„Стариот закон, Пречиста, преславно те предвидуваше како скинија и божествен сад, необичен Ковчег и царска завеса, и жезол неразрушлив и врата Божја. Затоа нè учат да ти викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста" (песна од канонот на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица).

Денес Божјата Мајка и Царица во домот Господов се воведува, а со себе и благодатта на Светиот Дух ја воведува. Затоа и ангелите и човечкиот род го воспеваат родот на праведните Јоаким и Ана, светлата небесна Скинија, Пресветата Владичица наша Богородица.

bridgemedia | adidas Yeezy Boost 350

На овој голем празник, на 04.12.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Сашо Додевски, Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На овој светол ден, духовната нива Господова доби уште еден вреден работник. Имено, Митрополитот Тимотеј го ракоположи во ѓаконски чин богословот Роберт Илијевски од Куманово. Роберт е роден на 25.04.1987 година во Куманово. Основно образование завршил во родниот крај, а средно во МПБ „Св. Климент Охридски" во Скопје. Моментално е студент на ПБФ „Св. Климент Охридски" во Скопје. Од името на нашиот Митрополит и од името на цела Епархија, му го честитаме чинот на новоракоположениот ѓакон, со желби и молитви секогаш верно да служи на светата Христова Црква.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри!

Денеска, нашата света Православна црква, прославува еден од Богородичните празници. Тоа е празникот Воведување во храмот на Пресвета Богородица во Ерусалим. Во Ерусалимскиот храм расте ова прекрасно битие, во кое, пак, подоцна ќе се овоплоти Спасителот на светот Господ Исус Христос. Во храмот, св. Дева Марија се подготвувала за големото дело со труд и молитва, во благочестивост, размислување и читање на словото Божјо. Преку нејзиниот труд, таа ги умножувала сите благодетни дарови од Светиот Дух, како за себе така и за сите луѓе. Во храмот Божји сè е прекрасно и трогателно, а тоа, пак, не е случајно. Затоа што тоа е дом Божји и во храмот живее Живиот Бог.

Светата Црква и нас нè приведува во храмот. Нè приведува, само ако ние навистина ја почитуваме царицата на небото и земјата, и со помош на Божјиот храм, ја подржуваме во добродетелите, во светоста и славата. Во храмот Божји ние се здобиваме со богати небесни благодати. Ги здобиваме преку светите тајни, во богослуженијата, во нашите заеднички молитви и песнопенијата, во поуките на светата Црква и почитувајќи го нејзиниот поредок. Во храмот Божји се воспитуваме во мир, љубов, милосрдие и во взаемно почитување. Таму, ние ги слушаме зборовите на светата Литургија „горе да ги имаме срцата". Тоа, пак, значи, да ги издигнеме нашите срца и помисли горе кон небото, поточно, да се издигнеме над сè што е овоземно и човечко.

Храмот Божји, тоа е место за духовно растење на секој христијанин и место каде што секој христијанин се усовршува и оди кон светоста. Затоа, ако ние ја сакаме небесната царица и ако ние прибегнуваме кон неа, и пееме и ја величаме во нејзините празници, тоа значи дека сме должни, да ја почитуваме и во нејзиниот живот и во нејзините добродетели. Само тогаш ќе бидеме нејзини деца, а преку неа и браќа помеѓу себе во Господа Исуса Христа, Оној Кој го сака нашето спасение.

Пресвета Дева Марија се усовршувала во светиот храм и се подготвувала себеси за големото дело, за вооплотувањето на Синот Божји. Он, пак, доаѓа во овој свет, за да го спаси човечкиот род и поради тоа постанал Син Човечки. Тоа е причината зошто Богомајката го сака човечкиот род и се јавува како дарителка на благодатни дарови и на мајчинска помош, и како наша покровителка и застапничка. Пред иконите на Богомајката и принесуваме непрестајни молитви и бараме нејзино застапништво и ја бараме нејзината мајчинска љубов. Таа, пак, мајчинската љубов, на секој еден од нас, кој со искрена вера и љубов и се обраќа, му ја покажува и обилно му ја дарува. Ние, да се потсетиме на параболата за свадбата во Кана Галилејска. Кога недостигало вино, таа Му вели на Исуса „немаат вино" (Јован 2, 3), а потоа, на луѓето им вели: „Сè што ќе ви каже направете". Тоа е првото чудо на Господ Исус Христос. Таа покажува грижа за луѓето и Го моли Спасителот да им помогне. Постојано Го моли Христа за нас и за нашите потреби. Господ Исус Христос по нејзините молитви ни помага и нам. Во Кана Галилејска таа им кажала на луѓето: „Сè што ќе ви каже направете", и тоа е нејзината порака. Нам, неопходно ни е да го слушнеме нејзиниот Син и да ја извршиме, не нашата, но, Божјата волја, бидејќи во светото Евангелие е речено: „Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен, тој Ми е брат, и сестра, и мајка" (Мат. 12, 50). Нашата послушност кон Бога, за мајката Божја е најголем дар и најголема радост. Само со исполнување на зборовите и заповедите Христови, нас нè приведуваат кон Бога и нè прават чеда на мајката Божја и деца на небесниот Отец.

По молитвите на светата Мајка Божја, така нека биде. Амин!

Воведение на Пресвета Богородица во храмот
04. 12. 2014 год.
храм „Успение на Пресвета Богородица" – Каменско, Охрид

prec2014

prec2014 2

prec2014 4

prec2014 6

prec2014 8

prec2014 10

prec2014 12

prec2014 14

prec2014 16

prec2014 18

prec2014 20

prec2014 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1