„Денес адот стенкајќи вика: Подобро ќе ми беше ако не Го примев родениот од Марија; оти, кога дојде при мене, моќта ми ја разурна, вратите бакарни ги скрши, душите што порано ги држев, бидејќи е Бог, ги воскресна. Слава му, Господи, на Твојот Крст и на Твоето воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Велика Сабота).

 

На 07.04.2018 година, во светата и Велика Сабота и на празникот Благовештение, во храмот „Св. Никола“ во Кабрамата, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света Архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоереите Наум Деспотоски и Александар Ивановски, свештеникот Игор Младеновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон вернио народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Adidas footwear | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Оваа година, во ист ден, се прославуваат, невообичаено и многу ретко, два големи и значајни празници. Еден од нив е Благовештението на Пресвета Богородица. Се прославува денот кога овој избран сосуд Божји, од името на севкупниот човечки род, поради нејзината чистота и вера, ќе биде удостоена да ја прими благата вест дека ќе Го роди Спасителот на светот, Господа Исуса Христа. Не само нејзината чистота и нејзината побожност, туку и нејзината послушност на волјата Божја е главниот аргумент, што ова искупително дело ќе се зароди и оствари, токму преку света Дева Марија. Кога ќе ја чуе веста од архангелот Гаврил, таа ќе биде зачудена и во таква состојба ќе праша: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?" (Лк. 1, 34). Архангелот ѝ одговара: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји" (Лк. 1, 35). На зборовите на архангелот, Богородица одговара: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!" (Лк. 1, 38).


Но, денеска, светата Црква, исто така, Го прославува и вчера Распнатиот Господ Исус Христос, Кој, заедно со двајца разбојници, беше распнат на Голгота и Кој се принесе како невина жртва за избавување, не само на Адама, туку, на севкупниот човечки род од грев. Христовото распнување и погребение ги натажи Неговата мајка и жените мироносици. Сета природа се вџаши и вознемири и на соодветен начин реагираше, односно, земјата се затресе, сонцето и месечината затемнеа, карпите се распукаа, додека, пак, Евреите ликуваа. Вчера двајцата тајни Христови ученици, односно благообразниот Јосиф и Никодим Го симнуваат Создателот на светот и Спасителот Господ Христос и Го полагаат во нов гроб, а денеска, пак, Христос слегува во најтемниот ад за да го избави Адама и сите праведни души.


Христос ја отвора адската порта со Својата Божествена сила и го обессилува адот. Ги зема оттаму праведните души и ги воведува во рајот, а ангелот, пазителот на рајските порти, го трга. Со Адама ги воведува сите праведни души, односно сите праведници од создавањето на светот до Воскресението Христово. Кога Адам влегол во рајот, односно, кога темнината ја заменил со светлина, го видел благоразумниот разбојник и со зачуденост прашал: „Кога јас бев во рајот, бев сам, а од каде е сега овој?"


Преку овие две собитија, односно Благовештението и Слегувањето на Христа во адот, светата Црква нè подготвува за најголемиот и највеличествениот настан во историјата на родот човечки, односно, за светлото и победоносното Христово Воскресение.


Па и ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, да се подготвиме со искрено покајание. Без да ни постане покајанието неразделен дел од нашиот живот, не можеме да измолиме милост Божја. Очистени од духовните нечистотии, да се здобиеме со Божјата благодат, па да отстраниме секаква злоба и пакост, секаков грев и лоша помисла, а во нашите срца и души да се всади силна и непоколеблива вера. Та да бидеме следбеници на нашиот Спасител, не само со збор и не само формално да се нарекуваме православни христијани, туку, да живееме според редот и поредокот на волјата Божја. Да правиме добри дела и така да спечалиме милост од Бога и вечен и блажен живот, заедно со праведните души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Велика Сабота - Благовештение
07. 04. 2018 година
Храм „Св. Никола" – Кабрамата,Сиднеј, Австралија

velsab2018 1velsab2018 2velsab2018 3velsab2018 4

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1