„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во нејзината вечно девствена утроба“ (кондак на Успение на Пресвета Богородица).

На ден 28.08.2011 година го прославуваме празникот на Успение на Пресвета Богородица. По повод овој голем христијански празник, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски. Многуброен верен народ дојде да се помоли на Пресветата Владичица Богородица, а не беше малуброен нити народот кој со пост и молитва се подготвил за света причест. На литургијата присуствуваше и Неговата Екселенција Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов со неговата сопруга. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал Водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа која во целост ви ја пренесуваме.

Running sports | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква денеска го прославува преселувањето на Пресветата Мајка Божја од овој свет во вечниот, односно Успението на Пресветата Богородица. Црковниот пејач прекрасно и со многу содржајни песни го воспева овој настан. „О, необично чудо! Изворот на Животот во гроб се полага, и скалата кон небесата гроб станува“ (стихира на Господи повикав). Во гроб лежи Изворот на  Животот - онаа што му ги даде телото и крвта на својот Божествен Син, онаа што целата православна Црква ја воспева и ја нарекува „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“.

Според промислата Божја, она што им е кажано уште и на прародителите Адам и Ева, односно она што е кажано уште во рајот: „ќе вкусиш смрт“ (Бит. 2,17), се однесува на секој кој живее на земјата. Од овој принцип не била ослободена ниту Преблагословената Дева Марија, чиј спомен на нејзиното блажено Успение во Господа ние денеска торжествено го чествуваме.

Гробот на Божјата Мајка постанува скалило за искачување на небото. Восхитено и со доза на зачуденост и со исполнето срце, пејачот пее како вистински верник, продолжувајќи да го опева погребението и покрај тоа што знае дека телото на Божјата Мајка не е оставено во гроб. Таа е вознесена од нејзиниот Син на небото, како што била вознесена и нејзината бесмртна душа. Колку е прекрасна промислата Божја! Го ослободува од распадливоста телото на Божјата Мајка. Колку е голема премудроста Божја и колку е голема љубовта на Божјиот Син кон онаа што Го родила! Но, ние сме повикани од нашата света Црква не само да го прославиме ова чудо што го гледаме со нашите духовни очи, туку и да се поучиме од Божјата Мајка и да извлечеме поука за нас додека сме тука на земјата. За време на нашиот живот треба да знаеме дека сите ние одиме кон вечен живот. Доколку не мислиме на тоа, тогаш ние ја оптоваруваме нашата совест со гревови. Смртта на секој еден од нас е неизбежна, бидејќи таа ни служи и како регулатор и показател на патот кон вечното Царство Небесно.

Кога ја гледаме како ја вкусува смртта и како лежи во гроб Божјата Мајка таа ни напомнува на сите нас дека и ние сме подложни на истиот закон Божји. Свети апостол Павле во своето послание до Евреите вели: „На човек му е одредено еднаш да умре“ (Евр. 9,27).

Ако Преблагословената Света Дева Марија со своето тело не останала во гроб, кое преку чудото на семоќта Божја било издигнато на небесата, тогаш и ние грешните нема да останеме со нашите тела во земјата и покрај тоа што тоа ќе се врати во прав од кое е и создаден човекот. Во Светото писмо е речено: „Мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе оживеат“ (Јован 5,25). Со силата на семоќта Божја во последниот ден на постоењето на оваа земја, пред настапувањето на Страшниот суд Божји и при Второто доаѓање на Синот Божји на Земјата, при труба на архангел и восклик на сите умрени, телата ќе се преобразат и ќе бидат ослободени од секаква немоќ и болест, од глад и жед телесен и ќе се соединат со душите кои никогаш и не умираат. Тогаш, како што учи ап. Павле, сите ние, не само со бесмртната душа, туку и со нашите тела, ќе се појавиме пред судот Божји и од Господа ќе добиеме добро или зло, бидејќи ние и со нашето тело, а не само со душата Му грешевме и Го навредувавме Бога.

Божјата Мајка го завршува својот живот и преминува во вечен живот во слава. А ние пак, земнородните, според словото на Светото писмо, или ќе се оправдаме или ќе бидеме осудени од Господа. Секој од нас во вечниот живот ќе го прими тоа што го заслужува и за кое се удостоил додека живеел на земјата. Затоа е потребно секој еден од нас да се труди додека е во овој свет и да се подготвува за вечен и блажен живот на небесата.

Да се свртиме со нашите духовни очи  и да го видиме животот на Пресвета Богородица и нејзината славна и божествена слава и убавина и духовното издигнување во моментот на нејзиното блажено упокоение. Нејзиното смирение и кротоста ја направиле да биде достојно живеалиште или дом на Господа. Нејзината серафимска чистота ја удостоила да биде Мајка на Синот Божји. Нејзиното трпение и преданост на волјата Божја, нејзината жед за спасение на душата и вечното соединување со Господа ја издигнаа до таков висок степен за да биде Царица на небото и земјата и да ñ се подари вакво блажено упокоение.

Успението на Пресвета Богородица на сите ни дава поука дека и ние треба да одиме и да дејствуваме според Законот на Господа (Псал. 118,4). Потребно е нашето срце да го заштитуваме од нечистотии, а душата, пак, да ја украсуваме со добри дела, љубов, молитва и покајание. Треба да знаеме дека идниот живот е само продолжение на сегашниот. Крајот на животот не може да биде во спротивставеност со почетокот на идниот. Каков ќе биде крајот на земниот живот, таков ќе биде и вечниот. Ако биде тоа живот поминат во грев, во негрижа, со испустена душа неисполнета со добри дела, на таквиот човек и почетокот и продолжетокот во вечниот живот ќе му биде ист. Ако, пак, крајот на земниот живот е достоинствен и христијански, тогаш како почетокот, односно тукашниот живот, така и продолжението во вечниот живот ќе биде извор за вечна радост и сладост.

Како што знаеме од Светото предание, Света Богородица пред крајот на нејзиниот овоземен живот го молела Нејзиниот Син, Господа Христа, да ја земе кај Него. Преку Архангелот Гаврил ñ било одговорено дека нејзината молитва е услишана и ñ било донесено гранче од рајот со кое ќе може да ги победува сите лоши духови кои ќе ја пресретнуваат. Пред самиот крај ги собрала и апостолите и им ветила дека таа ќе биде постојано со нив и со сите христијани кои ќе веруваат во Нејзиниот Син и ќе бараат помош од неа.

Да се помолиме на Господа, Он да ни помогне да останеме верни деца  на Небесниот Отец до последното наше земно живеење и чеда на небесната Мајка Богородица. Да се обратиме со посебна молитва кон Пречистата Богородица таа да биде наша молитвеница, помошничка, покровителка и застапничка пред нејзиниот Син и наш Господ и да нè запази од секакви беди и искушенија. Да го испружи нејзиниот свет омофор и да нè покрива со нејзината благодат, та да можеме достојно да го носиме името православни христијани и да нè одведе во прегратките на нејзиниот Син во Царството Небесно. Амин!

   

Митрополит Тимотеј

Успение на Пресвета Богородица
28.08.2011 година, храм „Св. Богородица - Каменско“Охрид

uspen2011

uspen2011 2

uspen2011 4

uspen2011 6

uspen2011 8

uspen2011 10

uspen2011 12

uspen2011 14

uspen2011 16

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1