„Откако примивте благодат на исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволји, лекари и преславни чудотворци; но со вашата посета ја поразивте и дрскоста на воинствениците, исцелувајќи го светот со чудеса“ (кондак на светите бесребреници Козма и Дамјан).

 

На 14.07.2018 година, кога го празнуваме споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, римските маченици, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Пештани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски, Димче Азески, Александар Димоски и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костсоки. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

affiliate link trace | JORDAN BRAND

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Човекот е создаден од Бога. Создаде е за да биде во близината Божја, односно, да биде во царството Божјо. Но, поради непослушноста на нашите прародители, човечкиот род ја изгуби оваа благодатна состојба. Затоа, имаше потреба Синот Божји, Господ Исус Христос да се овоплоти и да постане човек. Човек во сè сличен на нас, освен во гревот. Христос ја основа Црквата, воспостави свети тајни и ни ја даде Неговата спасителна наука. Христос ни го даде Своето Евангелие. Евангелието кое е патоказ, како можеме повторно да го здобиеме царството Божјо. Затоа во Светото писмо се вели: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде" (Мт 6, 33).


Царството Божјо не е некоја фантазија или некоја нереалност којашто постои во нечии умови, туку, тоа е сушта реалност. Реалност кон која човечкиот род чезнее, ја посакува и се обидува во својот животен од и да ја оствари. Нашиот Спасител Господ Исус Христос вели дека царството Божјо не е надвор од нас, (Лк 17, 21) туку, тоа е внатре во секој еден од нас, во нашите срца, во нашиот ум. Тие, пак, со помошта Божја и преку Неговата благодат придонесуваат да бидеме спокојни, радосни, незлобни и да ги поседуваме сите атрибути како вистински чеда на Црквата. А доколку сме чеда на Црквата Христова, ќе пребиваме во љубовта давајќи ги нејзините плодови, како што вели ап. Павле: „Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува" (1 Кор 13, 4 – 7).


Ние сме повикани да одиме кон тоа царство. Повикани сме да одиме кон вечноста. Човекот ги минува сите стадиуми, од новороденче па сè до возрасен човек. Се изморува и се преселува во вечноста. Тоа е нашиот период на подготовка за вечноста. Како што знаеме, човекот е создание Божјо, предназначено за вечноста. Затоа Господ нè повикува да создадеме за себе блаженство уште овде на земјата. Добрите дела, трудот, животните страдања, трпението, душевната и телесната чистота ја соѕидуваат нашата човечка полнота и нè приближуваат кон царството Божјо и кон Неговата правда. Евангелските заповеди ни ја откриваат таа Божја правда, а потоа, исполнувајќи ги, тие нè приведуваат кон Бога, кон Владиката на царството и кон Источникот на сите блага.


Човекот е повикан и назначен за возвишено дело. Затоа, и псалмопејачот вели: „Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал, и си го поставил над делата од рацете Твои, и сè си потчинил под нозете негови" (Пс 8, 5-6).


Секој човек има свој пат, пат по кој треба да оди за да ја оствари зададената цел, а тоа е царството небесно. Денеска ги прославуваме двајцата браќа бесребреници Козма и Дамјан, кои од млади години го засакале словото Божјо, давајќи завет дека ќе им помагаат на луѓето, преку благодатта што им била дадена од Бога. Дале завет дека ќе лекуваат од најразлични болести со разните природни лекови кои ги добивале од природата, од созданието Божјо. И покрај тоа што можеле да имаат големи економски придобивки, останале доследни на зборовите од светото Евангелие: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте!" (Мт 10, 8). Така тие го разбрале Божјиот повик. Разбрале дека, не со нивното знаење и со вештина им помагаат на страдалните луѓе, туку, милоста Божја се појавува меѓу нив, а тие послужиле како инструмент на Божјата сила и енергија. Божјата сила, преку нивните лекарства им помагала на болните и страдалните. Затоа светата Црква ги нарекува бесребреници.


И ние денеска, кои сме собрани во нивна чест, да се обратиме кон нив со искрена молитва. Да бидат наши заштитници а и застапници пред лицето Божјо. Преку нивните молитви да ја зачуваме верата, а Бог да ни даде сила и мудрост, и ние да се издигнуваме кон височината, кон Божјата правда, па измолувајќи благодат Божја, да наследиме царство небесно уште тука на земјата а и во сите векови. Амин!

 

Св. бесребреници Козма и Дамјан
14. 07. 2018 год.
Храм „Свети Врачи" – , Пештани, Охрид

 

svvracilet2018 1svvracilet2018 2svvracilet2018 3svvracilet2018 4svvracilet2018 5svvracilet2018 6svvracilet2018 7svvracilet2018 8 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5