„Ништо не можат да му сторат на маченикот лакот и, стрелите твои, непријателу на човековото спасение, бидејќи тој и по смртта живее и бдее, и им се противи на твоите злодела, за да го спаси секого што православно верува“ (песна од Канонот на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 19.03.2016 година, во првата сабота од Великиот пост, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | adidas Yeezy Boost 350

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Наоѓајќи се во првата недела од Велигденскиот пост, нашата света Мајка, Православната црква, се грижи да нè приближи кон основната цел на нашето постоење. Таа цел е соединувањето со нашиот Спасител Господ Исус Христос. За да дојдеме до ова соединување треба да се подготвиме. Подготовката, за средба и примање на Господа Христа, треба да биде телесна, но, уште повеќе духовна. Затоа, светата Црква, во овој Велигденски пост, ги удвојува молитвите и богослуженијата. Ги зголемува, сè со цел, подостоинствено и почесто да им овозможи на своите верници да се соединат со Господа Христа.

Соединувањето со Христа е централен настан и централно учење на нашата света вера и Црква. Додека, пак, централен настан во црковното богослужение е Христовото воскресение. Кога ќе воскресне Господ Христос, апостолите и другите Негови следбеници не Го виделе. Но, тие поверувале и знаеле дека Он е воскреснат. Он ќе ги придружува по патот за Емаус. Поради таа средба срцата на апостолите ќе горат за Него. Исто така, Господа Христа Го гледаат воскреснат,кога Он, преку затворена врата ќе влезе во горната одаја,каде што биле собрани поради страв од Јудејците. Откако Христос ќе влезе преку заклучена врата и ќе седне на трпеза со нив, тогаш тие ќе се зацврстат и утврдат во Христовото воскресение.

Соединувањето со Христа се случува кога ние ќе се сретнеме со Него. А се сретнуваме со Него за време на светата Причест. Сретнувајќи Го на светата Литургија, ние ги исполнуваме Неговите зборови: „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него" (Јн. 6, 56). Колку и да се подготвуваме и постиме, и колку да правиме други добродетели, без милоста Божја и без Неговата љубов кон нас, не ќе можеме достоинствено да се подготвиме да се соединиме со Него. Но, тоа не значи само да се надеваме на милоста Божја, туку, потребен е и наш влог, наше ангажирање, наш подвиг, наше исповедание, наша сеопшта духовна и физичка подготовка. Само така може да се надеваме на Божјата милост и благодат. На благодатта којашто ѝ притекнува на помош на секоја душа што се труди да се уподоби и да живее според редот и поредокот на нашата вера и света Црква.

Сите оние коишто денес сакаат да се соединат со Христа, односно сите што сакаат да се причестат, нека побараат прошка од своите познаници, блиски и роднини. Нека побараат прошка и од непријателите, па само така ќе го исполнат словото Божјо кое вели: „И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот свој" (Мт. 5, 23–24). Па така причестувајќи се, Телото и Крвта на нашиот Спасител да ни бидат за духовно и телесно спасение. Амин!

 

Тодорова сабота

19. 03. 2016 година

Храм „Успение на Пресвета Богородица" – Каменско, Охрид

 

todosab2016 1todosab2016 2todosab2016 3todosab2016 4todosab2016 5todosab2016 6todosab2016 7todosab2016 8todosab2016 9todosab2016 10todosab2016 11todosab2016 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1