„Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог, славно се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на Велики Четврток).

 

На 05.04.2018 година, на великиот ден на востановувањето на светата Тајна Евхаристија, на Велики Четврток наутро, во храмот „Св. пророк Илија“ во Квинбијан, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Ѓорѓи Митев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Running | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Велики Четврток се јавува како голем празник. Овој празник, по својата содржина и повод, може да се рече дека, ги надминува скоро сите настани од новозаветната историја од животниот пат на нашиот Спасител Господ Исус Христос. На овој ден, на Господа Му било угодно да направи нешто, преку кое се продолжува Неговото служење во светот. Господ Исус Христос доаѓа во светот да ги врати луѓето во онаа состојба за којашто беа создадени, пред паѓањето во првородниот грев. Господ доаѓа да ги обнови животните сили на родот човечки, да ги направи луѓето способни да се спротивставуваат на гревот и да бидат способни да одат по патот, којшто, Он Самиот, им го покажал на луѓето.


Втората цел, зошто доаѓа, е избавувањето на луѓето од гревот преку страдањето и смртта. Доаѓа поради обновувањето и препородувањето на човековата природа и искупувањето од гревот. Во тоа се состои смислата и содржината на доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Разбирливо е дека, сè што има направено Господ Исус Христос за време на Неговиот земен живот, не може да се ограничи за време на Неговото престојување на земјата. Делото на спасението треба да продолжи вечно, до крајот на вековите. Господ направи секое поколение да може да учествува во спасоносното дело, односно, да бидеме соучесници во Неговиот живот, Неговото учење, Неговото страдање, Неговата смрт, Воскресение и Вознесение и во Неговото повторно доаѓање.


Господ Исус Христос, на Своите ученици им дава можност да ги надминат ограниченоста, просторот и времето и да бидат заедно со Него, да соучествуваат во делото на спасението коешто Он го изврши. На денешен ден ја извршил Пасхалната вечера, онака, како што ја извршувале сите Евреи, според Старозаветниот закон. Но, Господ Исус Христос, кога го зел лебот, го благословил и ги изговорил зборовите, коишто не се искажани никаде во Стариот завет. Христос вели: „Земете, јадете, ова е Моето тело" (Мт. 26, 26). Потоа, ја зел чашата со вино, изговарајќи ги зборовите: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите" (Мт. 26, 27 – 28). На крај, вели: „Правете го ова за Мој спомен!" (Лк. 22, 19).


Многу јасно се разбира дека тука не станува збор за просто спомнување на овој настан. Станува збор за многу поважно и позначајно нешто. Преку доаѓањето на Светиот Дух во светот и ова собитие постанува света тајна Евхаристија, која се извршува од Спасителовите ученици и преку силата на Светиот Дух. Секој еден, кој се соединува со Лебот и Виното, го прима вистинското Тело и вистинската Крв на Господа Исуса Христа, а во исто време, станува соучесник во сè што Бог во Христа направил за нашето спасение.
Затоа, за нас, Новиот завет и доаѓањето на Спасителот, не е обичен настан, туку, продолжување на една реалност, која, ние, не ја созерцаваме од страна или, пак, ја читаме во Евангелието, туку, активно учествуваме и се соединуваме со Лебот и Виното во вистинско Тело и Крв на Господа Исуса Христа. Се соединуваме со она Тело кое ја обнови човековата природа, а тоа значи дека ние, преку Христа и преку светата Евхаристија, се раѓаме за нов живот и наоѓаме голема сила да го победиме гревот.


Потребно е да се подготвуваме за соединување со Господа Исуса Христа. Покрај постот и молитвата, потребно е, исто така, да отфрлиме од нас секаква лоша мисла, лош збор, преку покајание и исповедание и, најважното, помирување помеѓу нас. Па така, соединувањето со Христа да не ни биде за суд или осуда, туку, за вечен и блажен живот. Амин!

 

Велики Четврток
05. 04. 2018 година
Храм „Св. Илија" – Квинбијан, Австралија

 

velcetu2018 1velcetu2018 2velcetu2018 3velcetu2018 4 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1