„Сега тајно ќе се исполни пророчкото претскажување: И ти Витлееме, земјо Јудина, никако нема да се наречеш помал од војводствата (Јудини), подготвувајќи ја пештерата; оти од тебе ќе излезе Водач на народите, во тело, од Дева Отроковица, Христос Бог, Кој ќе го пасе Својот народ - новиот Израил! Сите заедно, да го прославиме Неговото величие“ (тропар на Прв час на Претпразнество на Божик). 

 

На 06.01.2016 година, на Претпразненството на Христовото Рождество - Бадник, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј го освети бадниковото гранче и се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Пред доаѓањето во градскиот храм во Кичево, Митрополитот Тимотеј го посети и манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, каде што го освети бадниковото гранче и го навести доаѓањето на Овоплотениот Бог. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Best Nike Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Се наоѓаме на навечерието на празникот Рождество Христово. Празник кој е еден од најсвештените денови во историјата на нашето спасение. Празник радосен за сите коишто живеат во Христовата Црква, и кои, преку неа одат по патот на спасението, издигнувајќи се духовно сè повисоко кон царството небесно. Синот Божји дојде на земјата како пратеник на Љубовта. Дојде за да ја проповеда вистината на животот и да ни го открие патот преку кој се влегува во животот на вистината. А преку Неговата жртва да ги направи луѓето синови Божји и потполни наследници во изобилието на Животот. Колку е убедувачко и едноставно. Самиот Господ Исус Христос ја разоткрива смислата на Своето доаѓање на земјата. „Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина"(Мат. 20, 28).


Ние, од целиот Нов завет, знаеме дека Он во Неговиот живот не побарал луѓето да Му служат, ниту, пак, да Го величаат. Он нема потреба од наше, ниту служење, ниту, пак, величање. Он е над сите наши можности и замисли. Он е Создател на видливиот и невидливиот свет. Он уште од најрана младост живее и се труди, го заработува Својот леб со сопствени раце и со сопствена пот, покажувајќи ни и нам, дека треба да се трудиме и својот леб да го заработуваме со сопствен влог. Кога велиме леб, тука ги подразбираме сите секојдневни потреби кои ни се потребни за наше постоење, живеење и делување во овој свет.


Животниот пат на Вооплотениот Богомладенец е трнлив од самиот почеток. Он се раѓа во пештера, бидејќи за Него во Ерусалим и во Витлеем немало место да се роди како Избавител и Спасител на човечкиот род. Затоа, се раѓа онаму каде што пастирите ги чувале своите стада. И покрај тоа што ѕвездата ќе покаже дека се раѓа Месијата, Спасителот и Избавителот на родот човечки, Он не ќе биде примен, ниту, пак, разбран. Злобниот Ирод, наредува да се убие Младенецот, а Провидението Божјо Го носи да бега во Египет, не дозволувајќи му на Ирод да ја изврши својата злобна намера.


Кога ќе порасне, Он ќе работи кај Јосиф, занимавајќи се со дрводелие. Кога ќе наполни 30 години, ќе излезе на јавна проповед и постојано ќе ги учи луѓето на смиреност, на кротост, на правда, на љубов, на почит и на сите христијански добродетели кои нè обврзуваат и нас да ги почитуваме и да ги исполнуваме. Добродетели кои нè прават достоинствено да го носиме името христијани. На крај Својата Искупителна мисија Господ Исус Христос ќе ја изврши на Голгота со Неговото распнување. На Голгота ќе даде откуп за сите гревови на севкупниот човечки род, па секој што ќе поверува и ќе се крсти во Негово име ќе има живот вечен. Сето тоа ќе го посведочи и ќе го потврди со Своето Воскресение, преку кое ќе ги скрши адските порти. Повторно ќе го отвори царството Божјо за сите оние коишто веруваат и живеат според начелата и барањата на нашата света Црква и вера.


Наоѓајќи се вечерва во овој свет храм, во предвечерието на раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, да отфрлиме од нашите срца, мисли и ум секакви злоби и пакости. Па да направиме простор во нашето срце и во нашата душа да се роди Христос. Та да можеме и ние да Го проповедаме, носејќи Го достоинствено во нашиот живот, онака како што ни прилега како Негови следбеници и ученици. Да правиме добри дела и да спечалиме милост Божја за вечен живот. Амин!


Честит Бадник.

 

Бадник - вечерта
06. 01. 2016 год.
Храм „Св. Петар и Павле" - Кичево

 

бадник2016 1

бадник2016 2

бадник2016 3

бадник2016 4

бадник2016 5

бадник2016 6

бадник2016 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6