На 22.05.2011 година, денот кога го прославуваме Пренесувањето на моштите на  св. Николај Мирликиски (летен), беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ во с. Требеништа, Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на игумен Јосиф, свештениците Игор Никовски и Димче Азески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред започнувањето на Литургијата беше извршено преоблекување на престолот после речиси педесет години од осветувањето на храмот. Пред многубројниот верен народ кој дојде да го прослави великиот светител Николај, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме, а по завршувањето на Литургијата беше извршен и Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

best Running shoes | Sneakers

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Христос воскресе!

Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света православна Црква прославува еден голем угодник Божји, свети Никола Мирликијскиот чудотворец. Денеска собрани во овој свет храм, ние преку песни го воспеваме и фалиме прекрасниот наш светител и брз помошник. На сите кои со вера, љубов и искрена молитва прибегнуваат кон него тој брзо им ја дава неговата помош. И многумина од нас што стоиме во храмот Божји, можат да си спомнат и да си кажат дека навистина свети Никола ни помогнал многупати. Ние не можеме да кажеме дека не добиваме одговор од Господа по молитвите на светите угодници кои ги почитуваме и ги повикуваме на помош.

Но, дали ние му благодариме на Господа? Дали размислуваме што е тоа света Црква или што е Евангелие или дека не  треба да се обвинуваме еден со друг и дека е потребно да се придржуваме до светите вистини и закони на Црквата, што ги бара од нас нашата вера и традиција која не се коси со вистинската вера. Но, честопати ние не постапуваме според тоа што го бара од нас нашата Црква, туку се обидуваме нашиот живот да си го уредиме според своето размислување и според личното убедување.

Дали не забораваме да му заблагодариме на Бога затоа што наутро стануваме здрави и прави и што сонцето ќе нè грее и денеска? Ние за тоа не се молиме! Ние се молиме само тогаш кога ни е лошо, кога нешто не бидува како ние што сакаме, кога ќе настапат маки, неволји, кога нашата работа се оспорува и не оди напред, кога имаме проблеми во семејството и на работното место итн. Тогаш ние се сеќаваме да му се обратиме на Бога на Мајката Божја, на светите Божји угодници и од нив бараме помош и застапништво за нашите страдања.

Но, ние никогаш не му велиме на Бога: „Господи, ние не ги исполнуваме твоите заповеди, ние не ја извршуваме послушноста на твоите молитви, ние живееме така како што сакаме самите“. Тоа значи дека ние живееме онака како што самите сме одлучиле да го живееме нашиот живот. Тогаш, пак, Господ си оди од нас, но кога ќе ни се случи некоја болка и некоја трагедија, тогаш едни се обраќаат кон Бога со молитва и бараат помош, а додека, пак, други велат: Каков е вашиот Бог кога допуштил зло? Но, да се запрашаме дали навистина Бог допуштил? Дали  ние со нашиот однос не го донесовме тоа зло на себе, на семејството, на општеството и не ја доведовме нашата лоша душевна состојба. Ако ние одиме секоја недела и секој празник во црква и ги водиме нашите деца во црква, дали ќе ни се случува тоа? Но, сега тие се далеку од Црквата и затоа честопати ќе слушнеме поплаки од родителите дека не се почитувани од своите деца. Но,  наместо себеси да се обвинат дека придонеле за таквата состојба, честопати ја бараат вината кај другата страна.

Свети Никола бил строг исполнител на заповедите Божји. И Господ го наградил за трпеливоста и за љубовта кон луѓето. Тој го соединил во себе и во неговиот живот Христовиот повик да го љубиме Бога и нашиот ближен како самите себе. Затоа и Бог го наградил со голем дар на светоста, прозорливоста и лекување на секакви болести. На многу луѓе, свети Никола како Христов служител бил, е и ќе биде помошник, молитвеник и застапник пред Бога.

Кога ние доаѓаме во храмот Божји и велиме дека го знаеме животот на свети Никола да се потсетиме на зборовите на еден светител кој вели: „Ние ќе можеме да речеме дека знаеме, само тогаш кога и самите живееме така како што знаеме за светителите“. Ако, пак, ние ништо од тоа не исполнуваме и не се трудиме, тоа значи дека ниту знаеме, ниту, пак, сакаме тоа да го правиме. На денешен ден сите ние да застанеме малку и да поразмислиме за нашиот живот кој брзо оди, за тоа како луѓето се изменуваат, односно како се напушта овој свет и дека останува само едно, а тоа е Вистината - Господ и светата Црква Христова.

Во долгата историја на Црквата Христова имало луѓе кои ги затвараа и разрушуваа црквите. Но каде се тие денес? Никој ниту ги спомнува ниту, пак, се сеќава на нив. А светата Црква стои, се возобновува и го прославува воскреснатиот Господ и нè повикува сите нас на покајание и на враќање на вистинскиот пат.

Создателот на Црквата се јавува како Вистина кон која ние сме должни да прибегнуваме во сите денови од нашиот живот. Затоа не е потребно само едноставно и просто да го посетуваме храмот и да постоиме малку во него, туку треба да доаѓаме во храмот како во училиште или како во лечилиште. Кога сме во храмот не е потребно само просто стоење, туку да се запрашаме каков е мојот живот и што ќе му кажам на Бога кога еден ден ќе излезам пред Него. Што ќе му речам и со што ќе пристапам? Со својот имот ли? Да, без имот не може да живее човек. Но, и во обработката на нашиот имот потребен е Божји благослов.

Секое наше доаѓање во храмот како вистински верници ние сме должни по нешто да научиме. Не е убаво бесполезно да се посетува храмот, туку секогаш треба да понесеме со себе по еден мал дел кој ќе ја зацврстува, утврдува и просветува нашата душа. Само тогаш милостивиот Господ ќе го види нашиот труд, нашето настојување, нашето тежнение, нашите желби и нашата борба со самите себе и ќе ни помогне да го носиме нашиот крст, кој Он ни го има дадено за наше спасение на душата.

Да се обратиме со искрена молитва кон свети Никола, тој со неговите молитви да ни помогне, да ни ја зацврсти нашата вера, да ни ја умножи љубовта, за да можеме вистински, онака како што милува Бог, да го живееме светото Евангелие и да добиеме милост од семилостивиот Господ и спасение на нашите души и тела. Амин!

Митрополит Тимотеј

св. Николај Мирликиски (летен)
22.05.2011 година, с. Требеништа,Охрид

svniklet2011

svniklet2011 2

svniklet2011 4

svniklet2011 6

svniklet2011 8

svniklet2011 10

svniklet2011 12

svniklet2011 14

svniklet2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1