На ден 28.04.2011 година, Светли четврток, традиционално, како и секоја година, беше отслужена света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Јован – Канео“ во Охрид на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), свештениците Игор Никовски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.