На ден 14.07.2011 година ги прославивме светите бесребреници и чудотворци Кузман и Дамјан. По повод овој празник, во храмот „Св. Кузман и Дамјан“ во с. Пештани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски, Игор Никовски и Димче Азески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

bridge media | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

           
Големиот проповедник и учител на црквата Христова, светиот апостол Павле, ни има оставено многу пораки и упатства како да живееме и како да го исполниме законот Божји ако сакаме да бидеме спасени и да го наследиме Царството Божјо. Една од тие пораки гласи: „Бог на мирот... нека ве усоврши за секое добро дело за да ја исполните Неговата волја” (Евр. 13, 20-21). Овој напредок и оваа задача можеме да ја реализираме единствено со Божја помош. За да се изврши било какво дело потребно ни е силна и непоколеблива вера во Господа Исуса Христа. Таа, пак, вера треба да биде делотворна и украсена со добри дела, бидејќи апостол Јаков вели: „Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва” (Јак. 2, 26).

Колку и да ги поседуваме благопријатните внатрешни услови за реализација на евангелските добри дела, сепак Бог е Оној Кој му дава живот на доброто дело. И тука да се користиме со мислата на големиот проповедник на словото Божјо, апостолот Павле, кој во посланието до Коринтјаните вели: „Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне” (1 Кор. 3, 6). Верата во вечноста е најважен услов за остварување на евангелските добри дела и на христијанскиот живот воопшто.

За да направиме добро дело, потребно е да го пренасочиме нашиот поглед од земјата кон Бога. Но тоа не значи дека човечкиот поглед треба да се оддалечи од луѓето и од маките и потребите на луѓето во овој свет.

Божјите угодници, или светиите, биле свртени од земјата кон небото со нивните погледи, но тие нивните погледи не ги отстранувале од погледите на луѓето. Таков е и најсовршениот Исус Христос. Неговиот поглед кој во основа означува победа на сите стихии во овој свет во срцата на луѓето, но, во исто време, Тој е милостив и кон луѓето и постојано го има во предвид доброто на човекот. Зарем не го опфаќа целокупниот животен пат на човекот, и тоа не на еден човек, туку на сите луѓе преку сите времиња.

Сите Божји угодници биле со поглед свртени, не кон земјата, туку кон небото. Тие не бараат ништо за себе, не бараат никакви земни богатства, не бараат никакви придобивки, не бараат никакви земни нешта, туку собираат богатство на небото. Не ја сакаат славата од луѓето и никакви почести во општеството. Но, дали не биле и служители на луѓето? Дали го оттргнувале нивниот поглед и од маките и болките и страдањата или, како што знае нашиот народ да каже, од судбината на луѓето.

Такви биле и двајцата родени браќа, светите бесребреници Козма и Дамјан, чиј спомен денеска светата Православна црква го прославува, а и на кого е посветен и овој убав храм во Пештани. Тие ги презреле сите земни богатства и се посветиле да им служат на луѓето. Заради нивната силна и непоколеблива вера Бог ги обдарил со моќ, со полагање на раце, да лекуваат секакви болести, а исто така и со најразлични билки да ги отстрануваат болките и страдањата, како кај луѓето, така и кај животните. Овие двајца лекари имале завет пред Бога дека дарот им е даден од Бога без пари и истиот без пари ќе го даваат на секоја душа што со вера и љубов во Исуса Христа ќе им се обрати за помош. Тие лекувале без никаква надохнада и строго се држеле до евангелските зборови: „болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!” (Мат. 10, 8). Овие богомудри мажи го победиле светот преку Исуса Христа. Но, тие не го оттргнале нивниот поглед од луѓето, тие им служеле на луѓето со правење на безброј добри дела. Со лекување на секакви болести преку дарот од Бога и лекарското знаење, преку правење на лекови од разните лековити треви.

Сите големи луѓе ја победувале, а и денеска ја победуваат земјата, а со цел посилно да го опфатат во својата љубов и во своето служење, служењето на луѓето. Кога сакаме да си претставиме голем човек, служител на вистината, на доброто, на љубовта, на возвишени нешта, тој ни се јавува со затворени очи или, пак, со поглед вперен во бескрај, бидејќи бесконечно е вечното и светот на вечните вредности.

Драги браќа и сестри, денеска ние ги прославуваме свети бесребреници Козма и Дамјан. Целиот нивни живот бил исполнет со љубов кон луѓето. Целиот нивни живот бил исполнет со служење на луѓето, тие ги барале во несреќи и болки и им помагале според зборовите Христови: „болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!” (Мат. 10, 8). Затоа и луѓето денеска молитвено ги прославуваат и им се обраќаат за помош. Тоа е почит кое срцето од себе го дава на доброто, на светото, на возвишеното, како на Божјата волја.

Но, се поставува прашање дали нашата почит кон Божјата волја се темели на силна вера во доброто и љубовта кон Него? Не е доволно да го видиме само доброто, возвишеното над земјата издигнато на целиот свет. Тоа е навистина така по својата вредност. Но, дали го гледаме во нашето срце и дали има тоа почва во него? Да се загледаме во себе бидејќи таму се наоѓа најголемата вистина. Кој не ја најде најпрво таму, никогаш нема да ја најде надвор од себеси и над себеси. Добро е да се одделени од земјата со погледот, бидејќи не ни прилега да бидеме робови на земните и времените страсти. Но добро е да не го губиме погледот од нашите браќа и сестри, и да правиме колку е можно повеќе добрини. Што можеме да направиме добро на луѓето? Сите знаеме што можеме и колку можеме. Не е секогаш потребно да имаме богатства, пари и власт, туку е потребно да имаме љубов во нашите срца кон луѓето, за да можеме да направиме добри дела. Секој изговорен добар збор, секоја подадена чаша студена вода, секое подадено парче леб на гладен човек е добро дело, а сите овие нешта ги имаме и можеме да ги споделиме со патниците, страдалниците и на сите оние што имаат помалку од нас.

Да се обратиме со молитва кон свети Козма и Дамјан, од нивната вера да ни дадат и нас за да можеме и ние да правиме добри дела, да спечалиме живот вечен со Божјата благодат, а по молитвите на свети Козма и Дамјан. Нека биде така. Амин.

Митрополит Тимотеј

св. Козма и Дамјан
14.07.2011 година, храм „Св. Козма и Дамјан“ с.Пештани, Охрид

letsvvrac2011

letsvvrac2011 2

letsvvrac2011 4

letsvvrac2011 6

letsvvrac2011 8

letsvvrac2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1