„Ако адот или клучевите на гробот не те задржаа, како можат, Спасителу, клучеви на врати да го спречат Твоето влегување?“

Во неделата по Пасха, Недела на Антипасха или позната уште како и Томина недела, го празнуваме Обновувањето на Христовото Воскресение и допирањето на апостолот Тома. „Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите живодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше: Ти си мојот Господ и Бог!“ (кондак на Томина недела). Ова било уште една потврда за Христовите рани и страдања, но пред сè на Христовото Спасително Воскресение.

jordan Sneakers | Nike

На овој ден, на 01.05.2011 година, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), свештеник Сашо Ристески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата беше извршено мало преосветување на храмот поради поставувањето на новиот под и подното греење во овој наш храм, кој е донација на г. Љубе Јовчевски од Скопје. Како благодарност за неговата донација, црковниот одбор при храмот „Св. Никола“ му подари на г. Љубе икона од Господ Исус Христос, копија на иконата од иконостасот. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното паство со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

 

         
Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

Нашата света православна Црква денеска прославува еден настан опишан во светото Евангелие, а кој се случил осум дена по Христовото  воскресение. Кога Господ Исус Христос првпат им се јавил на своите ученици, апостолот Тома не бил со нив. И кога апостолите му кажале дека го виделе Господа, тој не поверувал и рекол: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“ (Јн. 20,25).

И по осмиот ден повторно се јавил Господ на Своите ученици, но сега со нив бил и апостолот Тома. Господ му се обратил на апостолот Тома и му рекол: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“ (Јн. 20, 27-29). Овој евангелски расказ се повторува неколку пати преку црковната година и секогаш ние во него можеме да видиме колку многу е важен животот за луѓето. Кај нас луѓето постои некоја тенденција и размислување, кои се јавуваат и кај црковни луѓе, да го сведуваме односот со Бога на некоја шема, на некој внатрешен приватен однос, и тоа поврзан според закони и прописи, параграфи и слично.

Но, еве пример: кога ние едно правило почитуваме, Бог од небото ни дал знак на одобрение, но кога не го практикуваме не гледаме дека Бог се оттргнал од нас заради нашите слабости. Дефинитивно правилата и дисциплините се важни, но Евангелието не ги става на прво место. Ние од денешното Евангелие го гледаме апостол Тома, еден од најревносните ученици и можеби еден од оние со најсилна вера, во срцето се посомневал во Господа и Господ не го искарал и прекорил, туку му рекол: ако сакаш тоа да го провериш, провери го и увери се. И ние во тоа или тој настан уште еднаш гледаме животна правда кај вистински човек верник. Господ не се гневи на искрените движења на срцето. Тој допушта тоа формално да биде и погрешно. Тој милостиво ги прима нашите сомневања кога нешто се случува со нас. Но, Господ воопшто не е милостив кон оние кои не се искрени, како што се лицемерите, фарисеите и слични. 

За жал, не ретко се прима така животот на христијаните во нашиот живот и во нашето општество. Црковниот поглед не е секогаш насочен кон Евангелската страна, туку обратно, често пати на таа другата, фарисејската и садукејската. Но, со нас не треба да биде така. Црквата ни ги предлага Пасхалните или Велигденските празници и Велигденскиот пост кога нè повикува на поусрдни молитви и богослуженија, кога нè задолжува да ги исполниме нашите религиозни обврски, но не само за да добиеме еден плус повеќе од формална страна, туку тие обврски и посети на црквата правилно да ги разбереме и да го насочиме нашиот живот кон Евангелскиот живот. Евангелскиот живот е всушност реален, вистински живот и во него има место и за сомневање и за паѓање, но на патот на сите тие потешкотии нас нè пресретнува милостивиот Господ, Кој за тоа не нè прекорува, бидејќи нè сака, како мајката што го сака своето дете.

Кога апостолот Тома со голема вера воскликнал: „Господ мој и Бог мој“ - тој тоа го зборува од полнотата на животот од средбата со Господа. И во овие Пасхални денови сакам да ви посакам на сите, нашата душа да се сретне со Бога, та нашиот црковен живот да не постане само закон и пропис или просто рутинско одење или формално одење во црква. Да се обидеме како вистински христијани да се издигнуваме кон живиот Бог и сецело да му го предадеме нашето срце и душа. Нека воскреснатиот Христос воскресне во нашите срца и души во нашиот живот во нашите помисли и дела, па да можеме и ние како апостол Тома да го исповедаме Христа: „Господ мој и Бог мој!“.

Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам, а истовремено и да ги пофалам црковните настојатели при овој свет храм посветен на свети Никола Мирликискиот чудотворец, за нивното многу сериозно ангажирање во разубавувањето на домот Божји. Како што знаете, минатата година на овој празник го преосветивме светиот Престол и новиот иконостас во даборез, а еве оваа година го гледаме новиот мермерен под со подно греење, кое ќе придонесе за поголема удобност на луѓето што ќе се црквуваат во овој свет храм. Храмот го разубавија и со доградбите на западната и јужната страна со убав делкан камен, со што и црквата доби во простор, но и на својата убавина. Не помала нивна заслуга е и изградбата на камбанаријата, како и уредувањето на севкупниот простор на црквата. Посебно би сакал да му искажам благодарност на г. Љубе од Скопје, кој е донатор на подот и на иконостасот. Им искажуваме благодарност и на останатите донатори кои помагаа со финасиски средства, но исто така и на луѓето кои што се вградија во овој свет храм, со нивното работење, со нивната грижа, за да можеме ние денеска да се црквуваме и да не се ангажираме околу сработеното. На сите и знаени и незнаени помагачи и донатори како архиереј на оваа епархија искажувам благодарност и го молам воскреснатиот Господ Исус Христос стоструко нека им возврати со тоа што е корисно и спасоносно за нивните души и тела.
Христос воскресе!

Митрополит Тимотеј

Томина недела
01.05.2011 година, храм „Св. Никола“ Долна Маала, Охрид

Tomned2011 2

Tomned2011 4

Tomned2011 6

Tomned2011 8

Tomned2011 10

Tomned2011 12

Tomned2011 14

Tomned2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1