На 30.09.2011 година го прославуваме споменот на светите мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Овие свети маченички, не само што ги носат имињата на трите најголеми христијански добродетели, туку, полагајќи ги своите животи за Христа, се и вистински пример за секој еден христијанин како треба да се живее според нив. Во нивна чест, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Running | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Верата во Господа Исуса Христа, во нашата Татковина, била проповедана на нашите предци уште од најраните денови на христијанството. Овде во Охрид, имаме цврсти показатели дека христијанството било утврдено благодарение на големиот свештеномаченик Еразмо Охридски, кој проповедал и мисионерел во овие краишта. Оттогаш се поминати 17 века како верата во Христа се размножува и напредува кај месното население. Уште посилни докази имаме во големиот број базилики кои се откриени во Охрид и охридско, а кои со своите прекрасни мозаици потекнуваат од четвртиот и петтиот век. И најпосле, ги имаме и нашите големи просветители и учители, учениците на св. Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, Охридските Чудотворци. Последните, Македонската православна црква ги почитува како свои заштитници, а Охрид - како патрони на градот.

Но, можеме да го поставиме прашањето: Што му донела нашата православна вера на нашиот народ? Пред сè, таа вера му помогнала да го пронајде тој бесценет бисер - Христа. Верата во Господа Исуса Христа подигнала толку многу храмови по целата наша Република Македонија. Исто така, како ретко каде и во која земја, се подигнати  многубројни свети манастири. Во нашите манастири се создала нашата писменост, а таму се создадени и првите училишта. Нашата вера придонела нашите предци да се откажат од многубоштвото и идолопоклонството. Преку целиот овој период нашата вера придонела за зацврстување на просветата, како и за осветување и обожување на човековата душа и срце. Светата вера ги прославила и ги издигнала на небото и многубројните наши светии како Божји угодници од нашиот род, кои се молитвеници пред престолот на Севишниот Бог за нашиот народ и за нашата света Црква. Ретки се градовите како што е Охрид, со толку прославени Божји угодници како што се: св. Еразмо Охридски, св. Климент и св. Наум Охридски, св. Никола Архиепископ Охридски, св. Константин Охридски, св. Теофилакт Охридски и многу други. Сите овие наши претходници и свети угодници се молат за нашиот град, за нашиот народ и ни помагаат во нашиот труд на нивата Божја.

Од светото Евангелие знаеме дека честопати после излекување на разни болни или, пак, проштевање на гревовите нашиот Спасител вели: „Верата твоја те спаси“ (Мт. 9,22). Жив е и сега нашиот Господ „Кој и вчера и денес и утре е ист“ (Евр. 13,8). Жива е и денес и светата вера, која секогаш нè исполнува  со чудотворност и спасителна сила.

Верата го спасува човекот. За тоа ни сведочи светото Евангелие со долгогодишното животно искуство со христијанството. Верата Христова, тоа е окото на христијанинот, тоа е неговото срце, чувство, разум. Верата постои и толку едноставно и доброволно може да се прими како драгоцен дар од небото, како дар од Бога и таа ќе нè просветува и осветува преку целиот наш живот. Верата го озарува нашиот животен пат, ги открива тајните во нашето битие и сè што нè опкружува и што произлегува од нас. „Сè што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете“, вели Господ во Евангелието според Матеј (Мт. 21,22).

Блажен е оној човек кој има вера во Бога и тоа жива и делотворна. „Испитувајте се сами себе дали сте во верата“ (2Кор. 13,5). Жива вера - тоа е таква вера кога првата наша мисла ќе биде подготвена да биде посветена на Бога; првото чувство - желба да се приближиме кон Бога; првото движење на нашата волја - да се искаже готовност за исполнување на волјата Божја. Да се има таква благодат и да се добие чудотворен дар, односно христијанска православна вера - треба да Му заблагодариме, пред сè, на Дародавателот на сите дарови, на милостивиот Господ, што така ја благословил нашата земја, а особено прекрасниот Охрид со толку светии кои се наши молитвеници.

Драги браќа и сестри, плод на таа вера се и денешните свети маченички, св. Софија со нејзините три ќерки Вера, Нада и Љубов.  Овие свети души, како што знаеме, маченички го завршиле нивниот овоземен живот во Рим во 136 година, верно и предано исповедувајќи ја верата во Господа Исуса Христа. Поминати се веќе полни 1875 години откако тие го завршиле животниот пат, но заради нивната вера Бог ги прославил и нивното име се прославува низ целата вселена. И ние денеска, прославувајќи го нивниот спомен да се обратиме со искрена молитва, тие да бидат наши молитвенички, за Бог да ни ја зацврсти нашата православна вера, да ни ја умножи љубовта и надежта во Господа Христа. По молитвите на светите маченички, Бог нека ги услиши нашите молитви и да ни подари сè што е корисно и полезно за нашите души и тела. Амин!  

  

Митрополит Тимотеј

св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
30.09.2011 година, храм „Св. Софија“ Охрид

svsofija2011

svsofija2011 2

svsofija2011 4

svsofija2011 6

svsofija2011 8

svsofija2011 10

svsofija2011 12

svsofija2011 14

svsofija2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1