„Ти која Го роди Лекарот на сите луѓе, радувај се, Богоневесто, жезолу таинствен, од кој процуте цветот неовенлив! Радувај се, Владичице, преку која со радост се исполнуваме и живот наследуваме (песна од Канонот на Утрена во сабота од Петта седмица на Великиот пост).
На 15.04.2016 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во вечерните часови во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, според востановениот типик на Црквата, беше отслужена Утрена богослужба, заедно со Акатистот на Пресветата Мајка Божја, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски и свештениците Димче Азески и Горан Ставрески. Мноштво верници дојдоа да се помолат на Мајката Божја, знаејќи дека таа има сила пред својот Син, да се помоли и застапи за нас грешните и да ни помага на патот на исполнувањето на Неговите заповеди. Пресветата Владичица нека се моли за сите нас, та очистени и просветени од Светиот Дух, да го дочекаме и светлото Христово Воскресение.
Best Authentic Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ