„Ве величаме вас, апостоли Христови Петре и Павле, кои целиот свет го просветливте со своите учења, и ги приведовте кон Христа сите краишта (на вселената)“ (Величание на Утрена на светите славни и првоврховни апостоли Петар и Павле).

 

На 12.07.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светите славни, сефалени и првоврховни апостоли Петар и Павле, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Александар Матески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Running sports | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Во навечерието на страдалните денови на нашиот Спасител, Господ Исус Христос им вели на Своите апостоли бидете подготвени да го носите сопствениот крст кој ќе биде исполнет со големи искушенија и маки. „Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас" (Мт. 10, 17 – 20). Овие зборови на Господа Христа се однесуваат на сите апостоли. Но, посебно се однесуваат на денес прославуваните првоврховните Петар и Павле. Овие двајца столбови на светата православна вера ќе се потрудат повеќе од сите останати апостоли во ширењето и во проповедањето на словото Божјо. Двајцата потекнуваат од различен происход. Ап. Петар е обичен рибар на Галилејското езеро, необразован, семеен, додека, пак, ап. Павле е римски граѓанин, со голема ученост и ревносен исполнувач на старозаветниот Мојсеев закон.


Апостолот Петар, како темпераментен човек, во повеќе наврати ќе истапува со жестоки и храбри изјави дека нема никогаш да се откаже од својот Учител, односно од Господа Исуса Христа. Но, по човечка слабост, тој, во најтешкиот момент, гледајќи го во Господа Христа само човечкиот аспект, кога ќе биде предаден и оптужен пред Пилат од страна на првосвештениците, Петар ќе се откаже дека не Го познава. Од друга страна, пак, ап. Павле ќе биде жесток гонител на христијаните. Ќе биде таков сè до моментот кога ќе се сретне со Христа на неговиот пат за Дамаск. Апостолот Петар, по слегувањето на Св. Дух врз апостолите на Педесетница, ќе биде преобразен и од плашлив ќе постане бестрашен. Ќе го сее семето Христово помеѓу Јудеите поднесувајќи многу маки и искушенија. Но, затоа, пак, тој ќе биде најзаслужниот апостол што на Педесетница, по неговиот говор ќе привлече три илјади луѓе, оформувајќи ја првата христијанска заедница. Тој ќе го проповеда христијанството и во Антиохија, а во Рим ќе покрсти три лица од царскиот двор, и заради тоа, од страна на големиот гонител на христијанството, императорот Нерон, ќе биде затворен во една од римските зандани. Благодарение на христијаните кои имале некое влијание и во такви непријатни услови, во мртва ноќ, апостол Петар одлучил да го напушти затворот и да се оддалечи од Рим за да се спаси. Но, напуштајќи го Рим, по патот го сретнува Господ Христос. При средбата Го прашува Господа Христа: Каде одиш Господи? На тоа Христос му одговара: Одам повторно да пострадам. Апостолот Петар ја разбрал волјата Божја. Разбрал дека не треба да се избегне мачеништвото и страдањето, туку, со сопствената крв треба да ја запечати својата одданост на Христа Бога. Се враќа во римскиот затвор и ќе доживее маченичка смрт. Но, сметајќи дека е недостоен да биде распнат на ист начин како својот Учител, побарал да биде распнат со главата надолу.


Светиот апостол Павле се потрудил на нивата Господова многу повеќе од многубројните трудбеници и работници на лозјето Господово. Тој ги ползувал тогашните римски привилегии како римски граѓанин и можел слободно да се движи низ огромната империја. Тој бил ориентиран кон сеење на Евангелието помеѓу другите народи кои не се од Еврејскиот род. За таа цел, тој, ќе организира три мисионерски патувања при кои ќе основа цркви, оставајќи свои ученици и наследници. Покрај усното проповедање, ап. Павле ќе се погрижи црквите што ќе ги основа, да ги утврди и со напишани посланија, во кои, ги појаснува основните учења на нашата света Црква и вера. Христијанството во тоа време е забранета религија во Римската империја. Апостолот Павле ќе претрпи најразлични измачувања, затворања, тепања, и како што самиот вели удирања со стапови, бродоломи, понижувања, но, сето тоа ќе го претрпи за слава и прослава на Господа Христа. На крај, и овој Божји угодник, својата припадност и верност на Господа Христа, ќе ја посведочи со маченичка смрт во Рим со отсекување на главата.


Прославувајќи го денес нивниот спомен, да се обратиме со искрена молитва кон овие првоврховни апостоли. Тие, нека се застапат пред Севишниот Бог да ни ја зацврсти нашата православна вера. Да ни ја умножи љубовта христијанска. Да ни даде сила и мудрост да ги надминуваме сите искушенија што нè следат во нашиот живот и да останеме верни и доследни исповедници на нашата вера и на нашата Православна црква. Па и ние да Го славиме името на Троичниот Бог, заедно со светите апостоли, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. Петар и Павле
12. 07. 2016 год.
Храм „Св. Петар и Павле" - Кичево

 

petrovden2016petrovden2016 1petrovden2016 2petrovden2016 3petrovden2016 4petrovden2016 5petrovden2016 6petrovden2016 7petrovden2016 8petrovden2016 9petrovden2016 10petrovden2016 11petrovden2016 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1