„Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова, пееја вака: Осана во висините, блегословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа“ (хвалитна стихира на Утрена на Цветници).

 

На 01.04.2018 година, на великиот празник на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во храмот „Св. вмч Димитриј“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Љубомир Милошевски, протоерејот Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike sneakers | 【国内5月1日発売予定】アンディフィーテッド × ナイキ コービー 5 プロトロ "ホール オブ フェイム" メタリック ゴールド/フィールド パープル-マルチ カラー (DA6809-700) - スニーカーウォーズ

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Предвечниот Бог, на Кого небото Му е престол а земјата подножје, Кој стана Човек заради нашето спасение, денеска влегува во Ерусалим. Влегува во Ерусалим јавајќи на мало осле, онака, како што пророкувале старозаветните пророци. Ова собитие го слушнавме денеска од Евангелското четиво на светата Литургија.


Откако ги поучи Своите ученици – апостолите, да не бараат првенство, Господ Исус Христос отишол во Ерихон. Кога излегол од градот, по пат излекувал еден слеп човек, а потоа пристигнал во Витанија, каде што го воскреснал четвородневниот мртовец Лазар. Лазар бил пријател на Господа, а истовремено бил и богат човек. Во неговиот дом, неговите сестри Марта и Марија, приредиле вечера за Господа Христа. Марта повеќе се грижела за подготовка на трпезата, додека, пак, Марија, зела едно шише со скапоцено миро и ги помазала нозете на Господа Христа и со својата коса ги истрила. Предавникот Јуда негодувал за растурањето на скапоцениот мирис, под изговор дека тоа миро можело да се продаде, а парите да се разделат на сиромасите. Но, Христос се спротивставил на оваа лукава мисла, велејќи: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш" (Јн. 12, 7 – 8). Колку големо смирение покажува нашиот Спасител и покрај тоа што знаел дека се спремаат да го убијат, па затоа и вели: „Но еден од вас е ѓавол" (Јн. 6, 70). Христос не кажува кој е, давајќи му можност за покајание и поправање.


Веста за воскреснувањето на Лазара во Витанија, во Ерусалим се пренела со голема брзина. Господ Христос и претходно лекувал од тешки болести, подигнувал умрени, но, тие лекувања не предизвикувале голем интерес помеѓу народот. Не предизвикувале голем интерес бидејќи се случувале помеѓу обичниот народ. Но, веста за воскреснувањето на Лазара предизвикала огромен интерес бидејќи бил човек угледен и значаен, и мнозина од народот поверувале во Христа и во Неговото учење. Затоа, утредента, кога Христос свечено ќе влезе во Ерусалим, ќе биде пречекан од огромна маса луѓе, кои ќе Го поздравуваат извикувајќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!" (Јн. 12, 13).


Христа Го пречекуваат како Цар, свечено, со постилање на алишта и зелени гранчиња, онака како што ги дочекувале Римските цареви и војсководци по враќањето од некоја значајна победа за царството. И покрај тоа што Христос, повеќе пати ќе каже дека Неговото царство не е од овој свет и не е времено, но вечно, не бил разбран, во права смисла, ниту од апостолите, ниту од народот. Тие очекувале земен цар кој ќе ги ослободи од римското ропство, а не Цар Кој ќе ги ослободи од гревот и од вечните маки. Влегувањето на Христа во Ерусалим, всушност е исполнување на зборовите на пророкот Захариј: „Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата" (Захариј 9, 9).
Апостолите ова пророштво го разбрале дури по Воскресението Христово, и по Неговото Вознесение, односно, откако биле просветлени од Светиот Дух на Педесетница. Тоа, пак, што Христа Го дочекуваат со зелени гранчиња, тоа ја означува Христовата победа, односно, со Божјата сила ја победува смртта и ѓаволот.


Додека народот и децата Го прославувале и дочекувале на свечен начин Христа, фарисеите, садукеите и книжниците се вознемириле. Тие се плашеле од Христа. Се плашеле дека целиот народ би пошол по Него, а Он, пак, жестоко ги изобличувал за нивното лицемерие и неверие. Додека народот се радува, тие кројат планови како да го наклеветат, осудат и убијат. Служејќи се со лаги и со невистини, ќе го пренасочат овој народ, кој денес свечено Го поздравува Христа со зборовите Осана, само по неколку дена, да бара од Пилат да биде распнат како најголем престапник, заедно со двајца разбојници.


Прославувајќи го свеченото влегување на Господа Христа во Ерусалим, да ги очистиме нашите срца и души од секакви лоши мисли и дела. Па така очистени, и духовно облагодетени со Божјата милост и Неговата благодат, да бидеме вистински Христови следбеници, ученици и верници, па да измолиме милост од Господа Бога. Никогаш да не се откажуваме од Христа и да ја исполнуваме волјата Божја. Да правиме добри дела, па така да измолиме благодатта Божја да се излие врз нас и да ги спасиме нашите души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Цветници
01. 04. 2018 година
Храм „Св. Димитриј" – Волонгонг, Австралија

 

cvetnici2018 1cvetnici2018 2cvetnici2018 3cvetnici2018 4cvetnici2018 5cvetnici2018 6cvetnici2018 7cvetnici2018 8cvetnici2018 9

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1