„Откако од севишната промисла ја нацрпивте бездната на исцеленија, на сите верни им точите исцеленија, бесребреници! Преку вашите таинствени дејства, натприродно ги лекувате болките на болните, препишувајќи им спасоносни лекови од ризниците на Духот. Затоа, како чесен храм на Живоначалната Троица, Која во вас очигледно си направи Свој дом, молете Ја да ги спаси душите наши“ (хвалитна стихира на Утрена на свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан).

 

На 14.11.2018 година, денот кога ги славиме светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал Водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обарти кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Nike Sneakers | UK Trainer News & Releases

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нам, како христијани, животот ни е определен како пат кон вечниот живот. Секој човек е патник во овој живот. Нашата приврзаност и желба за богатство, слава, чест и секакви земни удобности, најчесто нè приврзува кон земното и не ни дава да се оттргнеме од земјата и да погледнеме кон небото. Да погледнеме кон небото, за кое сите сме создадени. Преку светата тајна Крштение ние сме обновени. Така, родени за нови живот, да гледаме кон небото и да се стремиме да стигнеме таму.


Каква е користа за човекот, ако го спечали преодното, од кое брзо ќе се лиши а, спечалувајќи го преодното, се лишува од вечното. Вечното, пак, кога еднаш ќе се стекне, никогаш не се губи. Секој патник на својот пат е изложен на најразлични непријатности. Така и во нашиот животен пат ни се случуваат секакви маки, искушенија и напади. Патникот, трпејќи, сето тоа го поднесува и оди кон зададеното место. Така и ние, како христијани, треба да ги надминеме сите тие искушенија, маки и страдања и да одиме кон саканата татковина. Патникот, често пати, пресретнуван е од разбојници кои знаат да го ограбат и да му наштетат, па дури и да го убијат. Така и ние, во нашиот од се сретнуваме со непријатели. Тие наши непријатели се демонските сили кои постојано се трудат да нè попречат во нашиот од. Ако сме слаби, ќе се обидуваат да нè одвратат од вистинскиот и да нè упатат кон погрешниот пат. Да нè упатат по патот кој води во погибел. Обичниот патник од разбојниците се брани со оружје. Христијанинот, пак, треба да се брани со духовно оружје, а тоа е крстот Христов, молитвата и името Божјо. Патникот секогаш на ум го има местото каде што се упатил. Така, и ние, во нашиот ум, треба да ја имаме небесната татковина. Да се грижиме и да размислуваме како да стигнеме до неа. Кога ќе дојде до местото каде што се упатил, патникот повеќе не стравува, туку, се одмара и се радува бидејќи го завршил својот пат. Така и ние кога благочестиво ќе го завршиме нашиот пат, нема повеќе да стравуваме, туку, ќе се ослободиме од сите непријатности и ќе се радуваме на вечното блаженство, коешто ќе го здобиеме со благодатта и човекољубието на нашиот Спасител Господ Исус Христос.


За да стигнеме кон саканата цел, потребен ни е патеводител. Во овој свет, кога сакаме да одиме некаде во непознато место, обично бараме патеводител кој ќе нè води кон саканата цел. Кон целта којашто сакаме да ја посетиме, видиме, или, пак, да ја постигнеме. Така и нам потребен ни е водач за да стигнеме во небесната татковина, од која сме лишени поради нашиот грев. Саканата татковина е прекрасна, мирна и исполнета со секакви добрини. „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат" (1 Кор 2, 9). Таква е татковината кон којашто гледаме со насолзени очи од оваа долина на плачот. Но, патот до неа е непознат и страшен. Непознат е бидејќи не знаеме како да стасаме таму. Страшен е, пак, бидејќи безбројни демони и разбојници го окружуваат и попречуваат, трудејќи се да не им дозволат на патниците да дојдат до него. Затоа, потребен ни е искусен и премудар водач. Каде ќе го најдеме тој водач? Дали помеѓу овоземните мудреци? Не! Старозаветниот пророк Исаија вели: „Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој" (Ис 53, 6).


Пророците, апостолите и учителите, сите укажуваат на Исуса Христа, Синот Божји. Он е Единствениот Вистински Премудар Водач кон небесната татковина. Никој не може да се искачи кон посакуваната татковина без Него. Самиот Он сведочи: „Никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене" (Јн 14, 6).


Бог ни Го испрати Својот Единороден Син, Господ Исус Христос, да нè избави од ропството на ѓаволот и да нè приведе кон Својот Отец Небесен. За Него, Небесниот Отец сведочи од небото: „Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!" (Мт 17, 5). За Него сите апостоли, пророци и црковни учители сведочат и нè поучуваат да одиме по Него. Самиот Он вели: „Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас" (Јн 13, 15). Него Го следеле сите Божји угодници и затоа ги довел од земјата во небесното царство. Кон Него се стремеле и труделе и светите бесребреници Козма и Дамјан со целокупниот нивни живот. Одејќи по Христа се искачиле во вечната татковина, каде што ја гледаат славата Божја и Го прославуваат Троичниот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. бесребреници Козма и Дамјан
14.11.2018 год.
Храм „Св. Врачи" – Охрид

 

svvracizim2018 1svvracizim2018 2svvracizim2018 3svvracizim2018 4svvracizim2018 5svvracizim2018 6svvracizim2018 7svvracizim2018 8svvracizim2018 9svvracizim2018 10svvracizim2018 11svvracizim2018 12svvracizim2018 13svvracizim2018 14svvracizim2018 15svvracizim2018 16svvracizim2018 17svvracizim2018 18svvracizim2018 19svvracizim2018 20svvracizim2018 21svvracizim2018 22svvracizim2018 23svvracizim2018 24svvracizim2018 25 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1