„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно го славиме Сесветиот Дух“ (кондак на Педесетница).

Во осмата недела по Пасха ја славиме Педесетницата, односно слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Со ова се исполни ветувањето на Спасителот: „Ќе го замолам Отецот и Он ќе ви испрати друг Утешител, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот“, и уште: „А кога ќе дојде Он, ќе ве научи на сè, и ќе ве упати во секоја вистина“.

Sports brands | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD

На 12.06.2011 година, денот кога ја прославивме Педесетницата, света архиерејска Литургија се отслужи во храмот „Св. Троица“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритите Нектариј и Партениј, игумен Јосиф, свештеник Ромео Петрески, јеромонах Григориј и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Според типикот на светата Црква после Литургијата веднаш се отслужи и вечерна богослужба, на која коленоприклоно беа прочитани и молитвите во кои се молиме за прошка на гревовите и „Бог да ни даде дух на премудрост“. По завршувањето на вечерната Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодно слово, а потоа го изврши чинот на Мал водосвет и го прекрши празничниот колач. Празнувањето на овој голем празник заврши со свечена литија околу храмот.

duhprv

duhprv 2

duhprv 4

duhprv 6

duhprv 8

duhprv 10

duhprv 12

duhprv 14

duhprv 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1