„Пречистиот храм Спасителов, скапоцената свадбена одаја и Дева, свештената ризница на славата Божја, денес во домот Господов се воведува, со себе и благодатта на Светиот Дух воведувајќи ја; ангелите, пак, Божји пеат: Таа е небесната скинија“ (кондак на Утрена на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица - Пречиста).

 

На 04.12.2020 година, на денот кога го прославуваме празникот Воведение во храмот на Пресветата Богородица - Пречиста, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски  и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best Sneakers | Air Jordan

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска прославуваме еден од дванаесетте големи празници на светата Православна Црква. Поточно, го прославуваме воведувањето на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм. За овој настан немаме никакви сознанија од Светото Писмо. Но, затоа, тој се темели на основа на светото предание. Уште од крајот на IV век постојат беседи за овој празник составени од светите отци. Тоа укажува дека во Ерусалим постоела традиција за прослава на овој настан од животот на Пресвета Богородица. Ние исто така знаеме дека на почетокот на IV век, царицата Елена, мајката на царот Константин, во Ерусалим подигнала храм посветен на Воведение на Пресвета Богородица. Ова укажува дека постоело предание за овој настан кое се сочувало во древноста до овој век. Така, овој настан останал составен дел од преданието кое се пренесувало од Христос и апостолите низ раната историја на Црквата.


И денес во XXI век, ние го прославуваме овој настан кој се случил во далечната древност. Кога света Дева Марија била на тригодишна возраст, нејзините родители Јоаким и Ана ја однеле во Ерусалимскиот храм според редот и поредокот на еврејскиот Закон. Света Дева Марија била пречекана пред влезот на храмот од страна на првосвештеникот и била внесена во најсветиот дел наречен „Светиња над светињите" каде се чувале таблиците со десетте Божји заповеди, садот со мана и расцутениот жезол на Арон. Сето тоа се наоѓало во ковчег кој се нарекувал Ковчег на Заветот. Овие реликвии биле симбол на присуството Божјо во животот на избраниот еврејски народ. Таму само еднаш во годината влегувал првосвештеникот за да принесе жртва за гревовите на луѓето.


Колку е восхитувачко преданието! Тригодишната Марија се искачила по високите скалила на Ерусалимскиот храм! Потоа, првосвештеникот ја дочекал на влезот на храмот, што не било вообичаено, зашто еден духовен водач на избраниот народ не дочекувал поклоници, а уште помалку тригодишно девојче. Уште почудно било тоа – првосвештеникот да ги наруши законите и да ја внесе во „Светињата над светињите". Ние веруваме дека тоа така се случило. Во спротивно, историјата би гледала со сомнеж на овој настан и преданието не би се сочувало две илјади години. Дефинитивно, тоа се случило, а првосвештеникот не дејствувал по своето разбирање и размислување, туку по внушување Божјо, затоа што само Дева Марија била предназначена да постане скинија, жив храм и сместилиште на Синот Божји.


Преку ова допирање од нејзиното тело и нејзината душа, преку Светиот Дух се раѓа Исус Христос – Синот Божји и Синот човечки Кој постанува втор Адам. Првиот Адам погрешил откако бил наговорен од ѓаволот. Ѓаволот го победил човекот кому му внушил да не Го слуша Бога, туку да живее според својот разум и да слуша поинакви совети, односно да ја слуша неговата „мудрост". „Ако ме слушаш мене и моите совети ти ќе постанеш како Бог. Тебе Бог не ти треба. Ќе бидеш многу силен. Ти ќе ги имаш сите знаења". Адам се соблазнил од овие зборови. Навистина, тој не разбрал до крај сѐ што му зборувал ѓаволот преку змијата. Но, тој тргнал по тој пат. Тој посакал да постане како Бог без Бога. Ние знаеме што се случило потоа со Адам, но и со целото човештво после него.


Господ станал нов Адам. Преку Дева Марија Тој влегол во нашата човечка историја. Сите ние сме поколение на Адам. Како што од заразен извор истекува отровна вода, така и за обнова на човекот бил потребен нов Извор од Кој луѓето нема да се заразуваат од гревот. Затоа Господ постанал нов Адам и по големата милот Божја, овој Извор израснал во прегратките на Пресвета Дева Марија. Сѐ што се раѓа од Христа, не по тело, туку по дух, постанува Негов род и преку светата тајна крштение се очистува од нечистотијата и првородниот грев. Но, тој незаразен Извор се јавува низ сите пространства на целиот човечки род и не може да го разруши ниедно поколение на луѓето на кои Христос им е родоначалник. Ние во светата тајна крштение се измиваме од сите нечисти води и од гревот и добиваме благодат од Светиот Дух со Кој се наоружуваме и се спротивставуваме на злото. Постанувајќи народ Божји и ново поколение кое води потекло не од стариот туку од новиот Адам, ние наоѓаме духовна сила да се спротивставиме на злото и на ѓаволските искушенија и да живееме според Законот Божји.


Да се обратиме со молитва кон света Богородица, за таа да биде наша патеводителка и поткрепа за да го изодиме нашиот пат, да го исполниме Законот Божји и да се удостоиме за Царството небесно. Амин.


Воведение на Пресвета Богородица
ман. „Св. Климент и Пантелејмона“ Плаошник, Охрид
04.12.2020 год. 

 

precista2020 1precista2020 2precista2020 3precista2020 4precista2020 5precista2020 6precista2020 7precista2020 8precista2020 9

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31