде наш молитвеник и поткрепувач. Па да можеме нашата вера да ја живееме онака како што му е угодно на Бога. Преку таквиот живот да можеме да се надеваме на милоста Божја и на здобивање на царството небесно сега и во сета вечност. Амин.

 

Преп. Наум Охридски
05. 01. 2016 год.
манастир „Св. Наум Охридски" - Охрид

 

prepnaumzim2016

prepnaumzim2016 1

prepnaumzim2016 2

prepnaumzim2016 3

prepnaumzim2016 4

prepnaumzim2016 5

prepnaumzim2016 6

prepnaumzim2016 7

prepnaumzim2016 8

prepnaumzim2016 9

prepnaumzim2016 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6