„Адам заспа и од ребрата негови смрт истече, а сега Ти спиеш, Слове Божји, и живот од ребрата на светот му точиш. Лозо животна слезе до дното на земјата, вино спасително ни подари, Крстот и страдањата ги прославуваме“ (стихови од Статиите на Велики Петок).

 

Во светиот и Велики Петок вечер, кога според востановената традиција ја пееме саботната Утрена служба, го празнуваме боготелесното погребение на Спасителот Христос и Неговото слегување во адот. Создателот денеска слегува во адот со тело, но не и со душата, зашто адот отстапи и се избезуми од преголемата сила. Денес Пречистиот Храм - Христос, Вториот Адам, слезе во длабочините на адот, за да го стане првиот Адам и да го повика човековиот род кон спасение. Христе Боже, дојди и во нас, и воскресни ја нашата душа од духовната заспаност, та и ние да земеме учество во Твоето светло и спасоносно Воскресение. 

Nike air jordan Sneakers | Mens Flynit Trainers

 

На овој свет ден, на 29.04.2016 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба, на која беше воспеано и Христовото погребение, а на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Роберт Илијевски и Павел Крцоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Вечерва, се собравме во овој свет храм, да го извршиме црковниот поредок на погребението на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Ние, духовно и мисловно, Го гледаме Христа, онака како што Марија Магдалена и Марија Јосифова гледале каде Го полагаат Господа Христа (Мк. 15, 47). Кон овој настан треба да бидеме внимателни, онака како што биле внимателни и Христовите ученици.


Што гледаме ние? Гледаме гроб. Во гробот нашиот Спасител. Околу гробот Пресветата Дева Марија – Мајката Божја и возљубениот Господов ученик. Исто така, гледаме како се извршува погребението Христово од страна на благоверниот Јосиф и од Никодим, тајниот Христов ученик. Со нашите телесни очи мислено ги гледаме и невидливите ангели. Тука, ги гледаме и предметите со кои Христос бил измачуван. Односно го гледаме крстот, трновиот венец, клинците, копјето, губата. Го гледаме и петелот кој е проповедник на Петровото покајание. Го гледаме и ковчежето со натписот 30 сребреници, главната вина на погубниот Јуда.


Од историјата и од животното искуство знаеме дека гробовите секогаш биле надворешно украсени и естетски уредени. Но, секогаш и сите, внатрешно биле исполнети со непријатна глетка, со распаднато тело и нераспаднати коски. Додека, пак, Гробот Христов е поинаков од сите останати гробови. Тој не е поубав од останатите затоа што е нов и затоа што во него претходно никој не бил положен. Туку тој е поубав бидејќи е извор на живот, тој е победител на смртта и тој точи живот вечен.


Гледајќи го гробот Христов, ние се потсетуваме на севкупниот Негов животен пат. Особено, Неговото доаѓање во овој свет, раѓањето од света Дева Марија, проповедањето на Евангелието, основањето на Црквата Божја, востановувањето на светата тајна Евхаристија, претрпувањето на сите понижувања, шлаканици, исмејувања, подбивања, судењето, и на крај, распнувањето на крст помеѓу двајца разбојници. Сето тоа, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, го претрпува за нас, за нашето спасение, за нашето избавување и за нашето помирување со Бога. Со тоа Он ни дава можност да си ја вратиме првобитната убавина.


Велики Петок и погребението на нашиот Спасител е празник кога човечката злоба доаѓа до својата кулминација. До кулминација на неблагодарност и осветољубивост. Господ Христос, додека го проповедаше Евангелието, на човечкиот род му правеше само добрини. Слепи прогледаа, сакати проодеа, неми проговорија, болни се излекуваа. И покрај тоа што од Ерусалимските деца беше дочекан како Јудејски цар, само по пет дена, истиот тој неблагодарен народ го предаде на суд и на распнување. Христос сето тоа го поднесе заради нас и заради нашето спасение. Од страв од Јудеите, и Христовите ученици се откажаа од Него. И Петар се откажа од Него. Но, пеењето на петелот го потсети на Христовите зборови. Петар со покајни солзи го искаа својот грев.


Преку овој пример, светата Црква нè повикува и нè поучува сите нас. Во нашиот овоземен живот, кој повеќе, а кој помалку, се откажуваме од Христа. Па да се угледаме на ап. Петар, та и ние, со покајание и со молитва, да бараме прошка од Господа. А Он, пак, како Семилостив и Човекољубив, да ни ги прости нашите отстапки, престапи и гревови. Да ни ја зацврсти верата непоколеблива и вистинска. Па да можеме и ние да се надеваме за наше спасение и да го чуеме гласот на Господа Христа, како што го слушнал и благоразумниот разбојник, кој висел на крстот заедно со Христа: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот" (Лк. 23, 43). Амин!

 

Велики Петок – опело
29. 04. 2016 година
Храм „Св. вмч. Георгиј" – Охрид

 

velpetvec2016 1velpetvec2016 2velpetvec2016 3velpetvec2016 4velpetvec2016 5velpetvec2016 6velpetvec2016 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1