„Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!“ (тропар на Воведение на Пресвета Богородица).

На 04.12.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Пред започнувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј го произведе Горан Андрееевски во чин чтец. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои речиси без исклучок пристапија кон светиот Путир и се причестија со светите крв и тело Христови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска, нашата света православна Црква со повеќе славословија и песнопенија го прославува Воведувањето на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм. Во една од песните Црквата пее: „Ангелите, гледајќи го влегувањето на Пречистата, се восхитуваа“. Така торжествува нашата света Црква. Оваа радост ја споделува со небесниот свет и затоа и ангелите се восхитуваат. Се поставува прашањето: како треба ние луѓето да постапуваме? Преблагословената и пречистата Дева Марија е избрана меѓу сите луѓе од целиот човечки род. Дотолку повеќе, ова не е само наше восхитување, туку и повик на длабоко размислување за оваа неизмерна голема радост. Припаѓајќи му на човечкиот род, таа со своето совршенство се издигнала и постанала „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“.

Христијанските празници не се само просто споменување на настанот што некогаш се случил и поминал. Секое празнување кое светата Црква го прославува е денешно, за сегашноста и за денешните луѓе. Тој настан секогаш е жив и дејствува и затоа има сила за надградување, а во исто време ја има и спасителната улога. Да се учествува во богослужението на црковните празници, значи да се приклучуваме кон важноста и светоста на споменот што го празнуваме.

Спасението е живот. Тоа дејствие е вечно, постојано се извршува и нè присоединува кон нешто што е големо, важно и вечно. Ете зошто ние денеска не само што се восхитуваме заедно со целиот небесен невидлив свет, не само што се радуваме, туку и го преживуваме овој настан и соучествуваме во него, а преку тоа наше учество се приближуваме кон Богомајката. Како е можно да се доближиме до неа? Како е можно да постанеме учесници во настанот посветен на неа и како е можно да постанеме наследници на благодатните дејства на овој празник? Патот кон тоа е еден и единствен: подражавање и уподобување на Пресветата Дева.
Божјата Мајка во нејзиниот живот има покажано многу примери на добродетели и на највисоко совршенство. Таа  ни остави благодатен пример на верата, љубовта и надежта, на смирението и апсолутната преданост на Бога. Таа ни покажа најголем пример за стоење пред Бога. Воведувањето во храмот Божји, кое денеска го празнуваме, е нејзин излез од светот заради ангелско општење и успокоение во Бога, за подготовка и примање на Богомајчинскиот подвиг заради спасение на светот. Таа се јавува како пример на ангелско посветување, постанувајќи прва монахиња во светот. Таа го осветила монашкиот подвиг со нејзиното стоење пред Бога – подвиг, кој е неопходен за секој монах, но исто така, и за секој вистински христијанин. Колку е тешко кога некој сака навреме да се оттргне од секојдневните суети и да се оттргне од бескорисните чувства и мисли, но и да се оддаде на благодарноста на Бога и да го славословува Севишниот! Во храмот, Преблагословената го славела Господа и создала непорочна хармонија која ја удостоила да го смести Оној Кој е несместлив. Во храмот Божји таа прима сè. Но, да не забораваме дека е важно да се посетува храмот Божји, но уште поважно е да се сочува чисто нашето тело - храмот во кој живее Духот Свети.

Доколку ние имаме желба да се доближиме и да застанеме до Богомајката преку угледување, односно уподобување на неа, тогаш неопходно е заедно со неа и да живееме во храмот, во храмот да се молиме и да се издигнуваме со духот. Храмот Божји не е само дом Божји и дом на молитва. Тој не е само училиште за благочестието и болница, туку тоа е место каде се сретнуваме со Бога, со Божјата Мајка и со небесните жители и еден со друг. И во нашиот храм денеска и сега се моли со нас Божјата Мајка. Таа живее денеска и патува и заштитува и тагува со сите наши страдања и маки, но, истовремено, се радува и со сите наши благодарности и пофалби кон неа и нејзиниот Син. Приснодева Марија во светиот храм ја остварила севкупната нејзина љубов кон Бога и кон човечкиот род. Затоа, драги христијани, да запомниме дека молитвата на Богомајката може многу да ни помогне пред нејзиниот Син и Господ Исус Христос. Да се обратиме со искрена молитва, Пресветата Богородица да нè води по вистинскиот пат, пат кој што води во Царството Небесно и вечниот живот. Амин!   

Митрополит Тимотеј

Воведение на Пресвета Богородица
04.12.2011 година, храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско, Охрид

Prec2011

Prec2011 2

Prec2011 4

Prec2011 6

Prec2011 8

Prec2011 10

Prec2011 12

Prec2011 14

Prec2011 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1