„Светата, гледајќи се себеси во чистота, смело му вели на Гаврила: - Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!“ (Кондак од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 23.02.2018 година, во петокот од Првата седмица на Великиот пост, во попладневните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски и свештеникот Горан Ставрески. По завршувањето на Акатистот и поклонувањето пред акатистната икона на Мајката Божја, свештеникот Горан Ставрески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Пречистата Дева во животот на христијаните, која како грижлива Мајка се застапува за нас грешните пред нејзиниот Син и наш Господ.

affiliate link trace | Yeezy Boost 350 Trainers

 

prvakatist2018 1prvakatist2018 2prvakatist2018 3prvakatist2018 4prvakatist2018 5prvakatist2018 6prvakatist2018 7prvakatist2018 8prvakatist2018 9prvakatist2018 10prvakatist2018 11 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1