На 11.05.2016 година, Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, беше на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим - Охрид. При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Притоа, Митрополитите пријателски поразговараа на различни теми од секојдневниот живот и си разменија пригодни Пасхални подароци.
Buy Kicks | New Balance 991 Footwear