„Крвта на мачениците е семето на кое е изградена Црквата Христова“. Господ Исус Христос им вели на Своите ученици: „Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). И навистина, дури и да нема период во историјата на Црквата, а таа да не била гонета. Но, овие мачеништва се само уште еден доказ за вистината, а Христос е нашиот Пат, Вистина и Живот.

Еден од безбројните маченици кои ја потврдиле својата вера со својот живот е и св. вмч. Георгиј, чиј култ особено е распространет на нашите простори. На денот кога го празнуваме (06.05.2011) света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, Дебар. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј (игумен на Бигорскиот манастир), архимандрит Викентиј (гостин од Романската православна црква), еромонасите Доситеј и Макариј, свештеник Игор Никовски, еромонах Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше извршен мал водосвет, а кон многубројниот народ, нашиот Митрополит се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Nike News

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Христос воскресе!

Драги браќа и сестри!

Скоро сите големи движења, политички, национални, верски, философски или било какви други, се зацврстени и се утврдени на многу силни, храбри личности. Речиси и да нема успешно движење во кое нивните водачи или нивните следбеници не го засведочиле и не го потврдиле со својот живот. Најдобрите и најморалните луѓе морале да се жртвуваат, за нивните учења или движења да пуштат сериозни корени за да можат да опстанат во историјата на човештвото. Но, ако се направи, пак, споредба на христијанството со било која религија или движење и учење, никој не може да се спореди со дадените жртви низ долгата историја од 20 века. Христијанството ќе биде на чело на таа листа со своите маченици и жртвувани луѓе за Христа и за верата во воскреснатиот Господ. Таков еден следбеник на Христовата вера, кој го жртвувал својот живот уште во цутот на младоста, но не се откажал од Господа Христа, и денес прославуваме. Тој е денешниот славеник свети великомаченик Георгиј победоносец. Како што знаеме од житието, свети Георгиј бил роден од богати родители во Бејрут, денешен Либан. Откако татко му бил убиен како христијанин, мајка му и Георгиј се преселиле во градот Лид во денешна Палестина. Свети Георгиј завршил воени училишта. Бил многу смел и силен како младич во најразлични борбени вештини. Заради неговата храброст и неговите воени способности, уште на 20 годишна возраст бил одликуван за трибун од страна на римскиот император Диоклецијан. Оваа титула се давала на повозрасни војсководачи кои имале големо животно и воено искуство и се одликувале со извојување на повеќе важни победи за империјата. Но, свети Георгиј сите тие услови ги постигнал уште на млади години и како награда бил одликуван со титулата – трибун.

Токму во тој временски период кога свети Георгиј бил одликуван со оваа висока воена титула, императорот Диоклецијан, кој е познат од историјата како голем гонител на христијаните, издал посебен указ за жестоко гонење на христијаните. Георгиј и самиот присуствувал за време на судењата и мачењата на христијаните. И самиот се уверил дека овие луѓе се гонети и измачувани без никаква вина и престап, освен што верувале во Христа. Георгиј и самиот бил христијанин со длабока вера во Господа Исуса Христа. Така, за време на еден процес на обвинување на христијаните самиот Георгиј се ставил во одбрана на христијаните пред Диоклицијан и се обидувал да им помогне на своите браќа во Христа. Тогаш и самиот исповедал дека е христијанин и дека овие луѓе се лојални граѓани на империјата и дека на правдина се гонети и мачени. Императорот Диоклецијан бил многу изненаден од ваквата јавна исповед на неговиот сакан трибун и затоа не наредил веднаш да биде убиен, туку се обидувал со разни убедувања и разубедувања да го одврати од христијанството својот знаменит војсководител. Но, сите обиди за разубедување на Георгиј биле залудни. Тој си останал верен на својот Бог и на Господа Христа. Тогаш императорот наредил најразлични измачувања на Георгиј за да го принуди да се откаже од Христа, но, овој храбар императоров војник се покажал уште похрабар војник на Христа. Ги поднесувал сите маки и страдања и јавно го исповедал Господа Исуса Христа Распнатиот и Воскреснатиот. Многумина од луѓето кои го гледале мачењето на свети Георгиј, а кои не припаѓале на христијанството, кога ја виделе неговата силна и непоколеблива вера и како тој храбро ги поднесува сите маки, пристапиле и го исповедале Христа. Откако императорот не успеал да го поколеба во неговата вера, наредил да биде погубен со меч и да му биде отсечена главата во 303 година во Никомидија во денешна Турција. Но, пред да биде погубен знаејќи дека го чека смрт, му наредил на својот верен слуга кој го прател секаде, неговото тело после убиството да биде пренесено во градот Лид во Палестина каде што го поминал своето детство.

Подоцна за време на царот Константин Велики, после прочуениот Милански едикт од 313 година, на местото каде што било пренесено неговото тело е подигната прекрасна црква посветена на Свети Георги. Оваа црква и денес постои со дел од моштите на светителот. Свети Георгиј уште од првите денови по неговото маченичко завршување се прочул и е познат во христијанскиот свет како помошник на сите кои со вера, надеж и со молитва му се обраќаат за помош. После свети Никола и Мајката Божја, свети Георгиј е светител кој се прославува низ целиот христијански свет. Многу силни империи, царства и кралства го имаат свети Георги како покровител на нивните земји. Да спомнеме само големата Русија во својот амблем и знаме го има свети Георгиј како заштитник на Русија, истото го има и Велика Британија и други земји. Безброј цркви и манастири се посветени на овој маченик, како кај православните, така и кај другите христијански заедници.

Денеска се наоѓаме во овој свет манастир кој што е посветен на овој Божји угодник, кој својата вера ја потврди и со својот живот. Сите ние треба да извлечеме една поука од животниот пат на свети Георгиј, дека треба цврсто да веруваме и да го исповедаме нашиот Спасител Господ Исус Христос, кој од преголема љубов кон човечкиот род слезе од небесните височини, прими тело од света Дева Марија, поучуваше, правеше чуда, лекуваше секакви болести и на крај неблагодарните луѓе го предадоа, претрпе страдања и понижувања и беше распнат и тоа на крст како разбојник, иако не направи никаков грев, но исто така славно и победоносно воскресна. Ја основа светата Црква, ги остави светите Тајни во неа за да можеме ние да веруваме и да го исповедаме и да добиеме вечен живот  доколку навистина живееме онака како што бара од нас светата Црква, односно нашиот Спасител Господ Исус Христос. Да се обратиме со искрена молитва кон свети Георгиј од неговата силна вера да всади во нашите души, та и ние да можеме да го исповедаме и да посведочиме дека сме негови следбеници, сега и во сета вечност. Амин!

Христос воскресе!

   

Митрополит Тимотеј

Св. вмч. Георгиј
06.05.2011 година, ман. „Св. Гергиј Победоносец“ Рајчица, Дебар

liturgija 260

liturgija 279

liturgija 286

liturgija 378

liturgija 405

liturgija 440

liturgija 445

liturgija 481

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1