По повод патрониот празник на градот Охрид, св. Климент Охридски, на 08.12.2011 година, беше доделено највисокото општинско признание, Свети Климентовата награда. Годинешен добитник на оваа награда е Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, поради Неговата 30 годишна митрополитска дејност во Светиклиментовиот град. Според зборовите на градоначалникот на град Охрид, Митрополитот Тимотеј ја добива оваа награда поради тоа што со голем елан стана голем градител на нови цркви, иницијатор и реализатор на проекти за реконструкција на постојните цркви и манастири. Во изминатиот период тој остварил околу 200 осветувања на цркви и црковни објекти, а најголемите активности на тој план ги реализирал токму во Охрид. Благодарение на Владиката Тимотеј, се возобнови забранетата традиција на фрлање на крстот во водите на Охридското Езеро, на православниот празнк Богојавление - Водици. Со овој црковно-народен собир, Охрид е еден од најпосетените градови во земјите на православието. Покрај оваа награда, беа доделени уште и три Светиклиментови повелби на професорката Соња Думбалова Делова, универзитетскиот професор д-р Јован Шикоски и на претседателот на Младинскиот совет во Охрид, г-дин Димче Каневче.

latest Running | NIKE HOMME

Митрополитот Тимотеј се заблагодари на ова големо признание со зборовите:  Искажувам благодарност до сите оние кои што предложиле и оние што одлучиле, ова високо одликување да падне во раце на Македонската православна црква, бидејќи јас лично ништо не сум направил, туку сè што сум работел, сум работел во името на Господ, во името на свети Климент и во името на Македонскиот народ.

Од името на свештенството на Дебарско-кичевската епархија и од името на сите верници му честитаме на нашиот Владика и му пееме: На многаја лета

dodnagr2011

dodnagr2011 2

dodnagr2011 4

dodnagr2011 6

dodnagr2011 8

dodnagr2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5