„Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на преподобна Параскева).

 

На 27.10.2018 година, кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева - света Петка, во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | Yeezy Boost 350 Trainers

 

Митрополит Тимотеј

 

„Дивен Бог во свјатих своих"

(Пс 67, 36)

 

Драги браќа и сестри,

Кога ги прославуваме Божјите чуда и ги прославуваме Божјите угодници, ние, како христијани, добиваме сериозна полза. Светиите живееле праведен живот, постапувајќи согласно Божјите заповеди. Така живеејќи, постанале угодници Божји. Тие, во својот ум, постојано го имале стравот Божји, па затоа и постапувале според Неговите свети заповеди. Затоа, пак, Бог, нивните тела, ги прославил со чудеса, а душата ја украсил со небесна убавина. Па така, и ние, кога постапуваме според Божјите заповеди и живееме чист живот, тогаш и празнувањето е угодно на Бога и пријатно е на Неговите свети угодници. Ги прославуваме Божјите угодници за да научиме и да разбереме како тие живееле. Да научиме како го покорувале телото на душата. Да живееме така и да правиме што е угодно на душата и она што го бара од нас вистинскиот и прав разбран дух. Да го победиме телото и сите итроштини на нечестивиот, онака, како што ги победиле и Божјите угодници. Една таква Божја угодничка светата Црква денес прославува. Тоа е светата Параскева – Петка.

За нејзиниот добродетел живот ни зборува нејзиното житие. Затоа, Бог ја прославил и го запазил нетлено нејзиното тело, иако подолго време лежело закопано во земја. Во кратки црти да кажеме неколку зборови за нејзиниот живот. Св. Петка била родена во Епиват, денешна Турција. Нејзините родители биле длабоко религиозни и благочестиви христијани со многу добродетелен живот. Уште од млади години ја учеле Параскева – Петка на христијанските добродетели. По смртта на нејзините родители ќе го раздели имотот и ќе почне да живее испоснички живот. По некое време ќе го напушти овој свет, повлекувајќи се во пустина и хранејќи се со она што го дава пустината. Целиот свој живот го поминала посветена на Бога, постојано молејќи Му се: „Господи постојано мислам на Тебе и Тебе Те сакам. Па кога ќе дојдам при Тебе, секогаш да се веселам".

Оваа Божја подвижничка, иако живеела во пустина, имала големи искушенија од нечестивиот, кој, често пати се обидувал да ја одврати од подвижништвото. Но, таа, со крстот секогаш го победувала. Имајќи чиста душа, Бог бил со неа и таа можела сите искушенија да ги победи. При крајот на нејзиниот овоземен живот ѝ се јавува ангел Божји и ѝ вели дека волјата Божја е да ја напушти пустината и да се врати во нејзиното родно место, бидејќи таму треба да се упокои. Иако ѝ било жал што ќе ја напушти пустината, го послушала гласот на ангелот Божји. Се вратила во родното место, а по пат, во Цариград, се поклонила на светињите во црквата „Св. Софија" и во Влахерна. Се населила во родното место живеејќи уште некое време. По смртта, пак, била закопана како туѓинка, надвор од гробиштата на локалното население.

По некое време, во истиот гроб ќе погребаат некој упокоен морнар. Кога го отвориле гробот, ќе го најдат нејзиното тело нераспаднато, но, луѓето не биле доволно просветлени и повторно ја закопале светата Параскева. Набргу, св. Параскева се јавила на некој човек во Епиват, велејќи му дека не може да ја поднесува смрдеата на морнарот, кој бил закопан во нејзиниот гроб и бара да биде откопана од гробот. Такво видение имале и други жители на Епиват. Ја извадиле и ја поставиле во храмот во Епиват, каде што се случиле многубројни чуда.

Потоа, нејзиното тело ќе биде пренесено во Трново, па вратено во Цариград, а во 1641 година ќе биде пренесено во Јаш, денешна Романија, каде што се наоѓа во црквата посветена на „Светите Три светители". Света Параскева – Петка и денес прави безброј чуда врз оние коишто со вера и набожност и се обраќаат барајќи помош и застапништво.

Од житијата на светиите се поучуваме како тие не се лакомеле за богатства и овоземни слави, туку, деноноќно се труделе да ги очистат своите души. Затоа, и Бог ги прослави на небото и на земјата, та вечно да бидат почитувани и славени. Така и ние, откако слушнавме како живеела св. Параскева – Петка, да се потрудиме да ги украсиме нашите души со добродетели. Да се украсиме со непропадливото, бидејќи сите еден ден ќе го напуштиме овој свет и ќе треба да дадеме одговор за сите наши дела во овој наш овоземен живот. Затоа, потребно е да ги оставиме сите наши слабости и страсти и да се потрудиме да Му угодиме на Бога и да постанеме наследници на царството Божјо. По молитвите на св. Параскева – Петка, така нека биде. Амин!

 

Св. Параскева – Петка (Петковден)

27. 10. 2018 год.

Манастир „Св. Параскева - Петка" – Велгошти, Охрид

 

petkovden2018 1petkovden2018 2petkovden2018 3petkovden2018 4petkovden2018 5petkovden2018 6petkovden2018 7petkovden2018 8petkovden2018 9petkovden2018 10petkovden2018 11petkovden2018 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1