„Отче, богомудар Нектарие! Од дете си се молел храбро да го износиш Христовиот крст и добро да го изврвиш спасителниот пат на Евангелието, кој води кон небесниот град, себлажени. Таму душите на праведниците Му се радуваат на Христа, Бога, славејќи Го со божествени песнопеења" (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобен Нектариј Битолски).

Running Sneakers Store | Air Jordan

 

Празнувањето на споменот на преподобниот отец наш Нектариј Битолски започна со свечена Вечерна богослужба во капелата „Св. Кирил и Методиј" во манастирот „Св. Наум Охридски" во Охрид. На неа чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, а во чест на именденот на игуменот на манастирот, беше прекршен празничниот колач.

Утредента, на 18.12.2014 година, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Од името на нашиот Митрополит и од името на сета Епархија, му го честитаме именденот на архимандритот Нектариј, со молитва да го прославува уште многу години, а неговото име да биде запишано на небесата. Амин!

svnek2014

svnek2014 2

svnek2014 4

svnek2014 6

svnek2014 8

svnek2014 10

svnek2014 12

svnek2014 14

svnek2014 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1