„Самиот себе се принесе на Христа како чесно свештенство, себлажени, кој ги љубеше Неговите рани, и не се исплаши ни од свирепоста на мачењето, ниту од заканите на мачителите, премудар Еразмо, туку, радувајќи се, си Му викал на твојот Господ и Бог на сите: Те знам и Те славам, Слове Божји, со Отецот и со Духот“ (стиховна стихира на Вечерна богослужба на свети Еразмо Охридски).

 

Светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, со својата проповед со уста и срце, но, пред сè, со подвигот на својот живот, остава вечен белег во животот на христијаните, како на Исток, така и на Запад. Неговиот спомен особено го прославуваат верниците од охридско-струшкиот крај, кои не ретко слушнале, или лично биле вклучени во едно од многуте за нас познати чуда, извршени и измолени токму од светиот Еразмо. Затоа и манастирот „Св. Еразмо“ во Охрид, на овогодинешниот празник на светителот, на 14 и 15 јуни, беше исполнет со реки од верен народ, кои трпеливо чекаа во колони да запалат свеќа и да се помолат на светиот Еразмо. А според сведоштвата на сите кои долги години го посетуваат местото каде светителот се подвизувал, не се памети да имало толкав број на верници на овој ден. 

Adidas footwear | Nike for Men

 

Празнувањето на светиот Еразмо започна на 14.06.2016 година, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Прославата продолжи утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

 

Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете ли на оваа планина: 'Премести се одовде таму!'

И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно (Мт. 17, 20)

 

 

Драги браќа и сестри,

Секој човек има потреба од верба во себе. Верба во себе за да може да го направи првиот чекор, а потоа, да измине многу километри. Сите големи работи во почетокот биле мали. И најславните луѓе, во нивното детство, во нивниот живот, не се разликувале од нивните врсници. Но, потоа, со силна и непоколеблива вера во себе, но, не помалку и во Бога, истите тие мали луѓе, постануваат значајни во разни области. Некои во науката, некои во техниката, други во војсководството, а некои, пак, се издигнуваат на духовен и морален план дури до светост.


Зборувајќи, пак, за растот на верата во Бога, за нејзиниот раст во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител Господ Исус Христос ги изговорил овие зборови: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете ли на оваа планина: 'Премести се одовде таму!' И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно" (Мт. 17, 20).


Постигнувањата, во техниката и науката, му овозможуваат на родот човечки големи бенефити. Му овозможуваат да се надминат големи простори, да се совладаат цели планини и реки, да се градат огромни мостови, да се влегува во морската длабочина, исто, како и во Земјината утроба. Сите овие достигнувања се постигнати благодарение на верата во Бога и надежта во Неговата милост. Надеж, дека Он ќе им помогне во надминувањето на сите препреки, искушенија и маки кои го пресретнуваат секој еден кој работел на овие различни достигнувања. Но, човекот, треба да совлада уште поголеми препреки и искушенија, доколку сака, на морален и духовен план, да расте и да ја оствари зацртаната цел. Тука, верата во Бога, многу му помага на секој човек. Му помага да може да ги надмине сите препреки кои го следат во неговиот духовен раст. Верата во Бога му помага на верниот човек да ги издржи сите искушенија. Искушенијата и препреките, кои, според човечката логика, невозможно е да се надминат, но, со вера во Бога и во Неговата милост, се остварува она што го има зацртано во својот живот. Затоа нашиот Спасител Господ Христос вели дека таа вера всушност, е зрното синапово, кое на почетокот е безначајно, но, потоа, израснува во дрво (Мт. 13, 32).


Кај античките народи, постоела пракса, кога некој од нивните заслужни дејци ќе починел, во неговиот храм му подигнувале столб. Со тој столб го одбележувале неговото време, а во духовна смисла, тоа, што стои и постои, се темели на неговиот столб. Тој столб е неговиот допринос за добробитта на својот народ.


Во нашата света Православна црква и вера, такви духовни столбови или светилници, се нашите свети манастири. Таков еден манастир е и овој манастир. Манастирот посветен на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец. Неговиот спомен денес сите нè собра. Нè собра за да Го прославиме Господа Бога. Св. Еразмо, како голем столб на Православната црква, го сеел словото Божјо на овие простори и ги просветлувал и осветувал нашите предци со верата Христова. Ги упатувал на вистинскиот пат, кон меѓусебно почитување и растење во верата во Бога. Овој наш светилник, веќе XVII векови, нè повикува кон Христа Бога. Со неговите молитви и преку неговото застапништво пред Господа Бога, многу христијани наоѓаат утеха и ги надминуваат најразличните искушенија и проблеми. Па и ние денеска, кои сме собрани во овој свет манастир, да се обратиме со искрена молитва, св. Еразмо нека биде наш молитвеник и застапник пред Севишниот Бог. Да ни ја зацврсти верата, умножи љубовта, и така, да го исполниме законот Божји и да спечалиме милост кај Господа. Свети Еразмо, моли го Бога за нас!

 

Св. Еразмо Охридски
15. 06. 2016 год.
Манастир „Св. Еразмо Охридски" - Охрид

 

SVERAZMO2016SVERAZMO2016 1 copySVERAZMO2016 2SVERAZMO2016 3SVERAZMO2016 4SVERAZMO2016 5SVERAZMO2016 6SVERAZMO2016 7SVERAZMO2016 8SVERAZMO2016 9SVERAZMO2016 10SVERAZMO2016 11SVERAZMO2016 12SVERAZMO2016 13SVERAZMO2016 14SVERAZMO2016 15SVERAZMO2016 16SVERAZMO2016 17SVERAZMO2016 18SVERAZMO2016 19SVERAZMO2016 20SVERAZMO2016 21

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1