„Дојдете, верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои викаат: Радувај се, маченице многустрадална.“ (кондак на св. Параскева)

Running Sneakers Store | 【国内5月1日発売予定】アンディフィーテッド × ナイキ コービー 5 プロトロ "ホール オブ フェイム" メタリック ゴールド/フィールド パープル-マルチ カラー (DA6809-700) - スニーカーウォーズ

На ден 08.08.2011 година, на споменот на преп. мч-чка Параскева Римјанка, света архиерејска Литургија беше отслужена во параклисот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, свештеник Димче Азески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Света Литургија се служеше и во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, каде служеа протоереј Сашо Богданоски и свештениците Никола Кипријанов и Игор Никовски. Манастирот, како и секоја година, го посети многуброен верен народ од цела Македонија, кој со вера дојде да побара благослов и застапништво од светата Параскева.

 

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света православна Црква го прославува споменот на света маченица Параскева - Петка. Оваа светителка живеела во 2 век во Рим. Била од богат христијански род, живеела испоснички и девствен живот во домот на нејзините родители. Кога тие се упокоиле, Параскева го продала имотот и средствата ги поделила на сиромаси, а таа се замонашила. Како монахиња продолжила со уште поголема ревност да живее според Словото Божјо. Покрај тоа што живеела според прописите на Христовата Црква, таа и неустрашливо го проповедала Словото Божјо. Заради тоа ќе биде изведена пред тогашните римски безбожнички, односно многубожечки власти, каде силно и непоколебливо ќе ја исповеда верата во Христа и со истата ќе направи и повеќе чуда и на крај маченички ќе го заврши својот живот со отсекување на нејзината глава со меч.

Света Петка за севкупниот нејзин живот се раководела од зборовите на апостол Павле: „Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Неговата волја, сè им врви добро“ (Рим. 8,28). Овие зборови се од човек кој бил гонител на Црквата, а крајот го завршил маченички за истата вера што ја гонел. Затоа овие зборови можат да се однесуваат и на секој христијанин. Теоретски, овие зборови можеби многу христијани ги знаат, но практично истите не ги чувствуваат во вистинска и права смисла на зборот.

Божјото откровение нè уверува во тоа дека сè во нашиот живот делува за наше добро. Господ, давајќи ни живот, постојано пројавува грижа за нас. На светот и луѓето делува промислата Божја, Божјото милосрдие и љубов. Тоа го гледа апостол Павле и тоа ни го кажува преку овие зборови. Луѓето често пати го чувствуваат Бога, но ја гледаат Неговата промисла само во големите историски збиднувања и делата каде што се гледа Божјото пројавување во бури, молњи и силни стихии, но не го гледаат во тивок ветар каде што е Он (3Цар. 19,11-12).

Славата Божја ни ја открива Бог, ја зацврстува нашата вера без која не можеме да го познаеме Бога; не можеме да ја разбереме Неговата промисла и спасителното делување во светот. Сите дела Божји се направени за создавање на Царството Небесно. И ние се молиме: „Да дојде Царството Твое“ (Мат. 6,10). На оваа молитва нè учи самиот наш Спасител Господ Исус Христос.

Има луѓе кои сакаат да Го одречат Бога и Неговата правда и светост, љубов и милосрдие и сето тоа да го препишат како производ на природните законитости во светот. Но, тоа е нешто слично како да речеме дека нема државна власт и нејзините органи, а сè се одвива според нејзините закони. Господ промислува за светот и луѓето преку законите и нивното создавање. Господ секогаш е и во силните громови и во тивките блесоци на ѕвездите, во жалости и во радости и во дневната светлина и во ноќната темнина. Он со добрата промисла го покрива светот и луѓето и ја осмислува правдата и спасението. Да, Он секогаш е со нас. Он нè повикува сите нас со разум и вистина да пристапиме. Господ промислува за секој од нас. Кај нас и влакната на главата се изброени и не паѓа ниту едно без волјата Божја (Мат. 10 30). Господ со својата љубов ги грее сите луѓе. Како може татко да не му прости на својот син, кој е непослушен или отишол од Него кога тој ќе побара со молба опростување. Родителското срце посебно страда за непослушните деца кои му причинуваат болка. Господ како Татко се грижи за секој од нас, го сака секого од нас и проштева. Какви и да било соблазни, бури и сомневања да нè соборуваат и какви лоши проникнувања да се всадуваат во нашите души, маки и искушенија да нè напаѓаат, да запомниме дека Господ секогаш е волен и подготвен да ни ја даде Неговата помош. Со Неговата помош сè делува за нашето добро. Всушност, Божјата промисла се согледува и во тоа што Господ дури и зло да ни се случи, Тој го преобразува на добро.

Ние често пати можеме да ги слушнеме зборовите: Господ ме оставил, Господ ме напуштил или пак каде е Неговата промисла и љубов? Но, да не заборавиме дека маките и искушенијата можат и да го спасат човек, но можат и да го уништат. Оние од ангелот на мирот можат да нè издигнат повисоко, нагоре, а пак од злобниот, демонот, да нè влечат во погибел. Да се сетиме само на двата разбојника кои виселе еден од десната, а другиот од левата страна на Спасителот. Тие ја пиеле истата чаша и страдале со исти страдања. Но, знаеме како завршува едниот, се покајува и бара да биде спомнат во Царството Небесно, што и се случува. Додека другиот кој останал и понатака да хули на Христа, го спомнуваат во адот преисподен.

Драги браќа и сестри, и ние да се угледаме на зборовите на св. ап. Павле, како што се угледала и св. мач. Параскева - Петка. Оние што го љубат Бога сè им оди на добро. По молитвите на св. Петка и нас Бог нека нè благослови и сè што правиме да биде за спас на нашите души и да добиеме вечен живот, сега и во сета вечност. Амин!

Митрополит Тимотеј

преп. мч-чка Параскева Римјанка
08.08.2011 година, параклис „Св. Петка“ ман. „Св. Наум Охридски“ Охрид

svpetlet2011

svpetlet2011 2

svpetlet2011 4

svpetlet2011 6

svpetlet2011 8

svpetlet2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1