„Христос му велеше на Тома: Допри Ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите увери се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).

 

На 08.05.2016 година, во Неделата на антипасха - Томина недела, како и на празникот на св. ап. Марко, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike air jordan Sneakers | Footwear

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Христос воскресе!

„Господ мој и Бог мој!" (Јн. 20, 28)

 

Воскресението Христово е централен настан во историјата на човештвото. Ние, од Библијата знаеме дека и во Стариот завет имало пројавување на Божјата милост и Божјата благодат врз одредени луѓе. Пројави каде што биле излекувани најразлични болести на поединци и на народи. Дури, забележан е пример на воскреснување на умрен во Стариот завет, односно пророкот Илија го воскреснува синот на вдовицата во Сарепта Сидонска (3. Царства 17, 18-24). Исто така, во Новиот завет, имаме повеќе случаи кога Господ Исус Христос воскреснува умрени. Воскресението на Јаировата ќерка, четвородневниот Лазар.


Но, историјата не знае за некој што сам себе се оживеал или се воскреснал. Таков пример имаме само кај Господа Христа. Господ Христос, Кој на Велики Четврток беше суден, на Велики Петок распнат на крстот и погребан, положен во нов гроб, запечатен со голем камен, чуван со стража, сепак, во неделата рано наутро Сам воскресна. Ова е чудо над чудата, и чудо какво историјата во своето постоење не памети. Христос, како што ни опишуваат четворицата евангелисти, најпрво им се јавува на жените мироносици, како најревносни и најоддани негови следбенички. Потоа, им се јавува и на апостолите, кои од страв од Јудеите, биле затворени во горна одаја. Кога им се јавува Христос, тие не поверувале, туку, помислиле дека гледаат привидение. Апостолите применуваат емпириски методи за да се уверат дека е тоа нивниот Учител Христос. Го допираат Неговото Тело, поточно, Неговите рани, на ребрата и на рацете, па потоа Христос, за да го разбие нивното маловерие, јаде на маса со нив. Кога по некое време ќе дојде и апостолот Тома, кој не бил тука кога Христос им се јавил на апостолите, и кога му кажуваат дека Христос воскреснал, тој ќе ја изговори познатата реченица: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам" (Јн. 20, 25). Токму заради овие зборови и поради ваквото негово расудување, овој апостол Христов го добил народниот епитет неверен Тома. Христос ги зема неговите прсти и неговата рака и ги става во Неговите рани. Тома, пак, ќе рече: „Господ мој и Бог мој" (Јн. 20, 28). Заради ова негово маловерие и Господ Христос го прекорува: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!" (Јн. 20, 29).


Историјата, поточно, светите Евангелија, нè поучуваат дека нашата вера не се темели само на имагинација. Односно, апостолите, испитувале и емпириски проверувале. Дури потоа тоа го запишувале и го предавале на своите следбеници да го проповедаат и во тоа да ги утврдуваат христијаните. Допуштањето од страна на нашиот Спасител Господ Исус Христос, како на апостолите, а посебно на св. ап. Тома да ги допираат Неговите рани, е со цел да се прекратат сите можни шпекулации, кои ќе се појават во историјата. Шпекулациите дека апостолите не виделе реален воскреснат човек, како што бил Христос, распнат и погребен, туку дека имале привиденија. Но, токму овие примери, таквите размислувања, а често пати, злонамерни комбинации, се разбиваат од историските и реалните факти. Затоа, и ап. Тома не е отфрлен од апостолското служење на Господа Христа. Туку напротив, тој, своето определување да биде Христов следбеник и проповедник, ќе го потврди со големите успеси на ширењето на христијанството во Индија. И својот живот ќе го заврши како свидетел Христов, односно како маченик. Затоа, светата Црква, оваа прва недела по Воскресението, ја посветува токму на овој Божји угодник.


Да се обратиме со искрена молитва кон св. ап. Тома. Тој да се застапува пред лицето Божјо за зацврстување на нашата вера, за исповедањето на Распнатиот и Воскреснатиот Христос, а за прослава на Троединиот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин!

 

Христос воскресе!

 

Томина недела
08.05.2016 година
Храм „Св. Никола" – Долна Маала, Охрид

 

томнед2016 1томнед2016 2томнед2016 3томнед2016 4томнед2016 5томнед2016 6томнед2016 7томнед2016 8томнед2016 9томнед2016 10томнед2016 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6