На 03.07.2011 година, денот кога го празнуваме големиот просветител, подвижник и чудотворец, преподобниот Наум Охридски свечено беше откриен споменикот на овој наш голем светител. Кон присутните, со поздравен говор се обрати претседателот на Одборот за подигање на спомен обележје за св. Наум Охридски чудотворец, г. Јоне Станковски, а поздравно слово искажа и градоначалникот на град Охрид, г. Александар Петрески. За славата на св. Наум и изобразувањето на неговиот лик на целиот Балкан, па и во цела Европа, како и за ликот и делото на скулпторот академик Томе Серафимоски, зборуваше почитуваниот професор академик Цветан Грозданов. Осветувањето на споменикот го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе свештенослужители. Архиепископот се обрати и кон присутните гости со пригодно слово, во кое особено ги истакна заслугите и подвизите на овој наш прекрасен и голем учител.   

„Те величаме, преподобен оче Науме и го почитуваме твојот свет спомен, наставниче на монасите и собеседниче на ангелите,“ (величание на св. Наум Охридски). Амин!

Mysneakers | Air Jordan Release Dates Calendar

REX 011

REX 076

REX 125

REX 159

REX 167

REX 196

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1