„Отроковице Дево, јас знам дека ти си светол и свет храм на Господа, и извор на нетление, кој излева вода - Христа, од Кого се напојуваме“ (песна од Канонот на Утрена во Петок од Светла седмица - Источен петок).

 

На 13.04.2018 година, во Петокот од Светлата седмица - Источен петок - Балаклија, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Чедомир Илиевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordan Sneakers | Nike, adidas, Converse & More

 

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

Овие воскресни зборови ги произнесуваме со големо чувство. Со чувство на духовен восхит и радост. Од другата страна, овие зборови, ќе предизвикаат иста таква радост и како одговор ќе добиеме Навистина воскресе! Овие зборови не можат да се споредат со ниту едни други зборови на човечкиот јазик. Тие ја содржат најголемата светиња за нашето срце. Во нив се содржи целата суштина на нашата вера, целата крепост на нашата надеж и целата сила на нашата љубов кон Спасителот, за нас распнат и во третиот ден, според Писмото, воскреснат.


Овие зборови, на сите нас, ни зборуваат за бесценетоста. Затоа, и св. ап. Павле, во своето послание до Коринтјаните вели: „Ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера" (1. Кор. 15, 14). Ако нашиот Спасител, Господ Исус Христос не воскреснеше, за родот човечки ќе останеше голем праведник, свет учител и проповедник, но, немаше да биде Семоќен Бог и Небесен Отец. Но, Он, во светата Пасхална ноќ воскресна. Знаеме, после Неговото воскресение, дека Он е нашиот Небесен Отец. Знаеме, дека сѐ што им зборувал и сѐ што им ветил на луѓето, коишто ќе поверуваат во Него, им го дал и ќе им го дава. Тоа е неизменетата Божествена вистина. Сите вистини на нашата вера, велиме дека се утврдени за вечни времиња, со чудото на Христовото воскресение. Затоа така ликуваме, се радуваме и така торжествуваме во овие Пасхални, односно, Велигденски дни.


Што е за нас поскапо од нашата вера? Верата му дава смисла на нашиот земен живот. Верата нѐ води во царството небесно и ни го покажува патот кон него. Верата е сила и тврдина низ целиот наш живот. Кога грешиме и паѓаме, таа ни дава опростување. Кога се наоѓаме во животни маки и тегоби, таа нѐ теши, нѐ храбри и утврдува во нашиот животен пат. Таа нѐ учи дека нема таква тежина и препрека, страдање и болка кај луѓето, којашто не може да се надмине со силата на нашата вера во Милостивиот и Штедар Небесен Отец.


Нема ништо поважно, за нас, православните луѓе, од нашето вечно спасение. Спасението на душата и живеењето со Господа е најдостоинственото нешто за секој верник. Патот кон нашето вечно спасение е можен и достапен само преку нашата вера во Христа. Оној кој оди по Воскреснатиот и самиот живее според Него и наследува вечен и блажен живот.


Воскреснатиот Спасител ја основа Својата Црква на земјата. Он направи еден огромен духовен брод, кој ги спасува луѓето од бурите на житејното море и ги води кон вечното небесно пристаниште. Секој еден од нас, православен верник, бивајќи син на Црквата Христова, престојува на тој брод, на кој, кормилар е Самиот Господ Исус Христос. Господ, овој брод, го прави за сите кои сакаат да се качат на него, и ќе ги спаси за вечен живот, носејќи ги на другата страна за којашто Он вели: „Кој ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и мојот слуга" (Јн. 12, 26).


Сѐ што имаме во нашиот живот, како православни верници, мило и најценето, сето тоа ни е дадено преку силата на Воскресението Христово. Целата наша вера стои на камен. Тој камен е Христовото воскресение, па затоа така торжествено го прославуваме.


Денеска, нашата света Црква, исто така, го прославува и споменот на еден извор, каде што Бог, преку Неговата света мајка пројавил чудо за излекување на еден слепороден, а потоа, истиот, во знак на благодарност, над тој извор, во Цариград, ќе подигне и храм, посветен токму на Источен петок, односно на денешниот ден. Овој свет извор и денес постои во Цариград и се нарекува Балаклија. Во моментов е православен женски манастир и многу верници, од најразлични земји, доаѓаат да се напијат и да се измијат од него, добивајќи исцеление на нивните души и тела.


Како оваа света вода, така и сите останати свети тајни и молитвословија, делуваат само кај луѓето коишто искрено веруваат во силата Божја и очекуваат да им биде од помош. Па и ние, да се обратиме со искрена молитва кон Бога и кон мајката Божја, да ги слушнат нашите молби и прозби и истите да ги исполнат.

 

Христос воскресе! За многу години.

 

Источен Петок - Балаклија
13. 04. 2018 година
Храм „Св. Јован Крстител" – Џилонг, Австралија

 

istocpet2018 1istocpet2018 2istocpet2018 4istocpet2018 5istocpet2018 6

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1