„Со Твојот збор, Господи, од небитие си ја привел во битие природата на небесните бесмртни воинства, правејќи ги слични на Твојата светлина“ (песна од канонот на Утрена на празникот Собор на св. Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили).

 

На 21.11.2018 година, на денот на празникот Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Sneakers | New Releases Nike

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Како што Бог го создал видливиот свет, а во него, како круна на Своето создание е создаден човекот, со слободна волја и разум, така, Бог го создал и небесниот, бестелесниот свет. На некој начин, Бог, паралелно со човечкиот род, го создал бестелесниот. Тој небесен – ангелски свет, има слободна волја и разум. Ангелските множества се исполнувачи на волјата Божја. Бивајќи бестелесни, имаат брзина лесно да стигнат до секоја зададена цел. До целта што ќе ја добијат од поголемите ангелски чинови, а тоа значи, според волјата Божја.
Црквата учи дека небесниот ангелски свет е поделен на три категории, по три чинови. На ангелите, архангелите и началата им е определена задача да им служат на луѓето. Ангелите, според својата слободна волја можат и да грешат, онака како што згрешил Луцифер. Но, по Божјата благодат тие повеќе не грешат, туку, можат да се искачуваат по лествицата на хиерархијата.


Нивниот изглед не ни е доволно познат, бидејќи се бестелесни. Изгледот на ангелите го знае само Творецот на сè. Тие, сами по себе немаат светлина и сјај, туку, ја добиваат од Бога. Исто така, тие се бесмртни, бидејќи немаат тело. Паднатите ангели не можат да се покајат, бидејќи, кога ги создал Творецот, не им ја дал таа можност. Додека, пак, на човекот таа можност му е дадена, поради слабоста на телото. Како пратеници Божји, често пати се јавуваат, не само како заштитници на некој човек, бидејќи секој човек има свој ангел хранител – чувар, туку, се јавуваат како чувари на цели народи и области, се разбира, според благословот Божји.


Ангелите чувари подготвени се секогаш, на секој човек да му бидат од помош и да му помагаат во борбата со нечестивиот, паднатиот ангел. Против оној кој е клеветник и лажец, противник на човекот, преку тоа и на Бога. За тоа имаме многу сведоштва во Библијата. Класичен пример е како нечестивиот Го искушува Господа Христа, кога Му вели: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш" (Мт 4, 9). Во Стариот завет демонот Му вели на Бога: „Но пружи ја раката Своја и допри се до сè што е негово, ќе Те благослови ли тогаш?" (Јов 1, 11). Јововиот одговор на ова е: „Господ даде, Господ го зеде... Нека е благословено името Господово! (Јов 1, 21). Исто така, во житијата на светиите читаме дека за големите подвижници и угодници Божји, се грижеле ангелите Божји. Им носеле храна дури и ги предупредувале ги од разните опасности што демнеле околу нив. Некои од нив, кои биле како ангели во тело, биле удостоени и да разговараат со ангелите. Така, многумина од нив го знаеле и денот на нивното упокоение.


И ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет манастир, изграден од страна на св. Наум Охридскиот Чудотворец и го посветил на бестелесните сили, да се обратиме со искрена молитва кон Бога. Секогаш да ни го возврати нашиот ангел чувар кој постојано го бркаме од нас со нашите гревови. А тој, пак, да биде наш поткрепувач во нашата духовна борба, во нашиот од, од земјата кон небото, преку верата во Господа Христа, а за спасение на нашите души. Амин.

 

Собор на св. Архангел Михаил
21.11.2018 год.
Манастир „Св. Наум Охридски" – Охрид

 

svarhmih2018 1svarhmih2018 2svarhmih2018 3svarhmih2018 4svarhmih2018 5svarhmih2018 6svarhmih2018 7svarhmih2018 8svarhmih2018 9svarhmih2018 10svarhmih2018 11svarhmih2018 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1