„Пристапи жената грешна и осквернета, пролевајќи солзи, љубејќи Те и страдањето навестувајќи го: Како ќе Те погледнам, Господи? Зашто Самиот си дошол да ја спасиш блудницата. Мене умрената, воскресни ме од бездната, Ти, Кој го воскресна од гробот четиридневниот Лазар. Прими ме, Господи, мене бедната, и спаси ме“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велика среда).
На 27.04.2016 година, во светата и Велика среда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Роберт Илијевски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, свештеникот Димче Азески ги причести верните кои се подготвиле да пристапат кон светиот Путир, а свештеникот Владо Недески им подели нафора на присутните верници.
Nike Sneakers Store | Autres